Select Page
ОБЈАВА Број 01/2023 За електронско наддавање За давање под закуп на деловен простор (ПРВА ОБЈАВА) Село Горенци

ОБЈАВА Број 01/2023 За електронско наддавање За давање под закуп на деловен простор (ПРВА ОБЈАВА) Село Горенци

Врз основа на член 24 став 3 и 4, член 37 и 39 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост  (“Службен весник на РМ” бр.78/2015, 106/2015,153/2015, 190/2016 и 21/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/19 и 275/19  и 122/2021), Комисијата за располагање со движни и недвижни ствари на општина Дебрца, објавува:

 

ОБЈАВА Број 01/2023

За електронско наддавање

За давање под закуп на деловен простор

(ПРВА ОБЈАВА)

 

1.ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Предмет на електронското јавно наддавање е издавање под закуп на недвижни ствари-деловен простор, сопственост на Општина Дебрца, кои се издаваат под закуп согласно Одлуката за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловен простор во зградата изградена на КП- 849/2, КО Горенци, запишана во Имотен лист бр. 624, КО Горенци, Општина Дебрца, за вршење на трговија на мало, број 08-1174/6 од 27.09.2023, донесена на советот на општина Дебрца.

  1. ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЛОВНИТЕ ПРОСТОРИИ КАКО ДЕЛ ОД НЕДВИЖНАТА СТВАР КОИ СЕ ДАВААТ ПОД ЗАКУП

Предмер на закуп се просториите:

Ред.број Адреса Опис и намена на деловниот простор Површина Вкупна почетна цена на закупнината (0,5% од проценетата вредност) Банкарска гаранција 2% од проценетата вредност Почеток

Час

1. Село Горенци ДП приземје (дел од објект), изграден на КП 849/2, КО Горенци, Општина Дебрца, запишан во ИЛ 624, Општина Дебрца Деловниот простор се издава под закуп со намена за вршење на трговија на мало (продажба на колонијални и прехрамбени производи), за времетраење од 10 години. 56,56 м2 3.395,00 13.580,00 09:00

 

 

3.ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното надддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со право на сопственост на недвижни ствари на територијата на РСМ согласно закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за јавно наддавање и тоа:

4.1. Доказ за идентитет :

-лична карта за физички лица;

– тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија ( за домашни правни лица)

– Извод од регистрација од соодветен регистар во државата од која доаѓа ( за странски правни лица).

 

4.2. Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на интернет страницата на која се што ќе се одвива електронското јавно наддавање.

4.3. Изјава со која што ги прифаќаат условите кои што се дадени во објавата.

4.4. Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на недвижната ствар, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарска гаранција за сериозност треба во оригинал во писмена форма да се достави и до Комисијата за располагање на недвижни и движни ствари на општина Дебрца на денот кога се доставува комплетната документација.

За да може да се поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата, секое физичко и правно лице треба претходно да се регистрира на страната http://www.e-stvari.mk. Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и електронски јавни наддавања спроведени преку системот http://www.e-stvari.mk, за него важат претходно автоматки доделените корисничко име и лозинка, доделени заради учество во претходните постапки.

Доказите кои е потребно да се достават  врз основа  на објавата, регистираното лице е должно да ги прикачи во системот  во скенирана копија  во PDF формат.

На подностителите  на пријавите кои се комплетни им се доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле  комплетна документација им се доставува известување со образложение дека нема да учествуваат  на јавното наддавање.

Објавата трае 15 (петнаесет) дена почнувајќи од  30.11.2023 год. и ќе трае заклучно со 14.12.2023 година.

Јавното наддавање ќе се одржи електронски  на следната интернет адреса http://www.e-stvari.mk.

Јавното наддавање ќе се одржина ден 18.12.2023 година (Понеделник) и ќе започне во 09:00 часот.

5.РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на Јавното наддавање во електронски облик можат да се доставуваат најдоцна до три дена пред почетокот на јавното наддавање, односно заклучно со 14.12.2023 година.

6.ПОЧЕТНА ЦЕНА

Вкупната почетна цена за закупнината на електронското наддавање за недвижноста која е предмет за закуп е утврдена во табеларниот преглед на оваа објава. Електронското јавно наддавање ќе се одржи доколку по објавата  се пријавил  и само еден учесник кој ги исполнува  условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

  1. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА понудата

7.1  Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на електронското јавно наддавање за недвижноста предмет на закуп  изнесува 2% од проценетата вредност на недвижната ствар и износот е утврден во табеланиот преглед даден во оваа објава.

7.2 Банкарската гаранција треба да има рок на важност најмалку 60 дена од денот на одржувањето на електронското јавно наддавање. Секоја пријава што не содржи гаранција за сериозност на понудата  или содржи гаранција за сериозност на понудата која не е во согласност со условите во објавата, ќе биде отфрлена и нема да учствува на електронското јавно наддавање.

7.3 Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната цена постигната на јавното наддавање.

8.ПОСТАПКА

8.1. Јавното наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на месечната закупнина и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

8.2. Јавното наддавање ќе се одржи доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во објавата и ја прифати почетната цена.

8.3 Во првите пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемуваат цената на месечната закупнина. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определно во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време  за траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.

Јавното наддавањепродолжува неограничено се додека во временски нтервал од две минути има нова понуда.

8.4 Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од ученикот на јавното наддавање, вредноста на недвижната ствар се намалува за 2% од проценетата вредност по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат односно зголемуваат цената на месечната закупнина без при тоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути о вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.

8.5 Доколку во времетраење од 5 минути повторно нема понуда, вредноста на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

Намалувањето на вредноста на недвижната ствар во текот на наддавањето може да биде најмногу до 30% од проценетта вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање.

8.6 За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понуди последна цена која претставува највисока цена за месечната закупнина.

8.7 Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.

8.8.најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цел за закуп на деловниот простор и во рок од 5 работни дена по извршена уплата, се склучува Договор за закуп на деловниот постор, а доколку не ги уплати во овој во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период о д една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната недвижна ствар.

8.9 На  договорот за закуп на деловниот простор соодеветно се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи.

8.10 Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение, во рок од пет дена од  приемот на приговорот.

8.11 Против решението донесено од комисијата со кое се одлучува по донесен приговор може да се изјави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

8.12 Трошоците за солемнизација на договорот за закуп на деловниот простор паѓаат на товар на закупувачот на деловниот простор.

Оваа објава ќе биде објавена и на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk

 

Општина Дебрца

Комисија за располагање со недвижни и движни ствари

Игор Мартиноски, диа – претседател

Цвета Филипоска- Симеонова – член

Љупчо Балески, дги- член

ОБЈАВА Број 01/2023 За електронско наддавање За давање под закуп на деловен простор (ПРВА ОБЈАВА) Село Горенци

ОБЈАВА број 01/2023 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање

ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОБЈАВА број 01/2023

за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија

по пат на електронско јавно наддавање

 

ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Согласно Програмата за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија за 2023 година  бр. 01-710/11 од 30.05.2023 година објавена во Службен гласник на Општина Дебрца бр.05/2023 од 06.06.2023 година, предмет на електронското јавно наддавање е отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Урбанистички проект за разработување на Урбанистички план за село Долно Средоречје за формирање на градежна парцела 3.1 со намена Е1.13-фотоволтаични електрани-градби за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет поголем од 1MW на дел од КП2/4 и КП2/5 КО Белчишта, Општина Дебрца. Одобрен со
Потврда за заверка, број 63-1441/3 од 16.03.2022 година, од Министерот за транспорт и врски и Урбанистички проект за разработување на Урбанистички план за село Злести за формирање на градежна парцела 8.1 со намена Е1.13-фотоволтаични електрани-градби за производство на електрична енергија од обновливи извори со капацитет поголем од 1MW на дел од КП30/1 КО Злести, Општина Дебрца. Одобрен со Потврда за заверка, број 63-1440/3 од 16.03.2022 година, од Министерот за транспорт и врски, согласно табеларниот преглед, во кој се дадени податоците за градежните парцели, намената на градежните парцели, вкупната површина на градежната парцела, катност, површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м² за отуѓување, вкупна почетна цена за отуѓување и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

Табеларен преглед 1:

Бр. на аукција Број на градежна парцела Намена на градежната парцела Број на катастарска парцела Површ. на градеж. парцела (м²) Површ. на градба (м²) Макс. развиена површина (м²) Катност и максимална висина до венец Процент на изграденост (%) Коефициент на искористеност Почетна цена за отуѓување по м² (денар) Вкупна почетна вредност (денари) Банкарска гаранција за сериозност на понудата (денари)
01/2023-1 3.1 Е.1.13 – фотоволтаична електрана, со компатибилна класа на намена E1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија КП2/4, КО Белчишта 277306 194114 194114 П

Н=4 м

70 0,7 61 16915666,0 67662664,0
01/2023-2 8.1 Е.1.13 – фотоволтаична електрана, со компатибилна класа на намена E1.8 – инфраструктури за пренос на електрична енергија КП 30/1, КО Злести 250232 175162 175162 П

Н=4 м

70 0,7 61 15264152,0 61056608,0

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавното наддавање имаат:

  1. Физички лица: државјани на Република Северна Македонија, државјани на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и државјани на држави кои не се членки на Европската унија и на ОЕЦД, а под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

 

  1. Правни лица: домашно правно лице, правно лице во мешовита сопственост, правно лице основано од странско физичко и правно лице, регистрирани во Централен регистер на Република Северна Македонија, странски правни лица резиденти на држави членки на Европската унија и на ОЕЦД, како и странски правни лица резиденти на држави кои не се членки на европската унија и на ОЕЦД, а кои под услови на реципроцитет можат да стекнат право на сопственост на градежно земјиште на територијата на Република Северна Македонија.

 

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните физички и правни лица поднесуваат пријава за учество на јавното наддавање (во електронска форма на www.gradezno-zemjiste.mk), со пополнување на електронски образец за секоја градежна парцела поединечно, кој го потпишува со валиден дигитален сертификат издаден од овластен издавач, комплетирана со следните докази (приложени во оргинал или фотокопии заверени на нотар и потпишани со дигитален потпис и полномошно на носителот на дигиталниот потпис заверено на нотар):

  1. Пополнета пријава во електронска форма од страна на подносителот на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, во која се наведени податоците за што се однесува истата, како и што се доставува во прилог на пријавата (кои документи);
  2. Скенирана банкарска гаранција за сериозност на понудата во износ наведен во табеларниот преглед за градежната парцела, со рок на важност до 31.12.2023 година, со која понудувачот ќе гарантира дека доколку се стекне со статус на најповолен понудувач ќе ја уплати крајно постигнатата цена за отуѓување на градежното земјиште на електронското јавно наддавање во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на писменото известување за избор, истата покрај во електронска форма задолжително да ја достави и во оригинал преку архивата при Општина Дебрца до “За комисијата за спроведување на постапки за јавно наддавање” во бел коверт со назнака “Не отварај” и со повикување на бројот на јавната објава заклучно со истекот на рокот за пријавување.
  3. За физичките лица уверение за државјанство, не постаро од 6 (шест) месеци;
  4. За правните лица доказ за регистрација на правното лице од соодветен регистар во скенирана форма (Извод од тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија не постара од 30 дена);
  5. Уредно полномошно во скенирана форма за полномошникот што го претставува правното лице, доколку правното лице не е претставувано од одговорното лице, заверено на нотар;
  6. e-mail адреса од подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапката на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничко име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање (за подносителите на пријави кои ќе достават погрешна е-маил адреса, Општина Дебрца нема обврска да прима и врши корекции на истата);
  7. Изјава заверена на нотар, под полна морална, материјална и кривична одговорност дека подносителот на пријавата се согласува и ги прифаќа условите од Објавата бр. 01/2023 и доколку биде избран за најповолен понудувач во целост ќе ги почитува дадените параметри во урбанистичкиот план и доколку се јави потреба за преместување на подземна или надземна инфраструктура, истото ќе го изврши на негов товар и нема да има оштетно побарување према Република Северна Македонија, Општина Дебрца или од надлежните институции.

НАПОМЕНА: Пријавите за учество на јавното наддавање се поднесуваат ИСКЛУЧИВО по ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, комплетирана со прикачување на наведните докази во скенирана форма. Доколку пријава поднесува странско физичко или правно лице сите докази се доставуваат и преведени на македонски јазик од овластен судски преведувач. Општина Дебрца нема да прима пријави доставени преку поштенски пат или преку архивата при Општина Дебрца. Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што подносителите на некомплетни пријави ќе бидат електронски известени. Заинтересираните лица (физички и правни) ЗАДОЛЖИТЕЛНО ТРЕБА ДА ИМААТ ДИГИТАЛЕН СЕРТИФИКАТ за да можат да поднесат пријава за учество на јавното наддавање и да учествуваат на електронското јавно наддавање. Доколку учесникот е заинтересиран за повеќе од една градежна парцела, се пополнува поединечна пријава за секоја градежна парцела, за што се доставува и посебна банкарска гаранција за сериозност на понудата.

 

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетна цена на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед изнесува 61,0 денари од метар квадратен.

 

БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА

Банкарска гаранција за сериозност на понудата за секоја градежна парцела е утврдена согласно Табеларниот преглед 1  и изнесува 400% од вкупната почетна цена за секоја градежна парцела посебно и истата сите пријавени физички и правни лица се должни банкарската гаранција покрај електронската скенирана верзија да ја достават и во оригинал во рокот определен за поднесување на пријавата заклучно со  14.08.2023 година до 15.30 часот, во архива на Општина Дебрца.

 

РОКОВИ

Пријавите за учество на електронското јавно наддавање за градежната парцела наведена во Табеларниот преглед можат да се достават до 14.08.2023 година, 23:59 часот, електронски на следната интернет адреса: www.gradezno-zemjiste.mk.

Јавното наддавање ќе се оддржи електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk

Јавното наддавање за ГП 3.1 ќе започне на 16.08.2023 година, во 09:00 часот и истото ќе трае 15 минути.

Јавното наддавање за ГП 8.1 ќе започне на 16.08.2023 година, во 11:00 часот и истото ќе трае 15 минути.

ПОСТАПКА

  1. Комисијата преку електронскиот систем при www.gradezno-zemjiste.mk ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од 24 часа по истекување на рокот за поднесување на истите, при што на подносителите на пријавите кои доставиле комплетна документација автоматски им доставува корисничко име и лозинка за учество на електронското јавно наддавање, а на подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација им доставува Известување со образложение дека истите нема да учествуваат на јавното наддавање.
  2. Подносителите на пријавите за да може да поднесат електронска пријава и да учествуваат на електронското јавно наддавање потребно е да имаат дигитален сертификат (потпис).
  3. На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернет страната со корисничкото име и шифрата која ја добиле на e-mail адресата доставена во прилог на пријавата за учество на елетронското јавно наддавање.
  4. Електронското јавно наддавање може да отпочне со најмалку еден учесник во јавното наддавање.
  5. Електронското јавното наддавање го следи Комисија за спроведување на постапките за јавно наддавање, формирана од Градоначалникот на Општина Дебрца.
  6. Електронското јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена по метар квадратен, а се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
  7. Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 10,0 денари во цели броеви без децимали.
  8. Електронското јавно наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во оваа Објава, при што доколку во истекот на последните две минути од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути. Јавното наддавање се продолжува неограничен број пати се додека во истекот на последните две минути е дадена понуда од страна на учесниците.
  9. За успешно спроведена постапка на јавно наддавање потребно е да има најмалку едно постапно наддавање над почетната цена по метар квадратен.
  10. Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.
  11. Комисијата по завршувањето на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање и електронски го доставува до сите учесници на јавното наддавање.
  12. По завршувањето на постапката за јавното наддавање, Комисијата е должна во рок од 3 (три) работни дена да достави барање до Државното правобранителство на Република Северна Македонија по однос на нацрт-текстот на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија.
  13. Државното правобранителство на Република Северна Македонија е должно да достави мислење по однос на нацрт-текстот на договорот за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија во рок од 30 (триесет) дена од добивањето на барањето за мислење. Доколку во рок од 30 (триесет) дена Државното правобранителство на Република Северна Македонија не достави мислење, ќе се смета за позитивно.
  14. По прибавување на позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија, Комисијата во рок од 3(три) работни дена до најповолниот понудувач доставува Известување за избор на најповолен понудувач.
  15. Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на Известувањето дека е најповолен понудувач на јавното наддавање, да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и да ги уплати трошоците на постапката во износ од 10% од банкарската гаранција за сериозност на понудата но не повеќе од 15.000,00 денари, да ги достави до Комисијата оригиналните докази приложени со пријавата и да достави доказ за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и уплатени трошоци на постапката.
  16. Доколку најповолниот понудувач не ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок, не ги уплати трошоците на постапката во износ од 10% од банкарската гаранција за сериозност на понудата но не повеќе од 15.000,00 денари, не ги достави до Комисијата оригиналните докази приложени со пријавата и не достави доказ за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето и уплатени трошоци на постапката, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
  17. Доколку најповолниот понудувач ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето во утврдениот рок, а врз основа на доставената документација не може да се склучи договор уплатените средства согласно постигнатата крајна цена не му се враќаат, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено, нема да се пристапи кон склучување на договор за отуѓување, банкарската гаранција за сериозност на понудата се активира и истиот нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметната градежна парцела.
  18. По извршената уплата во утврдениот рок и доставата на оригиналните докази приложени со пријавата и доказот за извршена уплата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето за градежната парцела наведена во табеларниот преглед, Градоначалникот на општина Дебрца во рок од 5 (пет) работни дена склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија. Со договорот најповолниот понудувач (купувачот) се обврзува во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот за градежната парцела која што е со површина до000 м², односно во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот која што е со површина над 5.000 м², да обезбеди одобрение за градба на предвидениот објект согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено. Со договорот најповолниот понудувач се обврзува да го изгради објектот согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено во рок согласно со одредбите од Законот за градење, а согласно со категоризацијата на градба, во спротивно, доколку купувачот не извади одобрение за градење во предвидениот рок, односно доколку објектот не се изгради во определениот рок по вина на купувачот, истиот ќе има обврска да плаќа договорна казна во висина од 1,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање за предметното земјиште за секој изминат месец во првата година од истекот на рокот, односно 3 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање за предметното земјиште за секој изминат месец во втората година од истекот на рокот, односно 4,5 % од вкупно постигнатата цена на јавното надавање на предметното земјиште за секој изминат месец во третата и секоја наредна година од истекот на рокот. Неисполнувањето на овие обврски односно по паѓање во задоцнување со исполнување на овие обврски од страна на купувачот на обврските од договорот да побара потврда за извршност на договорот односно да побара наплата на договорната казна и претставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната сума од отуѓувањето не му се враќаат на купувачот.
  19. Градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија, кое е предмет на оваа објава се до исполнување на обврските од договорот не може да биде дела од стечајна маса.
  20. Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува да изгради најмалку 30% од вкупната развиена површина за градење предвидена со урбанистичкиот план за градежната парцела.
  21. Најповолниот понудувач (купувач) се обврзува да го плати данокот на промет на недвижности што ќе произлезе како обврска по склучениот Договор за отуѓување на градежното земјиште.
  22. По склучувањето на договорот Општина Дебрца во рок од 1 (еден) ден, електронски го доставува договорот до Одделение за финансиски прашања за утврдување на данок на промет на недвижности. Купувачот е должен во рок од 15 (петнаесет) дена од добивање на решението за утврдување на данокот на промет на недвижности да го плати данокот и да достави доказ за извршена уплата.
  23. По доставување на доказ за извршена уплата на данок на промет на недвижности, купувачот во рок од 30 (триесет) дена, договорот електронски го доставува кај нотар заради вршење на солемнизација. Купувачот е должен солемнизацијата да ја изврши во рок од 30 (триесет) дена сметано од доставувањето на договорот кај надлежен нотар.
  24. Неисполнувањето на обврските од точките 22 и 23 од оваа Објава по вина на купувачот претставуваат основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната цена не му се враќаат на купувачот.
  25. Во цената за отуѓување не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.
  26. Трошоците за нотарската процедура и воведувањето во евиденцијата на недвижностите во Агенцијата за катастар за недвижности на Република Северна Македонија паѓаат на товар на купувачот на градежното земјиште. Во случај на раскинување на договор по вина на купувачот, истиот е обврзан да плати данок на промет и нотарски трошоци.
  27. Купувачот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее истото да го пренесува на трети лица. Забраната за пренесување на трети лица се прибележува во јавната книга за запишување на правата на недвижностите. Неисполнувањето на оваа обврска преставува основ за еднострано раскинување на договорот, при што 80% од вкупната цена не му се враќаат на купувачот.
  28. Купувачот на градежното земјиште стекнато во постапка за отуѓување по пат на јавно наддавање не смее, без претходна согласност, да го заложува или на друг начин оптоварува земјиштето и објектите кои на истото ќе бидат изградени, се до завршувањето на градбата и бришење на прибелешката од точка 27 во јавните книги. Оваа забрана се прибележува во јавните книги.
  29. Незадоволните учесници на јавното наддавање можат да изјават приговор до Комисијата во рок од 3 (три) дена од денот на одржување на електронското јавно наддавање. Приговорот се поднесува во писмена форма до Комисијата, која е должна да одлучи со Решение во рок од 5(пет) работни дена од приемот на истиот. Против Решението донесено од страна на комисијата со кое се одлучува по поднесен приговор странката има право да поднесе жалба во рок од 15(петнаесет) дена од денот на приемот на Решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен.

Оваа објава ќе биде објавена и на web-страната на Општина Дебрца, www.debrca.gov.mk .

Objava za gradezno zamjiste

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на

постапките за јавно наддавање

Игор Мартиноски дипл.инж.арх. – претседател

Љупчо Балески дипл.град.инж. – член

Даниел Ристески – член

 

ЈАВЕН ПОВИК За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2023 година

ЈАВЕН ПОВИК За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2023 година

Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2023 година, број 09-518/1, од 11.04.2023 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2023 година ( „Службен гласник на општина Дебрца”, број 11/22 ) се објавува следниот :

 ЈАВЕН ПОВИК

За субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипед во 2023 година

 

  1. Опис на јавниот повик

1.1. Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди и поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2023 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед ( во понатамошниот текст: субвенција ).

1.2. Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2023 година, мерка Живеј здраво – вози точак, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари.

1.3. На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени за купување  на велосипед, во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари и вклучен персонален данок на доход .

1.4. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот  „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учество на Јавниот повик

2.1.Право на субвенција имаат физички лица, жители на општина Дебрца, кои ќе купат нов велосипед во 2023 година и кои ги исполнуваат условите од јавниот повик.

3.Услови за користење на субвенцијата

3.1.Барателот треба да ги исполнува следните услови:

-да е жител на општина Дебрца,

-да нема добиено субвенција за купување на велосипед на друг јавен повик, од било кој друг извор,

– велосипедот да го купил во било кој продажен салон во државата , во 2023 година, од 01.01.2023 година до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2023 година.

4.Начин на пријавување на Јавниот повик

4.1. Барателот е должен да ја поднесе следната документација за исполнување на услови за добивање субвенција:

-барање за субвенција, кое  може да се подигне во архивата на општината или електронски на веб страницата на општина Дебрца (www.debrca.gov.mk),

-копија од важечка лична карта, како доказ дека е жител на општина Дебрца,

-копија од трансакциска сметка,

-доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од 01.01.2023 година до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на искористување на средствата по овој основ,а најдоцна до 31.12.2023 година,

– изјава дека нема искористено право на субвенција за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој друг извор во Република С. Македонија.

4.2. Едно физичко лице / барател  може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

4.3.Барањата за  користење на субвенција можат да се поднесуваат од  денот на објавувањето на јавниот повик до денот на искористувањето на финансиските средства обезбедени по овој основ, а најдоцна до 31.12.2023 година.

4.4. Барањата, со потребната документација се поднесуваат до Комисијата за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2023 година, со адреса:  општина Дебрца, 6344 село Белчишта, по пошта или лично во архивата на општината, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

4.5. Архивата на општината примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување ( датум, час и минута ), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

5.Начин на спроведување на Јавниот повик

5.1. Некомплетните барања комисијата ќе ги отфрли и истите нема да бидат предмет на понатамошна постапка.

5.2.Градоначалникот на општината, на предлогот на Комисијата донесува решение за одобрување на барањето, за барателите кои ги исполниле условите од јавниот повик.

5.3.Градоначалникот на општината, на предлог на Комисијата донесува решение за одбивање на барањето,за барателите кои не ги исполниле условите од  јавниот повик.

5.4.Исплатата на средствата на барателите за чии барања е донесено решение за одобрување ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати и одобрени барања, во рок од најдоцна 30 дена од денот на донесувањето на решението за одобрување.

5.5.Општината, во зависност од динамиката на поднесени барања, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување, но не подоцна од 31.12.2023 година.

5.6.Доколку бидат искористени предвидените финансиски средства, општината на својата веб страница ќе го објави завршувањето на јавниот повик.

Барање велосипеди 2023

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Дебрца за купување велосипеди во 2023 година

1.Даниел Паункоски -претседател

2.Билјана Суклоска-Милошеска – член

3.Доста Дојчиноска – член

ОБЈАВА Број 01/2023 За електронско наддавање За давање под закуп на деловен простор (ПРВА ОБЈАВА) Село Горенци

Јавен Оглас: За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 ,119/16, 21/18, 113/18, 124/19 и 103/21 ) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2023 година, број 01-2222/13 , од 14.11.2022 година и број 01-85/8 , од 08.02.2023 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи

1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 1 општ работник ( ракувач со моторна пила, тример, косачка за трева ), за времетраење до 31.12.2023 година, за извршување на јавни работи и тоа Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита,  канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта,  монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта,  развој на селските подрачја и други работи).

2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.

Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно  член 83, 84 и 85 од  Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 850 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.

3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

-Пријава и

-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.

4.Огласот трае пет дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk , односно до 09.06.2023 година.

5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.

Пријава

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Зоран Ногачески

Објавен оглас за практиканти од  Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, а во рамки на Програмата за млади професионални

Објавен оглас за практиканти од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, а во рамки на Програмата за млади професионални

Согласно пакетот на техничка помош од  Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, а во рамки на Програмата за млади професионални, општина Дебрца доби можност преку ангажирање на 1 (еден) практикант за период од 6 месеци, да биде поддржана во спроведувањето на активностите насочени кон зголемување на сопствените извори на приходи на општината.

За таа цел  од Проектот се пристапи кон ангажирање на практикант кој треба да и помогне на општинската администрација во ажурирањето и унапредувањето на базата на податоци за данокот на имот и комуналните такси, како и целокупниот систем на даночно администрирање, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

  • Канцелариски и теренски активности за идентификација и регистрација на недвижен имот;
  • Ажурирање на податоци во локалниот систем за администрирање на даноци;
  • Поддршка на работењето на одделението за администрирање на локалните даноци и такси како и
  • Други задачи доделени од Градоначалникот и/или раководителот на даночното одделение.

Ангажирањето на практикантот и средствата за негово финансирање се обезбедени од страна на Проектот.

За повеќе детали може да погледнете на веб страната на кариера.мк како и линкот до неговата објава  https://kariera.mk/job/ny8_zIEp9UG4ScwfxJr0Vw/praktikanti

Краен рок за аплицирање на повик е 25.05.2023 година (вторник)

Оглас за практиканти

Резултати од конкурсот за доделување на стипендии редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2022/2023

Резултати од конкурсот за доделување на стипендии редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2022/2023

Комисијата составена од: Билјана Суклоска Милошеска како претседател-вработена во општина Дебрца, Даниел Паункоски како член-вработен во општина Дебрца и Валентина Недеска – член на Советот на општина Дебрца, формирана со Решение бр.09-334/1 од 06.03.2023 година од Градоначалникот на Општина Дебрца.Изврши увид на поднесените документи од страна на кандидатите и согласно критериумите утврдени во Правилникот за доделување на стипендии за редовните студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватни универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиска 2022/2023

Состави Ранг листа од кандидати кои ги исполнуваат условите за доделување студенска стипендија:

  1. Бутески Никола Оливер

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Бујароска Дончо Тамара

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Ѓорески Љупчо Александар

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Наумоски Стојче Гоце

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Јорданоска Миле Кристина

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Дуклески Владо Дарко

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Јонческа Ѓоко Моника

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

  1. Силјаноски Боби Теофил

-комплетна документација и исполнети услови согласно објавениот конкурс

КОМИСИЈА

Билјана Суклоска Милошеска – претседател

Даниел Паункоски- член

Валентина Недеска – член