МЛАДИ И СПОРТ
Вложувањето во спортската инфраструктура е еден од нашите врвни приоритети. Ние се водиме од девизата дека спортот не е и не смее да биде привилегија само на одбраните, или само на големите и урбани центри. Напротив, тој мора да биде достапен секому и секаде подеднакво. Извршивме санација на балон спортската сала во село Требеништа. Општина […]
Крајот на годината е период кога вообичаено се прави ретроспектива на тоа што сме исполниле и што не сме исполниле од ветеното. Зад нас останува една многу тешка година, година која ја одбележа светската здравствена криза, предизвикана од ковид 19 вирусот, со сите последици што истата ги донесе ( здравствени, економско-финансиски, социјални ). На локален […]
Први Септември е ден кој е почеток на новата учебна година и секако најрадосниот ден за најмладите ученици, првачињата, кои за првпат седнуваат во училишните клупи. За жал, оваа година поради новонастанатата состојба со светската пандемија предизвикана од Ковид 19 вирусот, наставната година не започнува денес. И покрај тоа во ОУ “Дебрца” го одбележавме почетокот […]
Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2020 година, број 01-1086/1, од 17.06.2020 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2020 година ( „Службен гласник на […]
“Живеј здраво – вози точак” Воведуваме нова мерка – поддршка на рекреативниот спорт со доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година. Секој граѓанин кој ќе купи нов велосипед ќе добие поединечна субвенција, во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари. Условите, начинот и […]
Денес на граничниот премин кај Свети Наум се одржа свечен настан, на кој и официјално беше означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија. Проектот ќе се имплементира во наредните три години, а партнери се: ОО Црвен Крст Охрид, […]
Утре (12/02/20 г) на граничниот премин „Свети Наум“ официјално ќе биде означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку програмата за прекугранична соработка со Р. Албанија. На настанот предвидено е свое обраќање ќе имаат Г-дин Сашо Точков, Претседателот на Црвен крст Охрид, Г-дин Горан Милевски, Министер за […]
Вчера градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески ги прими учениците и наставниците од О.У.Дебрца кои реализираа посета во Бургос, Шпанија во рамките на проект од Еразмус + програмата. Моите гости ме информираа за импресиите кои ги носат од посетата на Шпанија, а јас им ветив дека и во наредната година ќе ги поддржуваме сите активности […]
Потребните документи можете да ги спуштите на следниот ЛИНК
Потребните документи можете да ги спуштите на следниот ЛИНК
Врз основа на договорот кој општина Дебрца го склучи со Јавното претпријатие за државни патишта на општината и се отстапени на располагање околу 300 метри кубни огревно дрво, кое се наоѓа покрај делницата на Автопатот А2 во изградба. Општината има обврска да изврши сечење, дотур и транспорт на донираното огревно дрво. Со работна сила од […]
Вложувањето во образованието е градење на скапоцен потенцијал и инвестиција во иднината на општината и државата. Тргнувајќи од таа цел, од почетокот на мандатот моја заложба е да го подобриме квалитетот во образованието, како и условите за работа. Продолжуваме да инвестираме во образованието и во оваа прилика Ве информирамe за Проектот- “Реконструкција на училишната зграда […]
Од денес продолживме со мерката- ужинка за секој ученик во основното училиште, која за првпат ја воведовме минатата учебна година. Секој ученик ќе добива ужинка во текот на учебната година. Средствата за ужинката се обезбедени во буџетот на општина Дебрца. Со оваа мерка сакаме малку да го растеретиме семејниот буџет на родителите, а повеќе да […]
По минатогодишното хортикултурно уредување на дворното место во училиштето, Оровник ќе добие уште еден уреден простор, околу јарболот со македонското државно знаме. Отпочнати се работите за уредување на овој простор. Со проектот се предвидува преуредување на постоечката бекатон патека, изградба на нова бекатон патека, во должина од 109 метри, изградба на бекатон платформа за детско […]
Наша основна определба беше и е да се фокусираме на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во општината и во тој контекст со средства од Буџетот на државата, ЕУ фондовите, буџетот на општината и други расположливи извори да инвестираме во капитални инфраструктурни проекти. Во оваа прилика ќе потенцирам повеќе инфраструктурни проекти кои ќе ги […]
Денес во Подрачното училиште во село Мешеишта градоначалникот Ногачески присуствуваше на предавањето на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование .На настанот, по предлог на наставниците, на ученикот Филип Вичороски, градоначалникот Ногачески, во име на општина Дебрца, свечено му додели плакета за ученик на генерација 2015-2019 во ОУ “Дебрца” – Белчишта. На […]
Денес учениците од ОУ „Дебрца“ го одржаа традиционалниот атлетски крос. Терминот за одржување е за патрониот празник на училиштето, 11-ти ноември, но поради временските услови беше преместен за овој период. Учествуваа ученици од второ до деветто одделение, во машка и женска конкуренција, а трчаа на 300 и 1.800 метри. На трката од 1.800 метри […]
Ветивме дека секогаш образованието ќе ни биде на прво место и ќе работиме на подобрување на условите за одвивање на наставно образовниот процес во основното училиште, и тоа континуирано го правиме со повеќе мерки. Денес заокруживме уште еден проект и обезбедивме нагледни средства и наставни помагала за основното училиште ( микроскопски препарати по анатомија, ботаника, […]
Ветивме дека за сите спортски фудбалски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпреварување ќе ја зголемиме финансиската поддршка и ќе обезбедиме средства во висина на котизацијата за соодветниот ранг на натпреварување и тоа континуирано го правиме. И не само тоа. Не ветивме, а исполнивме. Согласно Годишната програма за развој на спортот […]
Вчера во рамките на програмата за развој на образованието во општина Дебрца за 2019 година, исплатени се првите рати на учениците и студентите кои ги исполнаа критериумите за доделување на стипендии. Вчера на 15-те ученици , корисници на ученичка стипендија им исплативме по 7.500 денари , а на 5-те корисници на студентска стипендија по 12.500 […]
Нашите заложби се да обезбедиме квалитетно образование за сите ученици во нашата општина. За таа цел, ја подобруваме образовната инфраструктура и применуваме повеќе мерки за мотиварање на учениците да постигнуваат подобри резултати во воспитно-образовниот процес. Од вчера, 01 Октомври воведовме ужинка за секој ученик во основното училиште. Секој ученик ќе добива ужинка во текот на […]
Вчера и денес учениците од ОУ „Дебрца“ ги реализираа активностите од Отворената фудбалска школа 2018, која финансиски, со 100.000 денари беше поддржана од општина Дебрца. „Овие два дена прекрасно изгледаше спортскиот полигон во Мешеишта, во што лично се уверив при денешното дружење со учениците. Исто така, со еколошка акција за чистење на училишните дворови го […]
Денес во Волино се потпиша договорот и го означивме почетокот на градежните работи за реконструкција на старата училишна зграда и нејзина пренамена во објект на локалната заедница. Договорот го потпишаа Директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион , Мирјана Лозаноска и Директорот на изведувачот на работите, градежната фирма Тане 2007 Дооел Охрид. Средствата […]
Согласно програмата за развој и подршка на спортот во општина Дебрца, изминатиов период се инвестира во подобрување на спортската инфраструктура. На спортскиот полигон во Волино се поставени бетонско цокле и нова мрежа на заштитната ограда, нови столбови за рефлектори, реконструирана е електричната инсталација, преостанува да се постават новите 18 лед рефлектори. Санирана е соблекувалната на […]
Изминаа 100 дена од денот кога ја презедов градоначалничката функција и вообичаена практика е да се даде првична оценка. Еве, да сумирам од мој агол. Со оглед на периодот во кој е преземена функцијата можеби некој ќе рече нема некои големи нешта, ама сепак ќе набројам многу мали нешта и реализирани ветувања, кои полека, но […]