Select Page
Oдбележани 74 години од победата над фашизмот и Денот на Европа.

Oдбележани 74 години од победата над фашизмот и Денот на Европа.

Денес, со посета на Споменикот на револуцијата, победата и слободата „Кременатец“ и споменикот на паднатите борци пред општинската зграда во с.Белчишта и бистата на Трајче Дојчиноски, со положување свежо цвеќе и историски час се одбележаа 74 години од победата над фашизмот и Денот на Европа.
Ние, граѓаните на Дебрца сме посебно горди на овој Ден, бидејќи Дебрца е местото каде се исковани најголемите придобивки од НОАВМ, 1941-1945 година.
Овој ден се одбележува и како Ден на Европа, бидејќи го означува пресвртниот момент во кој е дефиниран идниот изглед на Европа,а познатата Шуманова декларација, се смета за почеток на формирањето на денешната Европска унија.
9 мај треба да послужи и како потсетник дека фашизмот во Европа и во светот никогаш не е искоренет и вистински поразен и дека против него треба да се бориме и денес, секојдневно, бидејќи антифашизмот, рамноправноста и почитта меѓу луѓето, без оглед на нацијата, верата, расата, полот се цивилизациски текови и вредности кои мораат да се негуваат.- изјави градоначалникот Зоран Ногачески по положувањето на свежо цвеќе.

Потпишан Меморандум за соработка во рамки на проектот “Нула глад во општина Дебрца”

Потпишан Меморандум за соработка во рамки на проектот “Нула глад во општина Дебрца”

Вчера градоначалникот Зоран Ногачески со Организацијата за поддршка и помош на социјално загрозени и сиромашни граѓани “Еурохуман Интернационал”, Скопје, Г-дин Сејфула Бектеши потпишаа  Меморандум во рамки на проектот “Нула глад во општина Дебрца”, кој ќе се имплементира од “Еурохуман Интернационал”, организацијата “Банка за храна Мк” и општина Дебрца.

Целта на соработката е помош и поддршка на семејства и лица од општина Дебрца кои живеат во социјален ризик.
Проектот “Нула глад” е проект на Обединетите Нации, кој има за цел да стави крај на гладот, да ги елиминира сите форми на неухранетост и да изгради инклузивни и одржливи прехранбени системи.- изјави градоначалникот Ногачески по средбата.

Градоналникот Ногачески домаќин  на учесниците од Еразмус+ програмата

Градоналникот Ногачески домаќин на учесниците од Еразмус+ програмата

Денес градоначалникот Ногачески беше домаќин на учесниците од тимовите на Грција, Турција, Шпанија и Португалија, кои во рамките на проектот #play2adapt од Еразмус + програмата, учестваат на втората мобилност, чиј домаќин е нашето основно училиште.
Првата средба се одржа во градот Невшехир, Турција, во Декември, минатата година.

 

Посакувајќи им топло добредојде и убав престој во нашата општина и држава, гостите ги запознав со профилот на нашата општина, нејзините природни убавини, богатото историско, културно и археолошко наследство, по кои општината не случајно е дел од светското природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО.
На сите учесници им посакав успешна имплементација на проектните активности, притоа несомневајќи се дека ќе бидеме добри домаќини и дека гостите ќе заминат со убави впечатоци од Дебрца и Македонија.
Имплементацијата на вакви проекти има особено значење за нашата општина и училиште, посебно за нивната меѓународна промоција и афирмација.- изјави градоначалникот Ногачески по средбата.

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Рамазанските пости

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Рамазанските пости

Почитувани,дозволете ми, од свое лично име и од името на вработените од општина Дебрца да Ви упатам честитки по повод почетокот на Рамазанските пости.  

Светиот месец Рамазан е месец посветен на солидарност, сплотеност и хуманост, месец кој буди меѓусебното разбирање, почитта, несебичноста и човекољубието.

Овој свет месец Рамазан нека биде исполнет со среќа во вашите домови, мир во вашите души и добрина во срцето.

ЈАВЕН УВИД НА ОПШТИОТ АКТ ЗА СЕЛО БРЕЖАНИ

ЈАВЕН УВИД НА ОПШТИОТ АКТ ЗА СЕЛО БРЕЖАНИ

Согласно Прирачникот за начинот на водење на постапката за донесување и изготвување на општ акт за село кое нема урбанистички план бр.24-395/1 од 11 Јануари 2019 година, Општиот акт за село Брежани и Предлог-Oдлуката ќе се  објавени на веб страната на единицата на локалната самоуправа заради овозможување на јавен увид во времетраење од 17 работни дена, односно од 06.05.2019 год. заклучно со 29.05.2019 год. Во овој рок засегнатите граѓани можат да достават предлози, сугестии или приговори, по кој одлучува комисијата која ја изработува Предлог-одлуката.