Select Page

Почитувани граѓани на Дебрца,

Пред една година Ви ја презентирав својата визија, своето видување на Дебрца, како привлечно место за живеење и создавање.

И од првиот ден откако ми ја дадовте довербата, се зафатив со одговорна, чесна и домаќинска работа во насока на подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните и оддржлив развој на нашата општина.

 Една година е релативно кратко време за да можe да се зборува за комплетно сменет лик на општината, но сепак е доволен период за да зборуваме за конкретни резултати, за повеќе завршени проекти, за уште поголем број на отпочнати проекти на кои во моментов активно се работи, за трасирање на патот за решавање на заостанатите проблеми за кои е недозволиво да постојат во 21-виот век.

Пред да Ви презентирам за сработеното во изминатава година, дозволете да потсетам во каква финансиска состојба ја наследив општина Дебрца.

На денот на преземањето на градоначалничката функција салдото на буџетската сметка изнесуваше околу 800.000 денари, а од првично извршениот финансиски скрининг констатиравме дека општината, било по основ на преземени и доспеани и преземени, а недоспеани обврски има финансиски долг од околу 8.000.000 денари.

Ветивме одговорно и домаќинско  управување со општинските ресурси и драстично намалување на сите непродуктивни трошења.

Како резултат на тоа за една година успеавме да исплатиме околу 2.500.000 денари од наследените долгови, со што моментално по основ на преземени, а недоспеани обврски должиме околу 3.500.000, а по основ на доспеани обврски околу 2.000.000 денари.

За една година износот на потрошени средства за дневници и репрезентација на градоначалникот изнесува 0 денари.

Ветивме транспарентна и отчетна општинска власт–  креиравме нов општински веб портал, збогатен со нови содржини и алатки кои овозможуваат транспарентност и отчетност на општинската власт  ( достапен буџет и завршна сметка, пријави корупција, пријави проблем, прашај го градоначалникот, секој ден приемен ден кај градоначалникот, идеи за Дебрца-креирај ја својата општина ).

Ветивме квалитетно образование за сите

-извршивме хортикултурно уредување со зелен појас на училишниот двор во село Оровник, вредност околу 250.000 денари

-изработивме техничка документација за инсталирање на централно греење во училиштето во село Мешеишта,

-подготвена е тендерска документација за инсталирање на централно греење во село Требеништа

Воведовме повеќе мерки за  мотивирање на учениците да постигнуваат високи резултати во образованието

-воведовме бесплатна ужинка за сите ученици во основното образование, вредност 1.200.000 денари

-бесплатни еднодневни ученички екскурзии, вредност 200.000 денари,

-директна финансиска поддршка за талентирани ученици, вредност 100.000 денари,

“Добредојдовте првачиња” -во соработка со Фондацијата “Капинков”, од Перт, Австралија на сите првачиња им е обезбеден училишен прибор,

-финансиски ја поддржавме Отворената фудбалска школа 2018, со 100.000 денари,

Проекти за кои се обезбедени средства и ќе бидат имплементирани :

-ученички стипендии за ученици од средното образование,

-студентски стипендии,

-осигурување од незгода на сите ученици во основното образование,

-доделување на награда Првенец на генерација и ученици на генерација во основното образование.

Ивестиравме во подигање и подобрување на спортската инфраструктура:

-реконструкција на соблекувалната на фудбалското игралиште во село Лешани, вредност 295.000 денари,

-реконструкција на спортски полигон во село Волино, вредност 565.000 денари,

-лед осветлување на спортските игралишта во село Мешеишта, село Волино и балон салата во село Требеништа, вредност 414.000 денари,

-нови металхалогени рефлектори на спортските игралишта во село Оровник и село Велмеј, вредност 30.000 денари,

-ја зголемивме директната финансиска поддршка за спортските клубови и спортските манифестации ( Градоначалникот е покровител на фудбалските турнири “Петровден”, во село Мешеишта и “Богородица Куп”, во село Волино. ),

Ветивме општина на социјална сигурност :

– го зголемивме  износот на средства наменети за социјални трансфери .

Во текот на изминатава година доделивме еднократна парична помош за социјално загрозени лица и тоа:

-за лекување во државата, во вкупен износ 106.000 денари

-за лекување во странство, во вкупен износ  160.000 денари

-во случај на смрт, во вкупен износ 60.000

-за поддршка во областа на културата, науката и спортот, во вкупен износ 35.250

Доделивме еднократни субвенции:

-за склучување на брак, во вкупен износ 30.000 денари

-за новороденче, во вкупен износ 186.000

На последната седница Советот на општината додели еднократна парична помош за лекувањето во Германија  на Сара Настеска, во износ од 100.000 денари.

 

Обезбедивме  :

-Финансиска поддршка на годишните тековни активности на Здружението на пензионерите за општините Охрид и Дебрца,

-Финансиска поддршка за еднодневни туристички патувања  на пензионерите до излетнички места во државата и странство,

 -Финансиска поддршка на годишните тековни активности на здружението на лицата со телесен инвалидитет за општините Охрид и Дебрца, “Мобилност” – Охрид.

ПРОЕКТ “ЈАВНИ РАБОТИ” – Општината организираше јавни комунални работи ( чистење на општинските патишта и улици, јавни површини, депонии)  за чие извршување за временски период од четири месеци работно беа  ангажирани 12 евидентирани невработени лица, со ниски примања или ниско квалификувани невработени лица .

Како еколошки одговорна општина :

– извршивме чистење на  речни корита и одводни канали, вредност 600.000 денари

-Стоп за дивите депонии – извршивме чистење на поголемиот дел од нелегалните депонии во општината.

Инвестиравме во подигање на квалитетот на комуналните услуги :

-обезбедивме опрема за Јавното претпријатие ( тримери, машина за сечење асфалт и друго ), вредност 300.000 денари;

-во завршна фаза е тендерската постапка за набавка на нова механизација на Јавното претпријатие ( набавка на ровокопач, трактор со приклучна механизација, теренско возило ), вредност околу 9.000.000 денари, средства обезбедени од ЕУ ИПА грант,

-во завршна фаза е одобрувањето на Проект за набавка на канти за комунален отпад и изготвување на Локален еколошки акционен план, вредност 1.600.000 денари, средства обезбедени од УНДП

ИНВЕСТИРАВМЕ во Подобрување на општинската патна мрежа:

-Асфалтирање на улици во село Оровник, Горенци, Требеништа, Волино, Белчишта и Арбиново, крпење на ударни дупки на асфалтните коловози на општинските патишта и  улиците, вредност 5.200.000 денари,

-зимско оддржување ( чистење на снег )  на општинските патишта и улици, вредност 1.200.000 денари,

-тампонирање на улица во село Брежани, до Црква “Св. Петар и Павле”,

-во тек е изградбата ( асфалтирање, тротоари, одводни канали ) на две улици во село Мешеишта, вредност 9.061.907,67 денари,  средства обезбедени од ЕУ ИПА грант,

-решен е проблемот со атмосферските води на две улици во село Мешеишта, вредност 700.000 денари,

-поставени се бетонски пропусти на повеќе места ( село Лактиње, село Врбјани, село Сливово, на патен правец Слатински Чифлик-Слатино, село Оздолени, село Песочани, село Брежани,

-санација на мост на патен правец за село Брежани,

-изработена е техничка документација за изградба или реконструкција на патните правци Мешеишта-Волино, село Злести-врска со регионален пат и млин “Илинче”-Манастир “ Св. Илија”, Мешеишта,

-аплицирано е за добивање на средства за реконструкција на патен правец село Белчишта-село Злести и за село Арбиново.

ИНВЕСТИРАВМЕ во Подобрување на водоводна инфраструктура:

-нова бушотина за вода за пиење во село Требеништа, вредност 220.000 денари,

– отпочната изградба на нова каптажа на Регионален водоснабдителен систем Радомирово, Караорман, вредност околу  500.000 денари,

-аплицирано е за изградба на резервоар за водоснабдување во село Издеглавје.

ИНВЕСТИРАВМЕ во санација на општински и објекти на месните заедници :

-Дозавршување на реконструкција на Дом во село Злести, вредност 1.200.000 денари,

-Дозавршување на реконструкција на Објект на МЗ село Ботун, вредност   600.000 денари,

-Реконструкција на Објект на МЗ Горенци, вредност 1.200.000 денари,

-Реконструкција на внатрешниот дел од општинска зграда село Мешеишта, вредност 300.000 денари,

 -Реконструкција на стара училишна зграда во село Волино и нејзина пренамена во Центар на локалната заедница, вредност 2.464.926 денари, средства обезбедени преку Центарот на Југозападниот плански регион, Програма за рамномерен регионален развој.

Директна финансиска поддршка во подобрување на културните содржини :

-Интернационална Ликовна колонија “Дебрца”, износ 80.000 денари,

-Културна манифестација  “Ѓомлезијада”, село Годивје, износ 40.000 денари,

-Проект:  Археолошка топографија на старите градови и тврдини во Дебрца, износ 100.000 денари.

Го означивме почетокот  на Проектот “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област / Македонија-Грција”.
Со Проектот за општина Дебрца се обезбедени вкупно 219.555,79 ЕУР, кои ќе се искористат за повеќе проектни активности, како што се:
-подготовка на оригинални слики и видеа од локална флора во Белчишкото Блато, развој на мобилна андроид апликација и реконструкција на објект во село Белчишта и негова адаптација во изложбен објект / музеј за флората на Белчишкото Блато.

Една Година Отворена Општина

Една Година Отворена Општина

Posted by Зоран Ногачески – Градоначалник на Дебрца on Вторник, 13 ноември 2018

Почитувани, на истекот од мојата прва година како градоначалник на Општина Дебрца би сакал да им се заблагодарам и на советниците во Советот на Општина Дебрца и општинската администрација, без чија поддршка сите овие реализрани проекти немаше да бидат можни,  како и на месните заедници, граѓанскиот сектор, спортските клубови и на сите граѓани, кои секојдневно се тука како наш партнер во идентификувањето на приоритетите на општината, се со цел, Буџетот да биде скроен по мерка на оние за кои е наменет- жителите на Општина Дебрца.

Големина на Фонт
Контраст