Select Page

Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферска непогода – пролетен мраз, која ја зафати територијата на општината на ден 02.05.2026 година, да ја пријават штетата на своите земјоделски култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се подигне во архивата на општина Дебрца или да се преземе од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнета со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

Покрај барањето секој барател треба да достави :

  • Копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот ;
  • Доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од имотен лист или копија од договор за закуп) ;
  • Копија од трансакциона сметка.

Пријавувањето на штетите може да се изврши најдоцна до 31.05.2026 година

За сите дополнителни информации може да се обратите на телефонкиот број 046 286 855.

ПРИЈАВА

ИЗЈАВА

 

 

 

 

                                                                                                            ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                Комисија за проценка на штети