Учениците-полуматуранти од ОУ “Дебрца” вечерва ја имаат завршната полуматурска вечер.
Со завршувањето на 9-то одделение успешно заврши една фаза од Вашето образование, основното.
Сега сте пред нов предизвик, односно сте исправени пред избор со кој ќе треба да решите каде ќе се движат вашите професионални, а преку тоа и лични животи.
Средното училиште е од голема важност за секој ученик. Решението е во вашите раце и не се сомневам дека ќе го направите вистинскиот избор.
И притоа, и каде да го продолжите вашето образование, секогаш трудете се да постигнете најдобри резултати и да ги имате на ум познатите зборови на Нелсон Мандела, според кого, образованието е најсилното оружје со кое може да го промените светот.
Општина Дебрца секогаш ќе биде тука и со годишните образовни програми ќе ве поддржува како средношколци.
Честита полуматура и успех во средното образование.