АКТУЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
ЈП за комунална дејност Дебрца ги известува жителите на населените места Оровник и Горенци дека, поради неработниот ден 03.08.2026 година (понеделник), редовно подигање на комуналниот одпад нема да се изврши според вообичаениот распоред. Подигање на одпадот ќе се изврши во Вторник,04.08.2026 година Ви благодариме на разбирањето
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 15-та седница на Советот на општината Дебрца […]
Во селото Годивје успешно заокруживме едно навистина големо и благодетно дело, кое претставува важен чекор кон подобрување на животниот стандард на мештаните. По цели децении чекање и слушање празни ветувања во минатото, конечно го асфалтиравме патот што води до селската црква „Св. Ѓорѓија“, овозможувајќи им на верниците и на сите посетители достоинствен и лесен пристап […]
ЈП за комунална дејност Дебрца ги известува корисниците дека е пуштен во употреба нов систем за електронска наплата на комунални услуги преку веб-страницата на претпријатието. Преку системот за е-наплата, корисниците можат брзо и едноставно да ги платат своите фактури online со внесување на бројот на фактурата и e-mail адреса. Доколку корисникот не го знае бројот […]
Денес во просториите на Општина Дебрца имав чест и огромно задоволство да го пречекам нашиот драг пријател и почесен гостин, г-дин Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија во Перт, Австралија. Оваа средба беше одлична можност да поразговараме за улогата на нашата дијаспора и нејзиниот непроценлив придонес кон татковината. Општина Дебрца има особена почит кон г-дин […]
Денеска имав чест да остварам средба со Амбасадорот на Република Австрија во нашата држава, Н. Е. Мартин Памер. На состанокот разговаравме за зајакнување на соработката помеѓу Општина Дебрца и австриската покраина Тирол. Оваа пријателска покраина веќе има дадено значаен придонес за нашата заедница преку донацијата на возило и опрема за потребите на ДПД Ентузијаст во […]
Почитувани сограѓани, уште едно ветување станува реалност! Денес успешно го завршивме асфалтирањето на сретселото во с. Врбјани. Поставени се вкупно 500м2 асфалт. Овој проект е реализиран исклучиво со средства од сопствениот буџет на општина Дебрца. Со ова уредување значително го олеснуваме секојдневието и обезбедуваме подобри услови за сите жители. Нашата визија е јасна – рамномерен […]
Во Општина Дебрца денес официјално беше извршен прием на нов трактор и дополнителна механизација, набавени во рамки на проектот „Опремување на ЈКП Дебрца“, кој се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа. На приемот присуствуваа градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, и директорот на Центарот за […]
Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“, број 5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 17-а став 2 од Законот за Јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ број 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, […]
Денес нашата Дебрца беше вистински центар на планинскиот велосипедизам! Со огромно задоволство присуствував на „Бабин Срт МТБ авантура“, настан кој ја промовираше нашата прекрасна природа како врвна дестинација за авантуристички и еко-туризам. Наместо очекуваните 100, пречекавме дури 178 велосипедисти од целата држава кои уживаа во возењето по патеката Лактиње – Годивје – Врбјани – Бабин […]
Почитувани сограѓани, споделувам уште една убава вест за нашата Дебрца! Набавивме целосно ново комунално возило. Овој модерен камион од денес му служи на ЈКП „Дебрца“. Го решаваме предизвикот за поефикасно и побрзо собирање на отпадот. Ова е директно исполнување на нашата заложба за нова комунална механизација. Нашите села и природата заслужуваат највисоко ниво на хигиена. […]
Во крајна фаза сме со комплетното уредување на дворот на црквата „Св. Петар и Павел“ во с. Брежани! Со поставувањето на 260 м2 бекатон плочки, просторот околу храмот го добива својот вистински и достоен лик, токму во пресрет на празникот Петровден. Продолжуваме да работиме и да градиме во секое населено место во нашата Дебрца.
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места во општина Дебрца каде се врши подигнување на комунален одпад, Дека комуналниот отпад од 1ви јули ќе се подига од 06:00 часот (наутро). Се замолуваат сите жителите навремено да го одлагаат отпадот и да ја почитуваат утврдената динамика, со цел непречено и ефикасно извршување […]
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 14-та седница на Советот на општината Дебрца Ја […]
Синоќа во Галеријата „Ѓорѓија Целески“ во Белчишта свечено го отворивме 41-то издание на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“. Како најстара ликовна колонија во Македонија, оваа година твориме под моќното мото „Од камен до код – ехо на земјата, глас на иднината“, покажувајќи дека иднината се гради врз темелите на минатото. Во моето обраќање пред присутните, со […]
Иднината ја градиме заедно – со визија, знаење и храброст! Денес во салата на Општина Дебрца имав извонредна средба со младите од иницијативата „За доброто на Дебрца“. Кога младите преземаат одговорност, резултатот не е само дебата, туку јасен план за акција. Заедно со Вахид Мемед и младинскиот лидер Ивана Левеска, ги мапиравме клучните столбови на […]
ДОСТА БЕШЕ ЗБОРУВАЊЕ, СЕГА СЕ ГЛЕДААТ ДЕЛАТА – ОПШТИНАТА ДИРЕКТНО СО НАРОДОТ! По цели две години празни ветувања и мачење на граѓаните да патуваат со километри за еден леб, ставаме крај на изолацијата – со конкретна акција на терен започнавме со комплетно уредување на простор за нов маркет во село Лешани! Доста беше само зборување, […]
Работиме неуморно низ целата општина: Денешниот фокус е на Злести! Денес завршивме уште еден важен дел од нашиот годишен план за асфалтирање. Комплетно е реконструирана главната улица во село Злести, на потегот од сретселото до крстосницата за Белчишта и Лешани. Со оваа инвестиција значително ја подобруваме патната инфраструктура, придонесувајќи за поголема безбедност во сообраќајот и […]
Заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев, го посетивме идниот промотивно-изложбен центар во с. Требеништа, со цел согледување на можностите за негов развој и унапредување. Центарот ќе има значајна улога во презентацијата и промоцијата на богатото […]
Денеска ми претставуваше особена чест и задоволство во работна посета на Општина Дебрца да ги пречекам министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев. На остварената средба разговаравме за огромниот културен и туристички потенцијал што го поседува нашиот регион. […]
Известување до жители на с.Мешеишта Поради предизвикан дефект на главната водоводна цевка од страна на изведувачи при изградба на автопатот, ќе има прекин на водоснабдувањето денес ( 03.06.2026 година) од 16 часот до санирањето на дефектот. ЈП за комунална дејност Дебрца
Дебрца се гради, зборот се исполнува: Нов асфалт до манастирот „Си Свети“ во с. Лешани! Секое враќање во моето родно Лешани буди посебни емоции, но денеска сум особено горд. Мојот пат започна токму од тука, а денешниот ден е доказ дека дадениот збор пред вас не е празна флоскула, туку моја најголема човечка и градоначалничка […]
Се известуваат корисниците кои имаат заостанат долг по основ на комунални услуги потребно е истите да ги подмират во рок од 5 дена од денот на објавување на ова соопштение. Доколку обврките не бидат навремено регулирани, против должниците ќе биде поведена постапка за присилна наплата согласно важечките прописи. Ги повикуваме должниците навремено да ги регулираат […]
Општина Дебрца – горд домаќин на настан кој ги спојува традицијата, верата и младоста! Во прекрасниот и духовен амбиент на манастирот „Св. Недела“ во селото Оровник, синоќа имавме чест да бидеме домаќини на еден навистина исклучителен настан. Се одржа свечена промоција и проекција на филмот „Приказна за една охридска свадба“, како и презентација на проектот […]
Со особена чест и задоволство Ве покануваме да присуствувате на настанот „Светлина на верата“, во чии рамки ќе се одржи и промоција на филмот 🎬 „Приказна за една Охридска свадба“. Настанот има за цел да ја доближи духовната и културната традиција, како и богатото наследство на охридскиот крај преку уметност, музика и филмска приказна. 📅 […]
Почитувани граѓани на Општина Дебрца, континуирано инвестираме во почиста животна средина! Денеска имав чест да го потпишам договорот за реализација на новиот значаен проект за нашата општина. Овој проект го реализираме во успешна соработка со Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој. Станува збор за наменска инвестиција вредна 900.000,00 денари за набавка на […]
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 13-та седница на Советот на општината Дебрца Ја […]
Врз основа на член 19 и член 23 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ број 68/2004, 127/2006, 114/2009, 83/2010, 140/2010, 17/2011, 53/2011, 6/2012, 23/2013, 120/2013, 163/2013, 187/2013, 42/2014, 112/2014, 166/2014, 44/2015, 97/2015, 124/2015, 129/2015, 193/2015, 37/2016, 71/2016, 64/2018, 140/2018, 163/2018, 275/2019, 67/2022, 170/2024, 3/2025, 17/2025 и 101/2025), Одлуката за субвенционирање на линискиот превоз на патници […]
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 12-та седница на Советот на општината Дебрца Ја […]
Известување до населени места Оровник и Горенци за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Понделеник 25.05.2026 година ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Оровник и Горенци дека поради неработниот ден 25.05.2026г Понеделник (државен празник 24 мај “Св Кирил и Методиј” во Недела, неработен ден Понеделник), комуналниот отпад ќе се […]
ПАТОТ ДО „СВ. ДИМИТРИЈА“ ВО ИЗДЕГЛАВЈЕ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ САМО ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ! Она што со децении го слушавте само како најава пред избори од многумина пред нас, конечно излегува од фиоките и станува реалност! Официјално е објавен повикот од Министерството за транспорт и врски за асфалтирање на локалниот пат од село Издеглавје до црква […]
ДОСТА БЕШЕ ЧЕКАЊЕ – СЕ ГРАДИ ПРОТИВПОЖАРНАТА СТАНИЦА ВО ДЕБРЦА! Машините се на терен! Започнавме со уредување на просторот во склоп на општинската зграда во с. Белчишта. На ова место, по цели 30 години празни зборови, конечно ја градиме противпожарната станица за нашето друштво „Ентузијаст“ – Дебрца. За изградба на овој значаен објект, од општинскиот […]
Општина Дебрца ги известува сите заинтересирани земјоделци и сточари дека и оваа година организира посета на традиционалниот Саем во Нови Сад, кој ќе се одржи во периодот од 16 до 21 мај. Со цел да им излезе во пресрет на нашите земјоделци и сточари, Општината организира бесплатен превоз за околу 50 лица, а дополнително ќе […]
Денес пред општинската зграда ги пречекавме „Крстите“ за Св. Атанасиј – славата на нашето Белчишта. Со заедничка молитва и благослов побаравме здравје и бериќет за сите сограѓани. Да си ја чуваме и негуваме традицијата што ни ја оставиле старите. Со верба во Бога, за многу години нека е празникот и за здравје во секој дом!
Дебрца се менува! За мене нема пауза кога станува збор за потребите на моите сограѓани. Сакам да бидам таму каде што се вашите проблеми, предлози и идеи. Започнуваме од оваа сабота! Ве поканувам на директен разговор, „лице в лице“ во мојот кабинет. Мојата цел е јасна: никој во Дебрца не смее да биде заборавен, игнориран […]
Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Иван Стрезоски – Претседател на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-369/1 од 16.03.2026 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно Правилнникот за доделување стипендии на редовни студенти на запишани […]
Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Иван Стрезоски – Претседател на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-369/1 од 16.03.2026 година, изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно Правилнникот за доделување стипендии на одлични ученици од општина […]
Врз основа на член 3, 4, 24, 25, 26, 27, 28, 29, 36, 37, 38, 39 и 67 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на РМ“ број 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18, 101/19, 275/19, 122/21 и 193/25), Одлука за спроведување на […]
Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2026 година, број 01-646/1, од 08.05.2026 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година ( „Службен гласник на […]
После цели 25 години, конечно го уредуваме споменикот во с. Белчишта! 5 дена активна работа со механизација на терен. Целосно расчистен патниот правец до самото спомен-обележје. Просторот е уреден и достоинствен, како што доликува на нашата историја. Овој споменик е дело на големиот Јордан Грабулоски (1958 год). Посветен е на храбрите бригади и народот на […]
Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферска непогода – пролетен мраз, која ја зафати територијата на општината на ден 02.05.2026 година, да ја пријават штетата на своите земјоделски култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца. Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може […]
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН. Aкција се одржа во Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Белчишта, Административната зграда на Општина Дебрца и изложбениот центар на Белчишко Блато, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот […]
Се известуваат граѓаните дека патниот правец на релација с.Мешеишта – с.Волино и обратно, привремено ќе биде затворен за сообраќај поради поставување на електричен кабел и изведување на градежни работи. Затворањето ќе се изврши на 07.05.2026 година се до завршување на работите, во временски интервал од 9:00 часот до 17:00 часот Се замолуваат сите учесници во […]
Книга за секое дете, сталак за секоја нота – ја градиме иднината преку знаење и уметност во Општина Дебарца. Денес присуствував на значајна донаторска акција во Основното училиште во с. Белчишта, каде што под еден покрив се споија литературата, музиката и образованието. Во духот на соработка, СОС Балкан Медија Охрид и д-р Лили Бошевска донираа […]
Денес во месноста Српница оддадовме почит и положивме цвеќе во спомен на паднатите борци и невини жртви од трагичните настани. Со длабока почит се поклонивме пред нивната жртва – жртва вградена во темелите на нашата слобода и нашата државност. Српница засекогаш ќе остане симбол на непокорот, храброста и достоинството на Дебрца. Настанот беше достоинствено одбележан […]
25 години од Вејце – 25 години сеќавање, почит и обврска да не заборавиме. Денеска во с. Слатино, со длабока почит им се поклонивме на загинатите бранители од 2001 година, меѓу кои и Игор Костески од с. Слатино – млад човек кој својот живот го положи за Македонија. Со особено чувство на гордост и одговорност, […]
Се известуваат жителите на село Требеништа, Волино и Мешеишта и сите учесници во сообраќајот дека поради воспоставување на автопатско решение прилазите, односно влезовите и излезите од селата кои се приклучуваат на автопатот Охрид–Кичево,почнуваќи од 29.04.2026 година се затвораат за сообраќај. Се замолуваат жителите и сите возачи, за пристап до селата да го користат алернативниот пат […]
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 11-та седница на Советот на општината Дебрца Ја […]
Известување до населени места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Петок 01.05.2026 година ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан дека поради неработниот ден 01.05.2026г Петок (државен празник 1ви Мај – Ден на трудот), комуналниот отпад […]
Се известуваат граѓаните дека патниот правец на релација с.Мешеишта – с.Волино и обратно, привремено ќе биде затворен за сообраќај поради поставување на електричен кабел и изведување на градежни работи. Затворањето ќе важи во периодот од 24.04.2026 година во деновите кои следат се до завршување на работите, во временски интервал од 8:00 часот до 17:00 часот […]
