Select Page

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Дебрца објавува:

КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија за студиската 2021/2022 година

 

 

I.ВОВЕД

Општина Дебрца за студиската 2021/2022 година ќе додели стипендии на редовни студенти од општина Дебрца, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија.

 

  1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република С. Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се редовни студенти од I година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран одличен успех;
  2. Да се редовни студенти на повисоките години кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа: за студенти запишани на студиски програми од информатика, природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки да имаат постигнато просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,50 , а за студентите на факултетите од општествените науки, на факултетите од уметностите и на другите студиски програми да имаат постигнато најмалку 8,00 просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година;
    3. Да не повторувале година во текот на студирањето;
  3. Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или фирми;
  4. Да се државјани на Република С. Македонија и жители на општина Дебрца.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

-Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2021/2022 година за сите студиски програми.

-Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.

 

III.НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да го  пополнат потребниот образец  за пријава поставен на интернет страната  www.debrca.gov.mk.

Со Пријавата потребно е да се достават следните документи:

1.Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2021/2022 година;

  1. Уверение за положени испити од претходните години ( студентите од I година доставуваат фотокопие од свидетелства од I-IV година средно образование);
  2. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија;
  3. Изјавана кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во пријавата;
  4. Изјаваза користење и обработка на личните податоци на кандидатот , со која се сложува општина Дебрца по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;
  5. Фотокопија од индекс.

 

Потребните документи можете да ги спуштите со кликање тука

 

 

  1. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Пријавата со потребните документи, кандидатите треба да ги достават во рок од 15 дена, а најдоцна до 30.12.2021 година, на адреса: Општина Дебрца, 6344 село Белчишта, во затворен плик,  со назнака:  „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување ученички и студентски  стипендии“.

 

 

  1. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500,00 денари месечно,  за девет месеци во текот на студиската година.

 

VI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Пријавите нема да бидат разгледувани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен најдоцна до  15.01.2022 година на интернет страницата на Општина Дебрца.

Студентите кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со општина Дебрца со кој ќе се уредат меѓусебните права и обврски.

 

 

                                                                                                ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                               Градоначалник

                                                                                                Зоран Ногачески