Во саботата во хотел Нова Ривиера здружението “Мобилност” го прослави јубилејот од триест години постоење. На порславата како гости присуствуваа градоначалникот и секретарот на општина Дебрца, кој упатија искрени честитки со желба за уште многу лета постоење.
Денес имав особена чест да присуствувам на одбележувањето на јубилејот-триесет години постоење на Здружението на лицата со телесен инвалидитет за општините Охрид и Дебрца “Мобилност” – Охрид.
Во моето пригодно обраќање до членовите на Здружението, честитајќи им го јубилејот ,посебно истакнав дека општина Дебрца, како и досега, така и во иднина останува отворена за соработка и несебична финансиска и друга поддршка на програмските активности на Здружението.
Сите општествено одговорни чинители треба да се заложиме за надминување на постојните стереотипи и бариери за лицата со телесен инвалидитет и секој во рамките на своите надлежности имаме обврска да придонесеме за нивна инклузија во општествениот живот. – изјави градоначалникот Ногачески.