Општина Дебрца и градоначалникот Златко Сиљаноски се приклучуваат кон одбележувањето на 28 Февруари – Денот на ретките болести.
Со оваа симболична поддршка, Општината испраќа порака за солидарност, разбирање и инклузија на лицата кои живеат со ретки болести и нивните семејства.
Мотото на кампањата „Ретко е да си редок“ нè потсетува дека иако болестите се ретки, луѓето кои живеат со нив не се сами. Потребна е заедничка поддршка, подигнување на јавната свест и создавање општество со еднакви можности за сите.

„Редкоста не е недостаток – таа поврзува. Ретките болести нè обврзуваат како институции и како заедница да покажеме солидарност, разбирање и континуирана поддршка. Заедно градиме општество во кое секој живот е еднакво вреден, а секоја приказна заслужува внимание, грижа и надеж.“
Општина Дебрца останува посветена на промовирање на хуманост, еднаквост и грижа за секој граѓанин.
#RareDiseaseDay #РеткоЕДаСиРедок
