Долно Средоречие е село во Општина Дебрца, во околината на градот Охрид. Околни села се Грко Поле на запад, Горно Средоречие на север, Злести на југозапад, Лешани на југоисток, и Белчишта на запад.
Селото влегува во рамките на проширената Општина Дебарца, која настанала со спојување на поранешните општини Белчишта и Мешеишта по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Охрид. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било во рамките на некогашната Општина Белчишта.
Во периодот 1952-1955, селото дел од тогашната Општина Белчишта, во која покрај селото Долно Средоречие, се наоѓале и селата Белчишта, Ботун, Брежани, Велмеј, Горно Средоречие, Грко Поле, Злести, Лешани, Ново Село, Песочани и Црвена Вода. Во периодот 1950-1952 година, селото Белчишта се наоѓало во некогашната Општина Белчишта, во која влегувале селата Белчишта, Горно Средоречие, Долно Средоречие и Злести.
Во 19 век, Долно Средоречие се наоѓало во Охридската каза, нахија Дебарца, во Отоманското Царство.
Според некои истражувања во 1900 г. село Долно Средоречие броело 72 жители, сите Македонци христијани.Во 1905 г. Имало 32 жители.
Во 1953 и 1961 година, бројот на жители во селото бил пресметан во вкупното население на блиското село Горно Средоречие.
Според последниот попис на населението на Македонија, селото има 57 жители.
Долно Средоречие е македонско православно село. Селото е младо по постанок, настанато е средината на XIX век кога е настанато и Горно Средоречие.
Долно Средоречие е македонско православно село. Селото е младо по постанок, настанато е средината на XIX век кога е настанато и Горно Средоречие.
Родови во селото се: Цељковци и Циљкановци – овие два рода се доселени од селото Белчишта; Ботунци или Мацевци -доселени се од селото Ботун, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од градот Закамен во Струшка Малесија.
Според истражувања во 1948 година, родови во селото Долно Средоречие се:
- Староседелци: Циљкановци или Ѓулевци– по преданието тие живееле во атарот на селото, но кога Турците го претвориле селото во чифлик, се иселиле, од каде Циљковци се иселиле во Белчиштамоколу 1840 година, па околу 1890 година се вратиле во Долно Средоречие.
- Доселеници: Цељковци или Чакулевци-доселени се во 1895 година од селото Горно Средоречие, а таму се доселиле од Издеглавје; Рајчиновци или Петковци– доселени се во 1916 година од селото Белчишта, таму припаѓале на истоимениот род; Мацевци – доселени се во 1919 година од селото Ботун, каде припаѓале на истоимениот род.
Во село Долно Средоречие има црква „Св. Богородица“, која е изградена во 1936 година.
Познато е дека од село Долно Средоречие има иселеници во Охрид, од фамилијата Чакулевци.