Menu

Заврши уште една учебна година во основното образование.
Накратко, сумираме што имплементиравме како локална самоуправа за нашите ученици:
-за првпат воведовме ужинка за сите ученици, за што од буџетот издвоивме околу 1.300.000 денари,
-со поддршка на фондацијата “ Капинков ” обезбедивме училишен прибор за првачињата,
-обезбедивме превоз за еднодневните ученички екскурзии и за други наставни активности,
-обезбедивме надгледни средства за училиштето, вредност 100.000 денари,
-обезбедивме финансиска поддршка за талентираните ученици за учество на регионални и државни натпревари,
-за првпат доделивме парични награди за Првенец и ученици на генерацијата, вредност 30.000 денари,
-градоначалникот на општината беше генерален покровител на Училишниот атлетски крос,
-финансиски го помогнавме оддржувањето на отворените фудбалски школи,
-го плативме осигурувањето за сите ученици,
-обезбедивме средношколски и студентски стипендии.
И додека учениците се на заслужениот летен распуст ќе работиме на подобрување на условите во основното образование:
-инсталирање на централно греење во основните училишта во село Мешеишта и село Требеништа,
-замена на котелот за греење во училиштето во село Лешани.
Ученици, среќен распуст, се гледаме во Септември.