Вложувањето во образованието е градење на скапоцен потенцијал и инвестиција во иднината на општината и државата.
Тргнувајќи од таа цел, од почетокот на мандатот моја заложба е да го подобриме квалитетот во образованието, како и условите за работа.
Продолжуваме да инвестираме во образованието и во оваа прилика Ве информирамe за Проектот- “Реконструкција на училишната зграда на ПУ с.Мешеишта “, кој е во тек на имплементација.
Со проектот се врши целосна реконструкција на просториите на поранешната ЗЗ “Славеј”, а кои се составен дел на училишната зграда и за кои се планира во иднина да се оспособат како Центар за дневен престој на деца, се адаптираат простории за котлара за централно греење на училишната и општинската зграда, се санираат оштетените делови во училниците и санитарните јазли во училиштето и се поставуваат радијатори .
Вкупната вредност на работите изнесуваа 3.075.504 денари, а средствата, во износ од 2.500.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, програма за рамномерен регионален развој за 2019 година, по поднесена апликација од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, а преостанатиот износ ќе се обезбеди од општинскиот буџет.