Select Page
Известување за Здружението на пчелари

Известување за Здружението на пчелари

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 13.08.2020 год. (Четврток) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881: 230 231.

Со почит,

Одделение за
епидемиолошка дејност
Охрид
11.08.2020 година

Потпишан Меморандумот за соработка на проектот: “ Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители

Потпишан Меморандумот за соработка на проектот: “ Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители

Успешната соработка со Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”, Охрид продолжува.

Денес проектниот координатор Ѓоко Зороски и градоначалникот Зоран Ногачески го потпишааа Меморандумот за соработка на проектот: “ Зачувување на Белчишко Блато со ангажирање на општина Дебрца и локални чинители”, финансиран од Критичниот еколошки партнерски фонд ( Critical Ekosystem Partnership Fund-CEPF ).

Во рамките на проектот ќе се изготви Студија за валоризација на природните и социо-економските вредности на Белчишкото Блато, поставување на туристичка инфраструктура и организирање на обуки и настани за подигнување на свеста за заштита на Белчишкото Блато.

Крајната цел е отпочнување на постапка за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје.

Градоначалникот Ногачески положи цвеќе пред споменикот на лактинските војводи

Градоначалникот Ногачески положи цвеќе пред споменикот на лактинските војводи

Денес во село Лактиње, градоначалникот Зоран Ногачески заедно со претставниците на месната заедница, боречката организација, пензионерските здруженија и граѓаните положија свежо цвеќе и се  поклонија пред споменикот на лактинските војводи, Дејан Димитров и Смиле Војданов и спомен обележјето од НОБ.

Нека ни е честит и вековит Илинден.

Градоналникот Ногачески упати честитка по повод Илинден

Градоналникот Ногачески упати честитка по повод Илинден

Почитувани граѓани,

Празникот Илинден е симбол на победата на македонскиот непокор, ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја .

Да го чуваме аманетот од Илинденците и Асномците и да ги негуваме и надградуваме придобивките од двата Илиндена, да ги оставиме разликите, од каква природа и да се, да покажеме меѓусебна почит и да се свртиме кон заедничка иднина, достоинствен дом во кој има место за сите и да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.

Нека ни се честити и вековити двата Илиндена!

Започна 36-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2020”

Започна 36-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2020”

Во предвечерието на големиот македонски празник го означивме почетокот на 36-та Интернационална ликовна колонија “Дебрца 2020”, која оваа година поради коронавирусот се оддржува во намален формат и со учество на ликовни уметници само од Македонија.

Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку олицетворение на уметноста и културата на Дебрца и доказ дека уметноста и културата не се создаваат само во урбаните центри, туку и во руралните средини и на секое место каде што има креативен творечки потенцијал.

Уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство.

На сите годинешни учесници им посакувам инспирација за создавање на нови уметнички дела, а тоа во Дебрца го имаат во изобилство .

Како велат, Ars longa, vita brevis, или уметноста е долга, животот е краток! изјави градоначалникот Ногачески по повод отворањето на овогодиншната ликовна колионија.