Select Page

Врз основа на член 48 став (4) од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и Сл.Весник на РСМ бр. 14/20) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ“ бр. 11/15 и 35/18), општина Дебрца објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2021 за унапредување на административен службеник во општина Дебрца

Општина Дебрца објавува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:

 

  1. Самостоен референт –Книговодител- УПР0101В03000, Одделение за финансиски прашања ­­­­­­­­­­­­­­­­­­­­ –1 (еден) извршител

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонски јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

Посебни услови :

  • ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според

Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование.

  • -активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

работно искуство, и тоа: најмалку три години работно искуство во струката,

-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија

(англиски, француски, германски),

 Потреби општи работни комепетенции на основно ниво:

учење и развој;

– комуникација;

– остварување резултати;

– работење со други/тимска работа;

– ориентираност кон странки/засегнати страни и

– финансиско управување.

Распоред на работно време:

  • Работни денови:од Понеделник до Петок
  • Работни часови неделно: 40 часа
  • Работно време: од 07:30 до 15:30 часот
  • Паричен износ на основна нето плата: 16 464,00 денари

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во општина Дебрца кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место како и:

  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при оценувањето за 2020 година,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или на работно место во рамките на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка за 2020 година.

Кон пријавата можат да се приложат и други докази:

  • потврди за успешно реализирани обуки и
  • потврди за успешно реализирано менторство.

Административниот службеник се пријавува со пополнување на пријава објавена во прилог на интерниот оглас.

Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Дебрца и до службената електронска адреса: contact@debrca.gov.mk

Рокот за пријавување изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на web страната на институцијата.

Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб станата на општина Дебрца и тоа:

Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување.

Фаза 2 –интервју се спроведува  во рок од 5 дена од завршување на фаза 1.

НАПОМЕНА:

Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

 

Пријавата за аплицирање може да се спушти со кликање тука.