Денес официјално завршува учебната година.
Оваа година поради кризната состојба предизвикана од Ковид 19 вирусот добар дел од второто полугодие наставно-образовниот процес се одвиваше во посебни услови, со користењето на расположивите дигитални платформи за онлајн настава, што бараше дополнителен ангажман и на наставниците и на учениците.
На сите ученици им честитам за вложениот труд и напор и постигнатиот успех, а на наставниците за вонредниот ангажман во новонастанатата ситуација.
Посебно ги поздравувам учениците-полуматуранти од ООУ “Дебрца”.
Со завршувањето на 9-то одделение успешно заврши една фаза од Вашето образование, основното.
Сега сте пред нов предизвик, односно сте исправени пред избор со кој ќе треба да решите каде ќе се движат вашите професионални, а преку тоа и лични животи.
И притоа, и каде да го продолжите вашето образование, секогаш трудете се да постигнете најдобри резултати и да ги имате на ум познатите зборови на Нелсон Мандела, според кого, образованието е најсилното оружје со кое може да го промените светот.
Општина Дебрца секогаш ќе биде тука и со годишните образовни програми ќе Ве поддржува како средношколци.
Сакам да информирам дека денес од сметката на општинскиот буџет се исплатени средствата за ученичките стипендии за средношколците од општина Дебрца за учебната 2019/2020 година и тоа на 17 ученици-стипендисти по 13.500 денари или вкупно 229.500 денари.
Во текот на распустот ќе спроведеме и повеќе инфраструктурни активности во училиштата, со цел да ги подобриме условите за учење и престој.
Локалната самоуправа во следните денови ќе додели и награда за првенец и ученици на генерација од основното училиште.
Ученици, среќен распуст, се гледаме во Септември, се надеваме сите во училиштата‼️