Select Page

Со денешното повторно чистење на патниот правец за село Турје сите патни правци во Дебрца се исчистени и проодни.

Ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да се придржуваат кон сите безбедносни упатства при движењето во услови на снег и лед да ги почитуваат законските обврски кои се во важност од 15 ноември за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.