Select Page
ПАТОТ ДО „СВ. ДИМИТРИЈА“ ВО ИЗДЕГЛАВЈЕ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ САМО ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ!
📢Она што со децении го слушавте само како најава пред избори од многумина пред нас, конечно излегува од фиоките и станува реалност!
🛣️Официјално е објавен повикот од Министерството за транспорт и врски за асфалтирање на локалниот пат од село Издеглавје до црква „Св. Димитрија“, во должина од 1 километар.
📂Ние како Општина изработивме комплетна проектна документација и успешно аплициравме за овој значаен проект.
🤝Сакам да упатам огромна благодарност Министерство за транспорт и врски и министерот Александар Николоски, кој покажа разбирање за нашите приоритети.
🗣️Многу министри и градоначалници пред нас ветуваа – ние го градиме, нашиот збор има тежина.
❤️Вака се почитува сопствениот народ и вака вистински се сака Дебрца – не со празни зборови, туку со оставање трајни дела кои ќе ги паметат генерациите!
💪Продолжуваме неуморно, чекор по чекор, за секое наше село!