Select Page

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 33-та седница на Советот на општината Дебрца

 

 Ја свикувам 33та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  28.05.2024 година (вторник) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.За седницата се предлага следниот:             

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 

  1. Усвојување на записник од 32-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2024 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2024 до 31.03.2024 година
  4. Предлог – Програма за уредување на градежно емјиште во Општина Дебрца за 2024 година

 

Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                Никола Короскоски