Select Page

Поради вонредната состојба предизвикана од Ковид-19 вирусот, Денес, симболично, во името на сите граѓани на општина Дебрца градоначалникот Зоран Ногачески се поклони пред Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“, во чест на јубилејот 75 години од победата над фашизмот и Денот на Европа.

Ние, граѓаните на Дебрца сме посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година.

Овој ден се одбележува и како Ден на Европа, бидејќи го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа,а познатата Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска унија.

9 мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето, без оглед на нацијата, верата, расата, полот се цивилизациски текови и вредности кои мораат да се негуваат – напиша градоналачникот Ногачески во својот фејсбук статус.