По повод празникот Рамазан Бајрам, градоначалникот Ногачески упати честитка до сите исламски верници:
На сите граѓани од исламска вероисповед Ви го честитам најголемиот празник во исламската вера, празникот на мирот и меѓусебното разбирање – Рамазан Бајрам.
Во духот на Празникот, Ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир и нека овој празник Ви донесе многу чисти мисли, нека ја зголеми милоста, љубовта и добрите дела во Вашите семејства, кон Вашите соседи, пријатели и сограѓани.Честит Бајрам – Бајрам Мубарек!