очитувани,
Ве информираме дека на 27.05.2019 (понеделник) ќе се организира ПОДГОТВИТЕЛНА ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА за Нацрт извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Планот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион.
Подготвителната информативна сесија се организира во согласност со препораките на Архускиот жалбен комитет и член 6 од Архуската конвенција за рано вклучување на засегнатата јавност во процесот на донесување на одлуката за Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион и има за цел запознавање на засегнатата јавност со процесот, податоците со кои се работи и документите кои се користат или секциите кои се подготвени, а за кои е потребно рано информирање на засегнатата јавност.
Настанот ќе се одржи во Салата за состаноци во општина Охрид, со почеток во 13 часот.
За учество во подготвителната информативна сесија се поканети сите засегнати страни согласно Одлуката за спроведување на Стратегиска оцена на животната средина на Планот.
За изработка на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион е одговорно Министерството за култура – Управата за заштита на културното наследство и Министерството за животна средина и просторно планирање – Управа за животна средина – природно наследство, а го донесува Владата на Република Северна Македонија.
КАНЦЕЛАРИЈА ЗА КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТ