КОМУНАЛНА ИНФРАСТУКТУРА
Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беа доделени решенија за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, на 34 општини од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Решенијата им беа врачени на претставниците на општините од страна на министерот Љупчо Николовски, државниот секретар Реџаил Исмаили, директорот […]
Денес во просториите на Бирото за регионален развој во Скопје, преставувано од директорот Рамиз Реџепи и градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески го потпишаа договорот за реализација на проектот. По поднесена апликација од општина Дебрца до Бирото за регионален развој , од Програмата за развој на села за 2022 година одобрени се средства за проектот […]
Денес во општина Дебрца се одржа јавна дебата со заинтересирани граѓани за под-проектот: “Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца, а кој ќе се финансира преку Министерството за финансии, со под-заем и грант , во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот […]
Последните денови од годината вообичаено се прави ретроспектива на тоа што сме оствариле во годината што изминува. Наша констатација е дека голем дел од планираните проекти успешно ги реализиравме. Дел од проектите останаа незавршени поради се уште присутната ковид криза и фактот што во последниот квартал од годината беше изборната кампања и локалните избори. Преглед […]
На денешната 3-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 10 гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2022 година и Годишните развојни програми на општината за 2022 година. .На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во […]
Во село Лактиње работиме на реконструкција на кровот на селскиот дом. Вкупната вредност на работите изнесува 549.750 денари без ддв, а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2021 година. Според динаминката работата треба да заврши кај средината на месец Август. Градиме по План-от
Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Дебрца аплицираше со проект за Реконструкција на локален пат с.Злести до с.Белчишта, Oпштина Дебрца и тоа Делница 1 KM 0+000 до KM 0+720.12 и Делница 2 KM 0+000 DO KM 1+401.22. […]
Советот на општина Дебрца денес ја одржа 47-ма редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните. На оваа седница Советот ги усвои Извештаите за работа на Центарот на Југозападниот плански регион во 2020 година. Во текот на 2020 година преку Центарот на Југозападниот плански регион […]
На локалитетот Белчишко блатот и неговата околина изградена е набљудувачница за птици, видиковци за одмор и информативни знаци. Изградената екотуристичка инфраструктура на која работеше Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ од Охрид, ќе биде предадена во трајна сопственост на општина Дебрца, за да може да ја користи за развој на екотуризам, набљудување див свет […]
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта ”, кој се реализира од Министерството за транспорт и врски, со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проектот: “Реконструкција на патниот правец село Злести-село Белчишта ( врска со регионален пат ) и изградба на обиколница […]
Во изминатиот период за првпат по долгогодишен одложување, со механизацијата на Општина Дебрца и ЈКП извршивме пробивање и чистење на речното корито на т.н. “Средна Река” село Белчишта до вливот во Матицата на Белчишкото Блато. Денес финиширавме со чистење на речното корито во центарот на селото. Општина Дебрца и натаму останува посветена во реализација на […]
Крајот на годината е период кога вообичаено се прави ретроспектива на тоа што сме исполниле и што не сме исполниле од ветеното. Зад нас останува една многу тешка година, година која ја одбележа светската здравствена криза, предизвикана од ковид 19 вирусот, со сите последици што истата ги донесе ( здравствени, економско-финансиски, социјални ). На локален […]
Во Општина Дебрца, Директорот на АЕРСМ, г-дин Нехри Емрула ги предаде првите решенија за регистрација на фотоволтаични соларни системи кој се реализира преку Министерството за финансии со грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општинските услугите (МСИП) […]
Денес градоначалникот Ногачески го посети градилиштето во село Издеглавје,каде се гради резервоар за водоснабдување на селата Издеглавје и Слатински Чифлик. Градежните работи се одвиваат според План-от Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку проектот “Водоснабдување и одведување на отпадни води” , финансиран […]
Кризата предизвикана од Ковид 19 вирусот го отежнува нашето секојдневие и тековните активности на локалната самоуправа. И во такви околности, со несмален интензитет продолживме со реализација на капиталните инвестиции во повеќе проекти од локалната инфраструктура и тоа : Завршена е реконструкцијата на патниот правец за село Арбиново, врска со Автопат А2 и патен правец за […]
Континуирано ги помагаме активностите на црковните одбори . Во оваа прилика ќе потенцирам неколку такви активности кои со општинската механизација или на друг начин сме ги помогнале од почетокот на оваа година : ✅изградбата на црквата “Св.Јован”, во село Белчишта, ✅осветлување на црквата “Св.Василије”, село Белчишта, ✅чистење на дворното место во црквата “Св.Никола”, село Велмеј, […]
Официјално започнавме со реализацијата на уште еден значаен инфраструктурен проект, со што исполнуваме уште едно дадено ветување -изградба на резервоар за водоснабдување на село Издеглавје и село Слатински Чифлик. Проект кој дваесет години наназад беше само неисполнето ветување‼️ Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт […]
Нашата заложба е да се обезбеди подобар пристап до земјоделските површини. За таа цел, во изминатиов период, го тампониравме полскиот пат село Издеглавје-село Слатински Чифлик, во должина од 1400 метри, во село Волино- извршивме машинско пробивање, чистење и порамнување на полски патишта : -местност “Аџица”, делница: од пат за село Ливада до пат за село […]
По селата во средна Дебрца, деновиве кантите за собирање отпад кои општината ги обезбеди преку грант во рамките на Проектот ‘Унапредување на општинското владеење’, финансиран од Европската Унија, спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), се распределени и во селата од Горна Дебрца ( Врбјани, Годивје, Лактиње, Арбиново ). Истите врз […]
По повеќекратните барања од советот и градоначалникот на општината до Јавното претпријатие за државни патишта даден е налог за изведба на банкините на Регионалниот пат Р29273 Ботун-Брежани-Железнец, активност која некој “заборавил” да ја изведе при рехабилитацијата на регионалниот пат во 2017 година, со што граѓаните со години се соочуваа со отежнато одвивање на сообраќајот и […]
Денес на граничниот премин кај Свети Наум се одржа свечен настан, на кој и официјално беше означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија. Проектот ќе се имплементира во наредните три години, а партнери се: ОО Црвен Крст Охрид, […]
Утре (12/02/20 г) на граничниот премин „Свети Наум“ официјално ќе биде означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку програмата за прекугранична соработка со Р. Албанија. На настанот предвидено е свое обраќање ќе имаат Г-дин Сашо Точков, Претседателот на Црвен крст Охрид, Г-дин Горан Милевски, Министер за […]
Општина Дебрца доби над 676.000 евра средства за подoбрување локалната патна инфраструктура од владиониот проект за поврзување на локалните патишта. „Средствата се обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, а ќе се користат за рехабилитација, реконструкција и надградба на локални патишта и улици, односно за подобрување на општинската патна инфраструктура. Ние […]
Денес во Охрид градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваше на пригодната свеченост, со која беше означен почетокот на работните активности за санација на Колекторскиот систем на Охридското Езеро. Со санацијата на Колекторскиот систем се исполнува една од најважните препораки на Комитетот за заштита на светско културно и природно наследство на УНЕСКО и претставува значаен чекор во заложбите […]
Република Северна Македонија Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP) MSIP-SH–MUN-DEB-01-19 Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година. Република Северна […]
Денес градоначалникот Зоран Ногачески и проектниот координатор на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016″ Охрид, Ѓоко Зороски потпишаа договорот за донација, со кој на општина Дебрца на трајно владение и се предадени туристичка инфраструктура и промотивни материјали за Белчишкото Блато “Сини Вирој” и тоа : -објект: “Набљудувачница”, поставен во м.в. “Ветерник”, -два објекти: “Видиковец” […]
Изминативе неколку недели па се до крајот на 2019 година, се реализираат неколку клучни градежни поректи. Официјално започнавме со реализацијата на уште еден значаен инфраструктурен проект, со што исполнуваме уште едно дадено ветување -изградба на доводен цевковод за водоснабдување на селото Слатински Чифлик, единственото село во Дебрца кое нема водоснабдителен систем. Проектот предвидува изградба на […]
По минатогодишното хортикултурно уредување на дворното место во училиштето, Оровник ќе добие уште еден уреден простор, околу јарболот со македонското државно знаме. Отпочнати се работите за уредување на овој простор. Со проектот се предвидува преуредување на постоечката бекатон патека, изградба на нова бекатон патека, во должина од 109 метри, изградба на бекатон платформа за детско […]
Наша основна определба беше и е да се фокусираме на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во општината и во тој контекст со средства од Буџетот на државата, ЕУ фондовите, буџетот на општината и други расположливи извори да инвестираме во капитални инфраструктурни проекти. Во оваа прилика ќе потенцирам повеќе инфраструктурни проекти кои ќе ги […]
Република Северна Македонија Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP) MSIP-SH-MUN-DEB-01-19 1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година. Република Северна Македонија […]
Потпишан договор за финансирање на центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2019 година
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалниците на Југозападниот плански регион денеска во Струга потпишаа договор за финансирање на центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2019 година. Со овој договор, како што истакна ресорниот министер, ќе се утврдат активностите на центарот и ќе финансираат активности од 1,2 милиони денари за реализација на […]
Во пресрет на празникот Илинден, екипите на општина Дебрца извршија санација на патот село Брежани црква Св. Илија, Илинска Планина.
Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните отпочнавме со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”. Проектот опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода […]
Денес градоначалникот Ногачески заедно со Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи потпишаа два договори со кои општина Дебрца обезбеди средства за изградба на водоводна мрежа за Сл. Чифлик од Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби и за уредување на улица во село Оровник, од Програмата за развој на села. Со […]
Денес градоначалникот Зоран Ногачески заедно со Шефот на Делегацијата на Европската Унија, евроамбасадорот Самуел Жбогар, амбасадорката на Програмата за развој на Обединетите Нации ( УНДП ), Нарине Сахакјан и Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Трајан Димковски присуствуваа на промоција на проектот “Санација на браната на Слатинско Езеро”, финансиран од ЕУ, а имплементиран од УНДП. За […]
Затоа оваа година, согласно Годишната програма за изградба и реконструкција на општински патишта и улици нашите активности ќе бидат насочени кон селата, кои некој пред нас со години ги заборавил и тоа : -изградба-асфалтирање на две улици во село Врбјани,350 метри, -изградба-асфалтирање на две улици во село Годивје, 450 метри -изградба-асфалтирање на две улици во […]
Во рамките на патната инфраструктура, ќе се реализираат два проекти кои со години беа заборавени, а за кои конечно се обезбедени средства за нивна реализација : 1.Реконструкција на општински пат за село Арбиново ( врска со М4 и општински пат за село Лактиње ), во должина од околу 1,2 км и 2.Доизградба на меѓуопштинска патна […]
Денес градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваше на презентацијата за проектот: “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и Кабинетот на заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка ( СДЦ ). Во рамките на проектот има грантови шеми за инвестициски […]
Во тек се градежните работи за партерно уредување на дворното место пред амбулантата, во центарот во село Велмеј. Се уредува просторот каде секоја година се оддржува манифестацијата по повод верскиот празник Василица. Вкупната вредност на работите изнесува 897.000 денари без ДДВ, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2019 година. Во оваа фаза, […]
Започнавме со реализација на уште еден капитален проект во општина Дебрца. Се работи за реконструкција на две улици во село Мешеишта, во должина од 998 метри. Со проектот се планира машинско стругање и машински ископ на постојната асфалтна површина, тампонирање, асфалтирање, уредување на дел од банкините со бекатон плочки-тротоари, решавање на проблемот со одводнувањето долж […]
Минатиот месец работевме на подобрување на патната инфраструктура во општината и успешно ја извршивме Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2018 година,донесена од советот на општината. Согласно Програмата асфалтиравме и реконструиравме улици во повеќе села во општината и тоа: -село Белчишта, дел од улица […]
Деновиве интензивно работиме на пробивање на патот од Требенишкото Езеро до археолошкиот локалитет “Требенишкото Кале”. Патот со години не е прочистен и e обраснат со густа вегетација. Првенствено го пробивме патот до новоизградената црква “Света Петка”, во должина од 600 метри. До понеделник ќе ги допробиеме и другите околу 1,5 км од патот и ќе […]
Врз основа на член 35 став 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 13 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016 и 163/2016), Општина Дебрца, го дава следното: С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат граѓаните, правните лица […]
Врз основа на член 35 став 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7 и 13 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016 и 163/2016), Општина Дебрца, го дава следното: С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат граѓаните, правните лица […]
Изминаа 100 дена од денот кога ја презедов градоначалничката функција и вообичаена практика е да се даде првична оценка. Еве, да сумирам од мој агол. Со оглед на периодот во кој е преземена функцијата можеби некој ќе рече нема некои големи нешта, ама сепак ќе набројам многу мали нешта и реализирани ветувања, кои полека, но […]