Врз основа на член 19 и член 23 од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ брoj 68/2004; 127/2006; 114/2009; 83/2010; 140/2010; 17/2011; 53/2011; 6/2012; 23/2013; 120/2013; 163/2013; 187/2013; 42/2014; 112/2014; 166/2014; 44/2015; 97/2015; 124/2015; 129/2015; 193/2015; 37/2016; 71/2016; 64/2018; 140/2018 и 163/2018),Одлуката за заедничко организирање на јавен линиски превоз на патници, донесена од советот на општина Дебрца ( “Службен гласник на општина Дебрца”, број 13/2013 ), Одлуката за заедничко организирање на јавен линиски превоз на патници, донесена од советот на општина Охрид ( “Службен гласник на општина Охрид”, број 03/2014 ) и Спогодбата за заедничко организирање на линиски превоз на патници, број 03-3286/1, од 25.03.2014 година и број 03-1463/3, од 27.03.2014 година, се објавува:
ЈАВЕН ПОВИК БРОЈ 01/2021
ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОЗВОЛИ И СУБВЕНЦИИ ЗА ВРШЕЊЕ НА МЕЃУОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ КОЈ ЗАЕДНИЧКИ ГО ОРГАНИЗИРААТ ОПШТИНА ДЕБРЦА И ОПШТИНА ОХРИД
- ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на Јавниот повик е доделување на дозволи и субвенции за вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Дебрца и општина Охрид, на линии од градот Охрид до населените места во општина Дебрца и обратно, и тоа:
ред. број
|
назив на линијата |
автобуски стојалишта |
1. | Охрид-село Врбјани | Автобуска станица Охрид, Мини маркет, Градски пазар, Даљан, село Подмолје, село Оровник, село Горенци, село Требеништа, село Мешеишта, село Ботун,село Ново Село, село Песочани,село Лактиње, село Годивје, село Арбиново, село Сливово, село Врбјани |
2. | Охрид-село Слатино | Автобуска станица Охрид, Мини маркет, Градски пазар, Даљан, село Подмолје, село Оровник, село Горенци, село Требеништа, село Мешеишта, село Ботун,село Ново Село, село Песочани,село Издеглавје, село Оздолени, село Слатино |
3. | Охрид – село Велмеј | Автобуска станица Охрид, Мини маркет, Градски пазар, Даљан, село Подмолје, село Оровник, село Горенци, село Требеништа, село Мешеишта, село Ботун,село Злести, село Белчишта, село Лешани, село Велмеј |
4. | Охрид – село Мешеишта | Автобуска станица Охрид, Мини маркет, Градски пазар, Даљан, село Подмолје, село Оровник, село Горенци, село Требеништа, село Волино, село Мешеишта |
Возните редови за горенаведените линии се утврдени со Спогодбата за заедничко организирање на линискиот превоз на патници и се дадени во Документацијата, која е составен дел на Јавниот повик.
Локациите на автобуските стојалишта се утврдуваат со одлуки на советите на општините и нивното оддржување е обврска на општините. Превозниците се должни да се придржуваат кон утврдените локации на автобуски стојалишта.
Овој Јавен повик е согласно и со член 22-б од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РМ“ број 174/2018) кој гласи:
„Бесплатниот превоз на ученици утврден со Законот за основното образование и Законот за средното образование на подрачјата на општините каде што има утврден возен ред се врши од страна на носителите на дозвола за општински линиски превоз, по цени и на начин утврдени од советите на општините и Советот на град Скопје“.
Дозволите за вршење на меѓуопштинскиот линискиот превоз на патници на линиите од реден број “1” до реден број “4” се доделуваат за времетраење од 5 ( пет ) години.
Согласно одлуката за остварување на субвенции во линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Дебрца и општина Охрид ( “Службен гласник на општина Дебрца”, број 01/2021 ),субвенции се доделуваат за линиите од реден број “1” до реден број “3”.
Субвенционирањето се врши на месечно ниво , согласно вкупно изминатите километри предвидени со регистрираниот возен ред.
Должината на линијата, која е предмет на субвенционирање ќе биде утврдена од страна на комисија формирана од градоначалникот на Општина Охрид и градоначалникот на Општина Дебрца, согласно со утврдените стојалишта, а во присуство на претставник на превозникот.
Должината на линијата ќе се мери од последното утврдено стојалиште при излез од градот Охрид до првото утврдено стојалиште при влез во населеното место во општина Дебрца кое е крајна дестинација на линијата и обратно.
Субвенцијата изнесува 10 (десет) денари по изминат километар.
Општина Дебрца и општина Охрид ќе ја исплаќаат субвенцијата од претходниот став во еднаков износ, односно секоја општина ќе исплаќа субвенција од по 5 ( пет ) денари по изминат километар.
Ако на одредената линија превозникот сообраќа повеќе пати во текот на еден ден, се субвенционираат најмногу до две поаѓања и доаѓања.
Плаќањето ќе се врши со доставување на фактура и месечен извештај со изминати километри, во рок од 30 дена, сметано од денот на приемот на фактурата, со придружните документи доставени во архивата на општините – давателите на дозвола за превоз.
Превозниците кои ќе добијат субвенции се должни да обезбедат бесплатен годишен превоз на инвалидизирани лица (глуви, слепи, телесни инвалиди), лица со интелектуална попреченост и родители на деца со церебрална парализа, по доставени списоци од соодветните здруженија, потврдени од надлежните подрачни министерства/фондови.
- ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
2.1. Право на учество на јавниот повик имаат правни лица, под услови утврдени со документацијата за јавниот повик и тоа:
- имаат важечка лиценца за вршење на општински линиски превоз на патници и важечки изводи од лиценца за секое возило;
- се впишани во Централен регистар на РМ и имаат регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра: вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај;
- се сопственици на најмалку две регистрирани возила по линија или да имаат договор за лизинг, за возила со најмалку 20 седишта, кои ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови за моторни возила наменети за вршење на општински линиски превоз;
- имаат вработено во редовен работен однос возачи во зависност од бројот на моторните возила, минимум еден возач по возило;
- имаат обезбедено сертификат за професионална компетентност за управителот или за овластеното лице одговорно за превоз во правното лице;
- имаат добар углед;
- во возилата имаат вграден фискален апарат;
- имаат доказ дека против правното лице не се води постапка за стечај и ликвидација.
Заинтересираните правни лица имаат право за секоја линија да поднесат поединечни понуди, во посебен плик, со напомена дека предмет на евалуација се понуди, почнувајќи од линија „1“. Во случај да е искористен понудениот капацитет на превозни средства со добивање на “првата линија”, сите понуди за следните линии се сметаат како да не се поднесени.
Јавниот повик се смета за успешен и во случај ако биде доставена најмалку една понуда што ги исполнува сите услови и барања предвидени во документацијата за Јавниот повик.
- 3. КРИТЕРИУМИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА НА ПОНУДУВАЧИТЕ
За да учествуваат во постапката за доделување на дозволи и субвенции, односно за да може понудите да се оценуваат/евалуираат, понудувачите треба да се квалификувани како способни, за што мора да ги исполнат критериумите за утврдување на нивната способност, кои се поблиску дадени и опишани во документацијата за јавниот повик.
Понудувачите треба да потпишат Изјава дека ги прифаќаат условите од документацијата за јавниот повик и моделот на договор, кој е составен дел на документацијата.
- ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Потребната документација е утврдена во документацијата за јавниот повик за доделување на дозволи и субвенции за вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Дебрца и општина Охрид.
- КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА
Доделувањето на дозволите и субвенциите ќе се изврши по пат на евалуација на понуди со поднесување на затворени пpијави.
Пријавите се поднесуваат во затворен плик до Комисијата, а се отвораат јавно во присуство на овластени лица на подносителот.
Доставените пријави се бодуваат според следните критериуми:
- За просечна старост на возилата што превозникот ќе ги користи за меѓуопштинскиот линискиот превоз на патници, превозникот може да добие најмногу 30 бода, и тоа:
- до 5 години просечна старост на возилата – 30 бода
- од 6 години до 10 години – 20 бода
- повеќе од 10 години – 10 бода
- За број на вработени, превозникот може да добие најмногу 30 бода, и тоа:
- до 5 вработени – 10 бода
- од 6 до 10 вработени – 20 бода
- повеќе од 10 вработени – 30 бода
- За исполнување еколошки стандарди на возилата, за пресметан просек, превозникот може да добие најмногу 40 бода, и тоа:
- од Еуро 2 до Еуро 3 – 10 бода
- од Еуро 3 до Еуро 4 – 20 бода
- од Еуро 4 до Еуро 5 – 30 бода
- над Еуро 5 – 40 бода
Во случај на ист број бодови, предност има превозникот кој има прв поднесено понуда во архивата на општина Дебрца.
- НАЧИН И АДРЕСА НА ПОДИГНУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВЕН ПОВИК
6.1 Документацијата за јавниот повик ќе биде објавена на www.debrca.gov.mk а истата може да се подигне секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот , во архивата на Општина Дебрца, со седиште во село Белчишта, најдоцна еден ден пред рокот утврден во точка 7.1.
- 7. РОК, АДРЕСА И НАЧИН НА ИЗГОТВУВАЊЕ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
7.1. Краен рок на поднесување на понудите е 24.02.2021 година до 12:00 часот по локално време.
7.2. Понудите се доставуваат преку пошта или директно во архивата на Општина Дебрца, 6344 село Белчишта.
7.3. Понудувачот го поднесува оригиналниот примерок на Пријавата ( Прилог 1 ) во запечатен внатрешен плик, кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса, со назнака „Пријава за јавен повик“ во горниот лев агол.
7.4. Документите за утврдување на способност на понудувачите се поднесуваат во посебен запечатен внатрешен плик кој го содржи називот на понудувачот со целосна и точна адреса, со назнака „Документи за утврдување на способноста “ во горниот лев агол.
7.5. Внатрешните пликови се приложуваат во запечатен надворешен плик кој:
- е адресиран со целосна и точна адреса на Општина Дебрца;
- го содржи бројот на Јавниот повик; и
- во горниот лев агол стои ознака „Не отварај“.
7.6. Доколку сите пликови не се запечатени и обележани како што е погоре утврдено, Општина Дебрца не презема одговорност за губење или предвремено отворање на понудата.
- ЈАЗИК НА ПОНУДАТА
Понудата се изготвува и доставува на македонски јазик.
- ГАРАНЦИЈА ЗА УЧЕСТВО
9.1. Како дел од Понудата понудувачот обезбедува гаранција за учество, во форма на банкарска гаранција, во износ од 10.000 денари или депонирање на средства во касата во благајната на Општина Дебрца, до моментот на поднесување на понудата.
9.2. Банкарските гаранции се поднесуваат во оригинална форма, копии не се прифаќаат.
9.3. По завршување на постапката, гаранцијата за учество или депонираните средства, се враќаат на учесниците во постапката, во рок од 7 (седум) дена од денот на склучување на договорот со избраниот најповолен понудувач.
- ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
10.1. Јавното отворање на понудите ќе се изврши на ден 24.02.2021 година во 12.05 часот, по локално време, во просториите на салата за седници на советот на општината, административна зграда на Општина Дебрца, 6344 село Белчишта.
10.2. Предмет на разгледување се понудите кои се пристигнати до денот и часот утврден во точка 7.1. Понуди пристигнати по датумот и часот утврден во точка 7.1. ќе се сметаат како ненавремени и нема да бидат предмет на разгледување.
10.3. Секој што сака да присуствува на отварањето на понудите, своето право на присуство го докажува со овластување дадено од одговорното лице на понудувачот.
11.ПОЈАСНУВАЊА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
11.1. Појаснувања и дополнителни информации во врска со Јавниот повик заинтересираните лица можат да побараат до Комисијата за спроведување на постапката, на телефон 046 286 855 или да постават прашања во писмена форма на следната електронска адреса : contact@debrca.gov.mk.
Краен рок за поставување прашања: 19.02.2021 година.
12.Постапката по Јавниот повик ќе ја спроведе Комисијата формирана од градоначалникот на Општина Дебрца и градоначалникот на Општина Охрид.
Комисија за спроведување на постапката,
Даниел Паункоски – претседател
Димитар Велјаноски – член
Климент Талески – член
