Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 13-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 13–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 22.05.2026 година (петок) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 11-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Елаборатот за процена на штета од природна непогода (МРАЗ) што ја зафати општина Дебрца на ден 07 и 08 април 2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Дебрца за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Измени на Планот на развојни програми на општина Дебрца за 2025-2027 година
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџет на ЕЛС Дебрца за 2026 година
- Предлог – Одлука за одобрување на Проектна Програма за изградба на покриено повеќенаменско спортско игралиште на КП 712/3 КО Оровник, Општина Дебрца
- Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
