Select Page

ОПШТИНА ДЕБРЦА

 

Врз основа на член 22 став 1 точка 6 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:

 ЈАВЕН ПОВИК

 ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

 

           ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 

Преку поддршката и развојот на спортот општина Дебрца има за цел подобрување на спортскиот живот во општината, промоција на разновидни спортско-рекреативни содржини, поттик на жителите, особено младата популација за масовно вклучување во спортските активности, со цел развој на позитивните вредности на спортот а во функција на обезбедување на здрави идни генерации во општината, како и поддршка на спортските манифестации, спортските клубовии талентираните спортисти, преку кои ќе се презентира и промовира општината.

Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за развој на спортот за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка во областите: поддршка на спортски манифестации во општината, поддршка на спортски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпревари (прва, втора или трета лига), поддршка на спортски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпревари во општинска лига и поддршка на талентирани спортисти во поединечни спортови кои живеат на територијата на општина Дебрца.

 

 ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

 

Спортски  клубови, спортски здруженија (сојузи и асоцијации), спортисти, други правни лица од областа на спортот, училишни спортски клубови и сојузи, спортски школи, образовни институции и граѓански здруженија чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Дебрца и спортски федерации и клубови чиешто регистрирано седиште не се наоѓа на подрачјето на општина Дебрца, но имаат соработка со локален спортски правен субјект (потпишан договор за соработка) за реализацијата на проектот, активноста или манифестацијата.            

 

 НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

 

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог проект, каде   детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.

Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат  во рамките на програмата за развој на спортот во текот на 2026 година.

Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.

Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за „Јавен повик за финансиска поддршка и развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година“  – лично во архивата на Општина Дебрца.

Јавниот повик ќе трае најдоцна до 28.01.2026 година (среда), до 15.00 часот.

Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава

документација:

  1. Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 (шест) месеци ;
  2. Решение за вршење дејност – спорт од Агенција за млади и спорт (кои се водат во регистарот на министерството за спорт) – не важи за организација на спортски настан, манифестација или проект од областа на спортот;
  3. Уверение од Управа за јавни приходи за платени даноци и придонеси не постаро од 6 (шест) месеци ;
  4. Потврда од централен регистар или надлежен суд дека врз правното лице не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, не постара од шест месеци ;
  5. Годишна програма за работа на правниот субјект или план и програма за реализација на спортската манифестација или активност ;
  6. Изјава дека на крај од тековната година за која се добила поддршката ќе се достави комплетен финансиски извештај за добиените финансиски средства;
  7. Изјава за преземање одговорност за организација;
  8. Потврда издадена од соодветна федерација;

 

Потребни документи за учество на физички лица:

 

  1. Пополнeта пријава согласно Јавниот повик ;
  2. Копија од лична карта или патна исправа ;
  3. Кратка биографија ;
  4. Годишна програма ;
  5. Потврда за поддршка од соодветниот клуб издадена од соодветна спортска федерација или сојуз ;
  6. Изјава дека на крај од тековната година за која се добила поддршката ќе се достави комплетен финансиски извештај за добиените финансиски средства;
  7. Банка и трансакциска сметка;

 

КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

 

За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Дебрца за развој и поддршка на спортот, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:

1.Спортски клубови и здруженија

– ранг на натпреварување во рамки на официјална спортска федерација;

– Активни членови (по категории)потврда од соодветната федерација;

– Учество во соодветна лига на натпреварување(ранг на натпреварување);

– Членови на клубот кои учествувале во национални селекции (по категории); потврда од соодветната федерација;

– Учество на клуб и поединец на меѓунроден натпревар;

– Да го поттикнува и унапредува соодветниот спорт;

– Да го унапредува и развива масовниот и рекреативниот спорт;

– Да поттикнува постигнување на врвни резултати;

– Решение од централен регистар;

– Решение за вршење дејност спорт издадено од АМС кое е дел од регистарот на министерство за спорт;

 

2.Спортски манифестации, настани и проекти

 

– Традиција на манифестација / настан;

– Број на учесници

– Ранг на натпреварување (локален,национален,меѓународен)

– Временски период на одржување (денови на организација);

 

3.Спортисти во индивидуални спортови

 

– Жител на општина Дебрца;

– Учество на меѓународни и државни натпревари;

– Пласман на меѓународни натпреварувања;

– Ранг на натпреварување;

– Член на Национална репрезентација;

 

             ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

 

Одобрените активности за финансирање ќе бидат објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, и со секој добитник ќе биде склучен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски а средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за развој на спорот на општина Дебрца за 2026 година.

 

 ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

 

            Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286-855.

Прилог:Апликационен-формулар спорт

                                                                                                    ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                        Градоначалник

                                                                                                     Златко Сиљаноски