Select Page
Во Општина Дебрца денес официјално беше извршен прием на нов трактор и дополнителна механизација, набавени во рамки на проектот „Опремување на ЈКП Дебрца“, кој се реализира преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа.
На приемот присуствуваа градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски, и директорот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Валон Каба, кои ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка за унапредување на комуналните услуги во општината.
Во рамки на проектот се набавени:
Трактор,
Нож за чистење снег,
Тракторска хидраулична рака со мулчер,
Пила за кастрење гранки.
Вкупната вредност на проектот изнесува 2.693.410 денари, при што од страна на  Центарот за развој на Југозападниот плански регион, со поддршка од Министерството за локална самоуправа се одбезбедени 1.594.000 денари и Општина Дебрца обезбеди сопствено кофинансирање во износ од 1.099.410 денари.
Со новата механизација значително ќе се подобри работата на Општина Дебрца, особено во одржувањето на локалните патишта, чистењето на снег во зимски услови, уредувањето на јавните зелени површини и кастрењето на гранките.
Општина Дебрца и Центарот за развој на Југозападниот плански регион остануваат посветени на реализација на проекти што придонесуваат за подобар квалитет на живот и поефикасни јавни услуги за сите граѓани.