Menu

Синоќа во салата на ОУ Дебрца, беше свечено отворено јубилејното 35- то издание на Интернацоналната Ликовна колонија Дебрца 2019. Честа да ја отвори колонијата му припадна на градоначалникот Зоран Ногачески.

Вечерва имав чест да ја прогласам за отворена Интернационалната Ликовна колонија “Дебрца” – Белчишта, нејзиното јубилејно 35 то издание. Поздравувајќи ги учесниците на Ликовната колонија и присутните гости истакнав дека 35 –те години творештво на колонијата покажуваат дека Ликовната колонија “Дебрца” не е обичен културен настан, туку највисок културен дострел на Белчишта , како седиште на општината и на општина Дебрца. Пред 35 години основоположниците на колонијата можеби и самите не биле свесни дека создале културна рожба , која денес е блескаво културно наследство и уметничките дела создадени на Ликовната колонија не се само наследство на Дебрца и Македонија, туку се светско културно наследство.
Минатата година констатиравме дека последниве години навистина се забележува една малаксаност на колонијата, но и ветивме дека веќе од наредната година ќе внесеме нова сила и енергија, ќе вбризгаме нов адреналин и ќе го вратиме стариот сјај на Ликовната колонија. Со денешното отворање на Ликовната колонија тоа и го исполнуваме.
На крајот, на сите годинешни учесници им посакав инспирација за создавање на нови уметнички дела, а тоа во Дебрца го имаат во изобилство, синергијата од слободарскиот дух, природните богатства и културното наследство се непресушен извор на творечка инспирација.
Создавајте дела, водејќи се од максимата: Ars longa, vita brevis или уметноста е долга – животот е краток. – изјави градоначалникот Ногачески по отворањето на манифестацијата. 

Оваа година по повод јубилејот, Управниот одбор додели плакети и признанија за посебен придонес и афирмација на Интернационалната Ликовна Колонија Дебрца,

Ова се добитниците

Постхумни плакети добија:

1 Ристе Шапкар
2 Академик Димче Коцо
3 Академик Цветан Грозданов
4 Јоне Симонче
5 Драгица Силјаноска
6 Тане Атанасоски – Гарски
7 Најдена Попоска
8 Киро Танески
9 Русе Нестороски

Златни плакети за посебен придонес и афирмација им беа доделени и на:

1 Проф. Д-р Љубе Трпески
2 Благоја Силјаноски
3 Јосив Ефтимоски
4 Д-р Зоран Јолески
5 Устијан Шишкоски
6 Ѓоко Целески
7 Јордан Манасиевски
8 Ставре Димитров – Стадим
9 Ѓорѓи Андонов – Жоро
10 Љубен Стојкоски
11 Асен Целески
12 Илија Илоски
13 Проф. Д-р Мито Спасески
14 ОУ “Дебрца”
15 Мето Георгиески
16 Гоце Божурски
17 Акад. Васко Ташкоски
18 Миро Крстески

 

На сите добитници во името на Општина Дебрца им ги честитаме наградите.