НАСТАНИ
По вчерашното пуштање во употреба на дел од Автопатот Кичево-Охрид,делницата Врбјани-Ботун,по нивно барање денес Градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со група граѓани од населените места Песочани, Ново Село и Црвена Вода,кои истакнаа дека се засегнати со пуштањето на делницата,бидејќи поради неизграденоста на пристапните патишта им е оневозможена или отежната врската на нивните села,односно живеалишта со […]
Во моментов најзначајниот спортски настан во општина Дебрца е турнирот во мал фудбал “Петровден 2025”, во село Мешеишта,неговото јубилејно 50 то издание. Општина Дебрца и оваа година како генерален покровител ја помогна оваа спортска манифестација со 80.000 денари. Согласно Годишната програма за спорт се и ќе бидат поддржани и други спортски манифестации во текот на […]
Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески изврши прием на најдобрите ученици, односно првенецот на генерација Анастасија Тупанческа и учениците на генерација Рената Јолакоска и Стефани Николоска за учебните 2021-2025 година од ООУ “Дебрца” Белчишта. Честитајќи им го постигнатиот успех и им посака успех и во средното и натамошното образование. На најдобрите ученици им додели пригодни […]
Со одигрувањето на финалниот натпревар помеѓу екипите на АСП ПАК и ФК САТЕСКА синоќа заврши Вториот турнир во мал фудбал “Св.Никола 2025” Требеништа. Во извонредна атмосфера и драматичен натпревар турнирот го освои екипата на ФК Сатеска. Честитки за победникот,сите учесници и организаторот. Општина Дебрца покрај постојните доби уште една прекрасна спортска манифестација. Општина Дебрца и […]
21 Мај се одбележува денот на Natura 2000, во чест на воспоставувањето на првите НАТУРА 2000 подрачја во 1992 година, кога ЕУ ја донесе Директивата за живеалишта (Habitats Directive). Македонија, има започнат процес на хармонизација со европското законодавство и во тие рамки се идентификувани значајни подрачја кои ќе бидат дел од идната НАТУРА 2000. За […]
Во изминатите два дена 39 земјоделци и граѓани од општина Дебрца, меѓу кои и градоначалникот на општината по четврти пат беа во организирана посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2025”, најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. Општина Дебрца ги покри трошоците за автобускиот превоз […]
Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија. На […]
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН. Aкција се одржа на повеќе локации, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца”, пристапија на чистење на повеќе локации во општината. Собраниот одпад е соодветно складиран […]
Граѓаните на Дебрца се посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година. Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец”,во Белчишта е најдобриот паметник за тоа. Победата од 1945 година е победа на антифашизмот и победа на човештвото. Наша должност е да ја пренесеме оваа вистина […]
Општина Дебрца, ЈКП Дебрца и ООУ Дебрца се приклучуваат кон акцијата за собирање и чистење на одпад Во организација на “ МЕН ЕНД МАУНТЕН”, на 09.05.2025 година каде е предвидено акцијата да започне на пет локации и тоа: Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Белчишта, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Лешани, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Оровник, Училишниот двор […]
Општина Дебрца организира дводневна посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2025”, Република Србија, кој ќе се одржи од 17-22 Мај 2025 година. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското […]
„Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња ‘ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв, без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака!?“ Тоа беа последните зборови напишани од водникот Игор Костески во неговиот нотес кои го носел […]
Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја одржаа Четвртата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Rupicapra MTB Adventure team се вози од село Лактиње до Славеј Планина. Градоначалникот Зоран Ногачески Поздравувајќи ги учесниците на планинска велосипедска тура, посебно истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени […]
Во недела,турата ќе ја возиме во малку скратена верзија Село Лактиње-Врв Славеј,кај споменикот и назад по исиот пат. Вкупна должина е 36км со 1000м елевација.Патот е сув и е супер за возење,само на самиот врв вчера имаше 3см снег и се топеше. Нема потреба да ризикуваме кружно да ја возиме турата затоа што од другата […]
Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2025 година, број 01-382/1, од 14.03.2025 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година ( „Службен гласник на […]
Имавме чест да ги пречекаме заменик амбасадорот Јан Аксел Фос и претставници на Амбасадата на СР Германија кои ја посетија општина Дебрца во рамки на завршната контрола и примопредавањето на проектот „Патеки на откривање“, финансиран од амбасадата преку програмата Мали проекти. Проектот ,,Патеки на откривање” е имплементиран од страна на здружението за планински велосипедизам Рупикапра […]
Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/02) и Правилникот за доделување стипендии на одлични ученици од општина Дебрца запишани на јавните и приватните средни училишта во Република С.Македонија ,број 01-401/1 од 18.03.2025 година, Градоначалникот на општина Дебрца, објавува : КОНКУРС за доделување […]
Општина Дебрца во соработка со Rupicapra MTB Adventure team започна со подготовка за одржување на Вело настан на падините на Славеј Планина на 13-Април 2025 година со почеток во 10:00 часот старт село Лактиње, љубителите на велосипедизмот и планините ќе имаат можност да ја разгледаат убавината на Славеј Планина и селата во нејзините падини. Настанот […]
Денес присуствував на свеченоста по повод одбележувањето на јубилејот 80 години Црвен Крст на Македонија и ОО Црвен крст Охрид. На свеченоста од страна на Претседателот на Црвениот Крст Ромел Велев,во име на општина Дебрца ја примив јубилејната плакета за долгогодишната соработка и остварување на целите на Црвениот крст . Во моето пригодно обраќање посебно […]
По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021 до 31.12.2024 година Реконструкција ( замена на метални цевки со нови полиетиленски фи 300 ) на дел од водоснабдителен систем “Св.Еразмо”, во должина 180 метри, вредност 3.782.826 денари. ОРОВНИК Реконструкција и […]
Почитувани сограѓани, Сакам најтопло да Ви ја честитам Новата година со најискрени желби. Посакувам во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж . Заедно да придонесеме во исполнувањето на новите предизвици, да изградиме пат кон напредокот на нашата заедница и сите заедно да продолжиме да ја градиме нашата и иднината […]
На 41-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2025 година и Годишните развојни програми на општината за 2025 година. На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во […]
Општина Дебрца и Јавнотo претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца, успешно ја спроведоа активноста под наслов „Пакетче за секое дете“. Во сите училишта на територијата на Општина Дебрца, учениците добија пакетчиња, кои им беа поделени како подароци во пресрет на Новата 2025 година. Вкупно 180 деца беа вклучени во оваа активност, а пакетчињата се поделени […]
Екипата на ЖФК Билјанини извори и оваа година учествуваше на меѓународниот турнир на пријателство во женски фудбал, во градот Плевља, Црна Гора. Општина Дебрца редовно ги поддржува младите фудбалерки и оваа година го обезбедивме превозот на екипата до Црна Гора. Особено не радува моментот од сликите на кои младите фудбалерки покрај македонското знаме во Плевља […]
Во текот на Вчерашниот ден во посета на Општина Дебрца беа учесниците во Еразмус проектот наречен Fast Forward, каде што особен акцент се става на целите на одржливоста и климатските промени. Учесниците беа од повеќе земји како: Македонија, Албанија,Косово, Босна и Шпанија. Учеснците беа во посета на Белчишкото блато (Сини Вирој), Општина Дебрца и Изложбениот […]
На Вчерашната седница на советот на општина Дебрца беа усвоени дополнувањата на Правилникот за доделување на еднократна парична помош, со што се создаде можност на предлог на Комисијата за финансирање и буџет градоначалникот на општината да донесе решение за доделување на еднократна парична помош, во износ од 30.000 денари, за лекувањето на малата Теодора Петреска. […]
Почитувани, Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓаните и граѓанските организации во општина Дебрца на 19ти ноември 2024 година со почеток во 11:00 часот, во просториите на Општина Дебрца. Оваа средба, која што е дел од Мобилниот ресурсен центар, планирано е да трае околу 1 час. Целта […]
Со полагање свежо цвеќе, историски час и посета на Спомен собата, денес во село Сливово се одбележа 81 година од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада , на 11 Ноември 1943 година. Градоначалникот Зоран Ногачески во своето обраќање пред присутните истакна. Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ,олицетворени преку историските одлуки на […]
Денес во село Белчишта свечено беше отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка. Изложбениот центар е дел од проектот “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во прекуграничната област”,conse-pp, проект кој општина Дебрца го имплементираше со своите партнери од Македонија и Грција,со средства обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција и […]
Општина Дебрца и Екотуризам 2016 Охрид работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да Ви го испрезентираме сработеното. По тој повод, Ве покануваме на свечено отворање на Изложбениот центар за Белчишко Блато. Отворањето ќе се одржи на 17.10.2024 г. (четврток) во […]
Општина Дебрца и Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам 2016” активно работи на опремување на Изложбениот центар за еко туризам – Центар на Белчишкото Блато/Сини Вирој со седиште во село Белчишта . Наскоро се очекува вратите на центарот да бидат отворени за сите посетители кои ќе го почуствуваат спојот на природата и минатото на територија […]
Денес во историското Црвена Вода, Славна Дебрца,со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето, историски час, посета на Спомен собата на ГШ на НОВ и ПОМ и посета на Спомен собата од НОБ во село Белчишта се одбележаа 81 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври […]
Со проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија деновиве се изврши мапирање на велосипедски патеки во Општина Дебрца, со кој се овозможува на љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во […]
Градоначаникот Зоран Ногачески денес беше гостин на пензионерите, на “4 та пензионерска средба Дебрца 2024”,која се одржа во манастирот “Св.Петка”,Оровник,во организација на Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца. Општина Дебрца ја помогна организацијата на средбата,а преку своите годишни програми редовно ги помагаме тековните активности на Здружението.
Пред почетокот на новата учебна 2024/2025 година денес се приреди свечен прием за 18 те првачиња од ООУ “Дебрца”. Градоначалникот Зоран Ногачески Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им додели училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари. Пред […]
Вчера во посетта на општина Дебрца гостин беше Г дин Пали Колефски,градоначалник на Општина Пустец (Албанија). Во рамки на средбата е разговарано за актуелната состојба во двете локални самоуправи, како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваме како единици на локалната самоуправа. Притоа, се разменија позитивни искуства во остварувањето на надлежностите, во насока на […]
Во текот на Вчерашниот ден градоначалникот на Општина Дебрца ги прими учесниците на шестото издание на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“,кој е во организација на Друштвото за литература и култура „Мацково. Од страна на организаторот и учесниците е информиран дека годинава, како плод на воспоставената прекугранична соработка со Организацијата за литературно и културно […]
Најзначајната спортска манифестација која во моментов се оддржува во општина Дебрца е 26 то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2024” Волино. Општина Дебрца и оваа година е генерален покровител на турнирот и истиот го помогна со 60.000 денари. Општината ги помогна и следните спортски манифестации: Турнир “Св.Никола” Требеништа, со 60.000 денари Турнир […]
Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“ (Прв баталјон на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ) — прва регуларна воена единицица на НОВ и ПОМ. Бил формиран на Славеј Планина на 18 Август 1943 година од околу 200 борци од Преспанско-битолскиот НОПО,, Дамјан Груев”, делови од Велешкиот НОПО ,,Димитар Влахов”, делови од Прилепскиот НОПО ,, Ѓорче Петров” и новопристигнати борци од Дебрца. На почетокот на месец септември 1943 година […]
Денес во општина Дебрца се оствари средба на Градоначалникот Зоран Ногачески со Г- дин Зоран Ќосески,почесен конзул на Македонија во Перт,Австралија. Г динот Ќосески на повеќе пати организира македонски бизнисмени во Австралија,преку кои се даваат донации за општината,особено за учениците од ,,ООУ Дебрца”. Конзулот потсети и на можноста да се користат и некои мали грантови […]
Во село Злести, со пригодна свеченост, во организација на гостопримливите злестовци,со ревијален натпревар и сечење на лента се пушти во употреба новиот мултифункционален спортски полигон,изграден во центарот на селото на местото од руината на дел од селскиот дом. Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој […]
Во чест на празникот Илинден во село Лактиње, претставници на Општина Дебрца, членови на советот на општина Дебрца како и претставници на Месната заедница, политички партии и граѓани положија цвеќе и се поклонија пред Спомен обележјата од Илинденското востание и од НОБ. Нека ни е честит празникот!
Денес во село Сливово во престерет на чествување на големиот Христијански празник посветен на св.Илија и чествување на Востанието на македонскиот народ 2-ри Август 1903 – Илинденско востание, се одржа настан на формирање на илинденска коњаница која почнуваќи од село Сливово преку село Песочани и падините на планината Славеј ќе се упатат кон село Ташмаруништа. […]
Учесниците на 39 то издание на Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца 2024” остварија средба со градоначалникот на општина Дебрца И во оваа пригода го истакна значењето на овој културен настан за општината и изрази задоволство што делото кое пред четириесетина година го започнаа основоположникот на Ликовната колонија Ѓорѓија Целески и неговите современици денес продолжува да се […]
Денес во ООУ „Дебрца“ се одржа свечено деделување на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование. Градоначалникот Зоран Ногачески На сите полуматуранти им го честита завршувањето на основното образование и им посака многу успех во понатамошното образование. На настанот, на ученикот Мартина Цветаноска во име на општина Дебрца, и додели плакета за […]
Денес, на Светскиот ден на биолошката разновидност, во Општина Дебрца беше одбележан 22 мај – Меѓународниот ден на биолошката разновидност . Настанот беше во организација на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016”, во кој заедно со вработени во Општина Дебрца и локални жители реализираа низа активности. Притоа беше изведено теренско набљудување и регистрирање видови […]
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН. Aкција се одржа во Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Мешеишта, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата на Општина Дебрца заеднички […]
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата во село Слатино се одбележаа 23 години од загинувањето на водникот Игор Костески, припадник на специјалната единица на АРМ “Волци” и уште седумте негови соборци,припадници на одбранбените сили на Република Македонија, на ден 28 Април 2001 година,кај тетовското село Вејце. Обраќање за […]
Денес се одбележува 3 Април: Светскиот ден на водните животни, Белчишко Блато е дом на 85 видови птици, или една третина од вкупниот број видови во земјава, 224 растителни видови, како и 33 видови цицачи или 37 отсто од вкупниот број во земјата, меѓу кои и видрата како и голем број на водни животни. Белчишко […]