Select Page

Со едриличарска прошетка по езерото и промоција на пловило на соларен погон, денес беше одбелжан 21 јуни, Денот на Охридското езеро. На манифестацијата како домаќин покрај градоначалникот Кирил Пецаков, присуствуваа и градоначалниците на Подградец Илир Џаколи и на Дебрца, Зоран Ногачески.

Денес уште еднаш ја потенцираме потребата од координирани активности, меѓуопштинска и меѓугранична соработка, исполнување на препораките на УНЕСКО, за да се обезбеди долгорочна заштита и одржлив туристички развој на крајбрежјето на Охридското Езеро. Општина Дебрца која е дел од брегот на Охридското Езеро и дел од светското природно и културно наследство на Охридскиот регион е значајна алка во заштитата на нашиот бисер, Охридското Езеро.- изјави градоначалникот Ногачески по повод Денот на Охридското езеро.