Select Page
Крајот на годината е период кога вообичаено се прави ретроспектива на тоа што сме исполниле и што не сме исполниле од ветеното.
Зад нас останува една многу тешка година, година која ја одбележа светската здравствена криза, предизвикана од ковид 19 вирусот, со сите последици што истата ги донесе ( здравствени, економско-финансиски, социјални ).
На локален план кризата придонесе голем дел од планираните проекти да не се реализираат или да се стават во мирување.
Здравјето на сите беше во преден план.
👉И во такви околности, продолживме со реализација на капиталните инвестиции во повеќе проекти од локалната инфраструктура.
👉Хронолошки ќе ги потенцираме некои од нив, како:
✅Во село Требеништа инсталирано централно греење во подрачното училиште
✅Во село Оровник детското игралиште докомплетирано со потребните реквизити
✅Поставени се две нови автобуски постојки во селата Белчишта и Ботун.Постојките информираат за Белчишкото Блато, кое е природен бисер во овој дел од државава
✅Во село Волино ја градевме фекалната канализација. Вкупната вредност на работите изнесува 20.011.640 денари, од кои 16.959.017 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и 3.052.623 денари од Буџетот на општина Дебрца
✅Во село Велмеј работевме на втората фаза од партерното уредување на централниот простор – заградување, доуредување и осветлување на просторот,за што од Буџетот на општината се издвоени 1.178.796 денари
✅Во село Белчишта ја реконструиравме старата зграда – касарна, со пренамена на објектот, во ЕКО-музеј Белчишко Блато „Сини вирој”. Вредноста на договорот за реконструкција е 128,172,25 ЕУР. Средствата се озбезбедени од грант во рамките на EU IPA CBC проектот за “Подобрување на заштитата на природните растенија во пограничната област”, со вкупна вредност од 1 милион и 250 илјади, при што за општина Дебрца се издвоени 241 000 евра
✅Извршивме реконструкција на патниот правец за село Арбиново, врска со Автопат А2 и патен правец за село Лактиње, при што асфалтирана е делница во должина од 1.178 метри, а вкупната вредност на работите изнесува 4.377.194 денари, од кои 3.263.926 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а 1.113.268 денари од Буџетот на општина Дебрца за 2020 година
✅Во село Сливово со општинската механизација помогнавме да се доуреди дворното место во црквата “Св.Варвара”.
✅Извршивме чистење и уредување на депонијата, лоцирана во непосредна близина на распределителната градба на река Сатеска, на влезот од село Волино
✅Извршено е тампонирање на полскиот пат од село Издеглавје до село Слатински Чифлик, по кој ја вградивме трасата на водоводот за Слатински Чифлик, во должина од 1376 метри, со што обезбедуваме и полесен пристап до земјоделското земјиште. Средствата за тампонирањето, во износ од 380.000 денари се обезбедени од Биро за регионален развој
✅Во рамките на проектот: “ Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “ беше имплементиран инфраструктурен проект: “Уредување на атрактивни зони и патеки во Југозападниот плански регион “, при што на Слатинското Езеро се уредени мини туристички содржини ( изградена е пешачка патека од камени плочи, во должина од 160 метри, уреден е паркинг простор, три летниковци, три типски пикник маси )
✅Во село Издеглавје -изградба на резервоар за водоснабдување на селата Издеглавје и Слатински Чифлик. Вкупната вредност на проектот изнесува 5.072.301 денари, од кои 3.902.260,00 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, а 1.170.041,00 денари од Буџетот на општина Дебрца
✅Во село Оровник завршена е санација на каптажи за водоснабдување во местност “Тројани”, КО-Оровник. Средствата, во износ од 433.650 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца
✅Во село Требеништа изведба на нова бушотина за водоснабдување на селата Горенци, Оровник, Подмолје. Вредноста на проектот изнесува 605.400 денари.
✅Во село Требеништа ја реализиравме првата фаза од проектот: “Реконструкција-санација на задружниот дом во село Требеништа и негова адаптација во Археолошки Изложбен Центар Требеништа “, средствата , во износ од 2.500.000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој
✅“Живеј здраво – вози точак”-воведовме нова мерка – поддршка на рекреативниот спорт со доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година.
✅Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца обезбедивме комплет спортска опрема за ФК “Велмеј”-Велмеј и ФК “Славеј”-Мешеишта
✅Во село Лешани извршивме уредување на просторот позади училиштето во село Лешани, асфалтирање –изградба на кошаркарско игралиште, 250 м2, уредување со бекатонски плочки, 290 м2, метална ограда, канал за одводнување, два рефлекторски столба со четири рефлектори, кош, детско катче, урбана опрема-столици и канти за отпад.
Вкупната вредност на проектот изнесува 1.557 807 денари, од кои 1.400.000 се обезбедени од Биро за регионален развој,а 157.807 денари од Буџетот на општина Дебрца за 2020 година.
✅Поставено ново лед осветлување на спортскиот полигон во село Лешани.
✅Обезбедено ново возило Duster, кое за потребите на општина Дебрца ќе се користи и како специјално теренско возило за спасување во зимски услови, во рамките на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија.
✅Во село Белчишта-уредување на централното подрачје
✅Во село Оровник извршено е тампонирањето на полскиот пат во местноста “Широки Разор”, село Оровник, во должина од 1548 метри.
Вкупната вредност на работите изнесува 1.161.665 денари, од кои 984.462 денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, а 177.203 денари се учество на општина Дебрца.
✅Во рамките на Годишната програма за изградба, реконструкција на општинските патишта и улици извршивме:
-тампонирање и асфалтирање на патот до Црква “Св.Богородица” и гробиштата во село Ботун, во должина од 550 метри,
-тампонирање и асфалтирање на улица во село Врбјани, во должина од 320 метри,
-асфалтирање на паркинг простор пред административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта
Започнавме со собирање на комунален отпад и во селата на Средна и Горна Дебрца
👉Вредно е да ги споменеме и следните проекти:
✅реконструкција на делницата село Велмеј-село Брежани и неколку други делници од регионалниот пат, проект реализиран од Јавното претпријатие за државни патишта
✅-доизградба на патниот правец село Волино ( Дебрца ) – село Мороишта ( Струга ), делница: граница помеѓу општина Дебрца и општина Струга – село Мороишта, односно регионално патно поврзување помеѓу двете соседни општини
✅ЈП “Македонија Пат” со припомош на општинска механизација изврши изведба на банкините на делницата Ботун-Белчишта, во должина од 2,5 км и делницата Белчишта – Лешани, во должина од 2,0 км.
👉Проектите ќе продолжиме да ги реализираме и во наредната 2021, особено таму каде што не реализиравме или реализиравме помалку оваа година
И најважно од се е, да бидеме живи и со добро здравјe.