Интернационалната Уметничка колонија “Дебрца” – Белчишта, преставува најмасовна културна манифестација во општината Дебрца. Активно постои 24 години. Редовно се одржува во летниот период од 24 јуни до 04 јули . На колонијата учествуваат 12 – 15 учесници кои творат исклучиво на територијата на Дебрца и пошироко . На колонијата досега зеле учество 185 уметници, од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Полска, САД, Канада, Герамнија, Малезија, Русија, Узбекистан, Украина, Кипар и други земји.
Создадени се 444 уметнички дела кои се изложени во Музејот на уметноста во општината Дебрца.
Организирани се 115 изложби во Република Македонија, и Албанија со изготвени современи каталози .
Колонијата соработува со повеќе колонии од Македонија и другите земји, како и Факултетот за ликовна уметност во Скопје.
Големиот интерес за учесници од целиот свет најдобро зборува за реномето кое го има колонијата, како и посетеноста на изложбите .