Select Page
EU IPA CBC MK-AL:Започна со градба новиот планинарски дом во с.Брежани

EU IPA CBC MK-AL:Започна со градба новиот планинарски дом во с.Брежани

Во рамките на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија, а кој општина Дебрца го имплементира со партнерите: ОО Црвен Крст Охрид и Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна во село Брежани започнаа градежните активности за реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во Планинарски Дом.
Ќе се изврши целосна реконструкција и опремување на зградата, а за што ќе бидат инвестирани околу 85.000 евра.
Дебрца со своите планински масиви, како Славеј Планина, Караорман, Стогово, Мазатар и Илинска Планина и особено селото Брежани, кое се наоѓа помеѓу Илинска Планина и Мазатар се природно предодредени за развој на зимскиот и планинскиот туризам.
Проектот е во директна корелација со нашата визија Дебрца да прерасне во високорангирана природна и културна туристичка дестинација
Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град

Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град

Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината во деновите: 09 и 10 Јули 2021 година да ја пријават штетата на своите култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

  1. Покрај барањето секој барател треба да достави:
  • копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • копие од трансакциска сметка;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ; копие од имотен лист; копие од договор за закуп ).

НАПОМЕНА: Граѓание кои претходно поднеле барање за штета предизвикана од доцните пролетни мразеви, со барањето не мора да доставуваат копие од лична карта и трансакциска сметка. 

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 28.07.2021 година.

За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 046 286 855.

1.ПРИЈАВА

2. ИЗЈАВА за ШТЕТИ

 

 

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за проценка на штети

Информација до Здружението на пчелари

Ј А В Е Н   О Г Л А С За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 и 119/16) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2021 година, ( Службен гласник на општина Дебрца, број 12/2020 ), Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи

1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 1 работник за времетраење до 6 месеци, за извршување на јавни работи и тоа Одржување на јавната инфраструктура                 ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита,  канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта,  монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта,  развој на селските подрачја и други работи).

  1. 2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.

Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно  член 83, 84 и 85 од  Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 600 денари по ангажирано лице, дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.

3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

Пријава и

-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.

4.Огласот трае три дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување  Охрид, односно до 13.07.2021 година.

5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Зоран Ногачески

П Р И Ј А В А за Јавни работи 2021 година,Општина Дебрца

П Р И Ј А В А за Јавни работи 2021 година,Општина Дебрца

Информација до Здружението на пчелари

Проект за поврзување на локалните патишта – Mеханизам за жалби и поплаки

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Дебрца аплицираше со проект за Реконструкција на локален пат  с.Злести до с.Белчишта, Oпштина Дебрца и тоа Делница 1 KM 0+000 до KM 0+720.12 и Делница 2 KM 0+000 DO KM 1+401.22. Во најскоро време се очекува започнување на градежните работи на овој проект.

Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти – Стандард за животна средина и социјални апскети 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.

Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Дебрца пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.

Во прилог се поставени двата документи кои на официјалната веб страна на Општина Дебрца ќе останат објавени сѐ до завршувањето и затворањето на проектот

Образец за-поплаки за целиот период на спроведување на проектот

Образец за-поплаки за целиот период на спроведување на проектот

Механизам за жалби и поплаки

Механизам за жалби и поплаки