Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 и 119/16) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2022 година, број 01-2119/10, од 24.12.2021 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи
1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 1 работник ,ракувач со механизација ( универзален ровокопач, мини ровокопач, трактор со мулчер) и 1 работник, ракувач со моторна пила и секач на огревно дрво, за времетраење до 12 месеци, за извршување на јавни работи и тоа –Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи),Сеча, утовар и транспорт на огревно дрво- кое на општина Дебрца и е донирано, согласно договор склучен со Јавно претпријатие за државни патишта.
- 2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.
Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок и тоа за ракувачот со механизација во износ од 850 денари дневно, а за ракувачот со моторна пила и секач на огревно дрво во износ од 700 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.
3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Пријава и
-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.
4.Огласот трае три дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk и огласната табла на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центар за вработување Охрид, односно до 30.12.2021 година.
5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Зоран Ногачески