Select Page
Хуманоста на дело

Хуманоста на дело

Во време на кризи, каква што е актуелната светска пандемија од корона вирусот, секогаш најголеми херои се хуманите луѓе.

Денес, како прв човек на општина Дебрца бев пријатно изненаден од еден таков хуман човек, Александар Голабоски, кој потекнува од село Лешани, а живее и работи со своја градежна фирма во Швајцарија.

Александар денес ја посети општина Дебрца со донација на 150 социјални пакети, кои ги донираше на општина Дебрца, со намена да се распределат на социјално ранливи лица во општината и лица кои се потешко погодени од кризната состојба. Дополнително, распределил уште 60 социјални пакети во неговото родно Лешани и село Арбиново.

Ни рече дека во овие тешки моменти, кои освен закана за здравјето, предизвикуваат и економски последици за граѓаните и државата, наша должност е да се однесуваме одговорно и во служба на јавниот интерес.

Со неговата донација сака да ги поттикне и останатите да ја препознаат иницијативата и да ја покажат својата хуманост на дело.

Во наредните денови мобилните тимови на општината помошта ќе ја споделат до оние на кои им е најпотребна, а општината од својот буџет ќе обезбеди дополнителни 150 социјални пакети.

Од името на граѓаните на Дебрца изразувам голема благодарност и длабок поклон до Александар Голабоски за хуманиот гест, со кој покажа како треба да се биде општествено одговорен и солидарен кон оние на кои тоа им е најпотребно.

Апелирам до сите да го следат неговиот хуман гест и да помагаат секој на начин на кој што може.

Само така, ќе излеземе посилни од оваа глобална криза.

Општина Дебрца воведе нови превентивни мерки

Општина Дебрца воведе нови превентивни мерки

🔴Се известуваат граѓаните на општина Дебрца дека поради кризната состојба предизвикана од вирусот КОВИД-19, а согласно препораките и мерките на Владата за спречување на опасноста од ширење и зараза со Ковид – 19 вирусот, од денес, 23.03.2020 година општинската администрација работи со скратено работно време, од 07:30 до 12:30 часот, секој работен ден и со намален број на вработени.

🔴Во општината ќе можат да влегуваат само странки, кои имаат итни и неодложни работи во однос на општината, при што задолжително на влезот ќе ги дезинфицираат рацете со дезинфикционо средство.

🔴Уште еднаш АПЕЛИРАМ граѓаните на минимум да ги редуцираат своите активности во однос на локалната самоуправа и своите контакти со општината да ги остваруваат телефонски или електронски , преку активните телефонски линии на општината и мобилните општински тимови, како и веб сервисите на општината .

Контакт информации за мобилните тимови во Општина Дебрца

Контакт информации за мобилните тимови во Општина Дебрца

Се известуваат граѓаните на Дебрца дека на територијата на општина Дебрца функционираат мобилни тимови кои имаат за задача на барање на старите и изнемоштени лица и на лицата со посебни потреби да им излезат во пресрет за прехранбени производи, продукти за хигиена и лекови или доколку имаат потреба од помош или било каква друга поддршка.

Сите оние кои имаат потреба од наведените услуги на мобилниот тим може да ги побараат на следните телефонски броеви:

➡️Ана Аврамоска
071 359 578
anavramoska@gmail.com

➡️Даниел Паункоски
078 281 772
daniel.paunkoski@yahoo.com

➡️Даниел Ристески
078 243 209
daniel_risteski@hotmail.com

➡️Игор Мартиноски
070 667 930
igormartinoski@yahoo.com

Контакт информации за мобилните тимови во Општина Дебрца

Денес се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Дебрца

Денес се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Дебрца, како кризен штаб во врска со состојбата со корона вирусот, КОВИД – 19 и мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство, на кој беа донесени следните заклучоци и оперативни мерки во насока на заштита на граѓаните:

Во целост да се почитуваат задолженијата и препораките од Владата и Министерството за здравство во врска со состојбата со корона вирусот ;

Граѓаните на минимум да ги редуцираат своите активности во однос на локалната самоуправа ;

Се воведува нов режим на влегување во општината за странките. Во општината ќе можат да влегуваат само странки, кои имаат итни и неодложни работи во однос на општината, при што задолжително на влезот ќе ги дезинфицираат рацете со дезинфикционо средство ,
Другите странки се упатуваат по можност своите контакти со општината да ги остваруваат телефонски или електронски , преку активните телефонски линии и веб сервиси на општината ;

Градоначалникот на општината времено го откажува приемот на странки и со него за итни потреби може да се комуницира телефонски или електронски, на телефон 070 482 889, официјалниот меил на општината: contact @debrca.gov.mk или неговиот личен меил: nogaceski@yahoo.com ;

Се задолжува општината, јавното претпријатие и основното училиште да набават дезинфикциони средства и заштитна опрема за вработените во доволни количини и да извршат дезинфекција на работните простории;

Се задолжуваат сите превозници кои вршат општински линиски превоз на патници возилата со кои го вршат превозот секојдневно да ги дезинфицираат, а возачите задолжително да носат маски и ракавици, додека на такси превозниците им се препорачува да ги следат мерките кои важат за општинските линиски превозници на патници ;

Да се формираат мобилни општински тимови за помош на изнемоштени, хронично болни, стари лица и лица со посебни потреби заради купување на намирници и лекови ;

Од буџетот на општината да се издвојат финансиски средства за набавка на основни животни намирници и средства за хигиена за семејства и лица со положба на социјален ризик ;

МВР, ПС Охрид со ангажирање на патролни служби да ја следи состојбата и особено да ги известуваат и предупредуваат лицата кои доаѓаат од ризичните земји зафатени од корона вирус, а кои не се придржуваат до препораките на Владата да останат во самоизолација наредните 14 дена ;

Матичните лекари кои вршат примарна здравствена заштита во општината да ја следат здравствената состојба на своите пациенти, посебно на постарите и поризични пациенти на вирусот ;

Сите граѓани кои ќе почуствуваат симптоми на корона вирус (покачена температура, сува кашлица ) да се јават во Центар за јавно здравје во Охрид, на следниот телефонски број 046/231 030 ;

На минимум да се редуцираат градежните активности на територијата на општината, а таму каде се работи градилиштата и работниците да се изолираат од месното население ;

Јавното комунално претпријатие на минимум да го редуцира вршењето на комуналните услуги и во целост да ги почитува мерките за заштита на вработените ;

Се задолжува ООУ “Дебрца” – Белчишта да се изнајде начин за изведување на алтернативна настава преку електронско учење од страна на наставниците и учениците ;

Сите трговски друштва во општината кои вршат продажба на стоки за широка потрошувачка во целост да ги почитуваат препораките на Владата и Министерството за здравство во однос на начинот на вршењето на трговската дејност и работното време ;

Граѓаните да избегнуваат собири и подолготрајно задржување во продавниците, бензинските пумпи, организирање на забави во приватни домови на поголеми групи на млади, како и на јавни места во општината ;

Разумно да се купуваат прехранбени продукти во локалните продавници и притоа да се почитуваат препораките за безбедно растојание ;

✅Секој граѓанин да се грижи за своите животни и да ја одржува нивната хигиена.

➡️ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ.
➡️ОД НАС ЗАВИСИ !

Контакт информации за мобилните тимови во Општина Дебрца

Општина Дебрца ги следи препораки за превенција од Ковид-19

Согласно препораките и мерките кои ги превзеде Владата за справување со коруна вирусот, Општина Дебрца ги известува сите граѓаните дека е препорачливо да ги намалат своите активности во однос на локалната самоуправа.

Во насока на олеснување на работата ве информираме дека активни се сите сервиси на веб страницата на Општина Дебрца www.debrca.gov.mk и телефонските контакти и електронски адреси.