Во општина Дебрца Градоначалникот Зоран Ногачески оствари средба со Дејвид Маерс, шефот на политичкиот и економскиот оддел и Митко Бурчевски политички асистент во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.
На средбата гостите ги запозна со профилот на општина Дебрца,реализираните и тековните проекти, проблемите во функционирањето на локалната самоуправа,процесот на децентрализација,предизвиците, економските и инфраструктурните можности за развојот на општина Дебрца,можностите за користење на донаторските средства на меѓународните организации и можноста за воспоставување на заедничка соработка со Амасадата на САД.
Нагласи дека е особено важна соработката на Република Македонија со Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер во сите области, вклучително и во развојот на општините.
Заеднички заклучивме дека остануваме отворени за соработка во насока на реализација на проекти кои значително ќе помогнат во подобрување на функционирањето на локалната самоуправа.
Градоначалникот ја искористив можноста на г- динот Маерс да му подари реплика од златната маска од Требенишката некропола,нашиот археолошки локалитет од светско значење.