Select Page
Почитувани сограѓани,
Во духот на отчетноста и транспарентноста, чувствувам обврска лично да Ве информирам за сè што е реализирано и започнато во првите 100 дена од мојот мандат во Општина Дебрца.
Довербата се гради со работа, со чесен пристап и со конкретни резултати.
Отчетноста не е само збор – таа е обврска кон народот.
Јас сум еден од Вас.
Ги знам предизвиците и секојдневно работам на нивно решавање.
Ветивме грижа за секој човек, поддршка за младите, силна инфраструктура и уредена животна средина.
Првите 100 дена покажуваат дека зборот станува дело.
👇 Ова се дел од резултатите што заедно ги постигнавме:
✔ Воведовме субвенционирање на возачки дозволи за млади до 21 година во износ од 20.000 денари;
✔ Обезбедивме субвенции за продавници како поддршка за локалната економија 10.000 денари месечно;
✔ Извршено е чистење на крајпатна вегетација на патниот правец Белчишта – Ново Село;
✔ Расчистена е вегетација и канали на патниот правец Ботун – Велмеј;
✔ Исчистена е крајпатна вегетација на потегот Годивје – Врбјани – Лактиње;
✔ Расчистена е вегетација во с. Требеништа и с. Мешеишта;
✔ Исчистена е крајпатна вегетација Издеглавје – Слатино;
✔ Целосно е расчистена дивата депонија во Грко Поле;
✔ Целосно е расчистена дивата депонија кај „Сини Вирој“ во Белчишта;
✔ Поставен е нов асфалт на улица „Романка“ во Мешеишта;
✔ Уредени се банкините на регионалниот пат Ботун – Велмеј;
✔ Асфалтиран е патот до с. Долно Средорече во должина од 630 метри;
✔ Започната е реконструкција на улица во Волино до црквата Св. Петка;
✔ Започната е реконструкција на Домот на култура во Волино;
✔ Пробиен е нов пат од 600 метри до црквата Св. Атанасиј во Лешани;
✔ Тампониран е пат во должина од 300 метри во Мешеишта;
✔ Изградивме базен во Песочани;
✔ Набавени се грејни тела за училишната зграда во Горенци;
✔ Реконструирана е оградата на игралиштето во Горенци;
✔ Уреден е дворот пред здравствениот дом во Белчишта;
✔ Расчистени се речни корита и канали во повеќе населени места низ општината;
✔ Извршено е новогодишно уредување пред општинската зграда во Белчишта;
✔ Традиционално е одбележана Стара Нова Година (Василица) со обезбедена храна и огрев за сите населени места;
✔ Набавени се униформи за вработените во ЈПК Дебрца;
✔ Набавени се 480 канти од 120 литри во соработка со Министерството за животна средина;
✔ Набавена е машина за канализациони системи за потребите на ЈКП Дебрца;
✔ Обезбеден е камион МАН за собирање смет (донација од Град Виена);
✔ Обезбедено е возило Фолксваген транспортер за потребите на ЈКП Дебрца;
✔ Обезбедени се финансиски средства за поддршка на спортските клубови и манифестации;
✔ Обезбедени се средства за поддршка на културно-уметничките друштва;
✔ Исплатени се 8.246.582 денари на земјоделците за штета од природни непогоди;
✔ Превземени се обврски на ЈПК Дебрца во износ од 5.500.000 денари за потрошена електрична енергија од пумпни станици;
✔ Доделуваме 100.000 денари за трето дете и секое наредно новороденче;
✔ Обезбедуваме 30.000 денари поддршка за склучување брак за лица до 30 години;
✔ Обезбедуваме 6.000 денари поддршка за склучување брак за лица над 30 години;
✔ Доделуваме 6.000 денари за секое новороденче;
✔ Обезбедуваме 30.000 денари помош за семејства погодени од елементарни непогоди, пожари и поплави;
✔ Овозможуваме еднократна парична помош за лекување;
☝️ Ова не се само бројки.
🙌 Ова се конкретни чекори за стабилна, развојна и достоинствена Дебрца.
100 дена посветеност‼️
100 дена одговорност‼️
100 дена видливи резултати‼️
‼️ Но ова е само почеток.
Продолжуваме со исто темпо, со уште повеќе енергија и со јасна цел –
Дебрца да биде општина со развиена инфраструктура, силна локална економија, чиста животна средина и сигурна иднина за младите.
🙏 Ви благодарам за довербата.
Заедно продолжуваме напред – за нашата Дебрца!