Select Page

Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“, број 5/2002 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), член 17-а став 2 од Законот за Јавните претпријатија („Службен весник на РМ“ број 38/96, 9/97, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на РСМ“ бр. 275/19, 89/22, 274/22, 208/24 и 193/25), како и Правилникот за формата и содржината на Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен и Надзорен одбор на Јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците з пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на РСМ“ бр. 213/2024) и  член 21 од Статутот на општината Дебрца („Службен гласник на општината Дебрца“, број 3/2005), а по предлог на Градоначалникот, Советот на општината Дебрца, објавува :

 

ЈАВЕН ПОВИК

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на  Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта

 

  1. Предмет на Јавниот повик

 

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на членови на Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта.

Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен и надзорен одбор на Јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на РСМ“ број 213/2024)

 

  1. Право на учество

 

            Право на учество имаат сите лица кои ќе пројават интерес за пријавување на кандидати кои ги исполнуваат условите во Јавниот повик.

Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Дебрца www.debrca.gov.mk и на веб страната на ЈПКД „Дебрца“.

 

  1. Услови кои треба да се исполнат согласно Законот за Јавни претпријатија

 

За члено на Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта може да биде лице кое ги исполнува следните услови :

– е државјанин на Република Северна Македонија ;

– има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование ;

– во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност, должност.

 

Членовите на Управниот одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта, треба да имаат најмалку 5 години работно искуство, и тоа :

– најмалку еден член на Управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и

– најмалку еден член на Управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.

 

  1. Начин на пријавување на Јавниот повик

 

            Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација :

– Образец за пријавување ;

– Кратка биографија ;

– Уверение за државјанство ;

– Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование ;

– Доказ дека во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност ;

– Доказ дека има најмалку пет години работно искуство од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување на РСМ ;

– Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.

Документите треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на општина Дебрца с.Белчишта, со назнака : За Јавен повик за пројавување интерес на кандидати за избор на членови на Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта.

 

  1. Рок на пријавување

 

            Јавниот повик се објавува на ден 16.03.2026 година и трае 5 (пет) дена, односно најдоцна до 20.03.2026 година.

Непополнетата пријава како и некомплетна докуентација и документација доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Прилог:Одлука за Јавен повик за управен одбор

 

 

                                                                                                                                                 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

 

Број 08-318/7                                                                                                                 ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА

13.03.2026 година                                                                                                                               Иван Стрезоски 

с.Белчишта