Select Page
Во тек е Партерно уредување кај црква “Св.Атанасиј” и светиот крст,во село Лешани

Во тек е Партерно уредување кај црква “Св.Атанасиј” и светиот крст,во село Лешани

Се поставени бекатон плочки, 330 м2,травертин 35 м2,  треба да се доизградат 3 канделабри, пет клупи,садници.

Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.

Потрошено вкупно нула денари општински средства за репрезентација и патни трошоци на градоначалникот- Зоран Ногачески

Потрошено вкупно нула денари општински средства за репрезентација и патни трошоци на градоначалникот- Зоран Ногачески

Во двата мандати градоначалник на општина Дебрца потрошив вкупно нула денари општински средства:

  • За репрезентација на градоначалникот вкупно нула денари,
  • За патни торшоци вкупно нула денари.

Не Вработив членови на потесното семејство-ниту еден, сами си најдоа работа во приватни фирми.

Многумина ќе речете дека никој нема да ми рече фала,а јас искрено мислам дека така треба да функционира секоја нормална власт и држава.

Горното не го напишав за да се пофалам,туку да демантирам поединци,кои како се приближуваат изборите ми пишуваат разно-разни текстови на мојот профил.

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата на новата учебна 2025/2026 година- Градоначалникот Зоран Ногачески им приреди свечен прием

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата на новата учебна 2025/2026 година- Градоначалникот Зоран Ногачески им приреди свечен прием

За почетокот на новата учебна 2025/2026 година –Градоначалникот Зоран Ногачески им приреди свечен прием за 20 те првачиња од ООУ Дебрца.

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им додели училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари.

Пред првачињата и родителите уште еднаш ја потенцира заложбата дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

И оваа година општина Дебрца на сите првачиња ќе им додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.

И во оваа прилика изразувам благодарност до фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков и до почесниот конзул на Република Македонија во Перт, Г дин Зоран Ќосески , по чија иницијатива фондацијата од 2013 година непрекинато пред почетокот на секоја учебна година доделува училишен прибор за првачињата од општина Дебрца.

Оваа година подароци за првачињата донираа и Министерството за образование и наука и Комерцијална банка АД Скопје.

Добредојдовте и среќно првачиња!

Изградба на пристапен пат до манастирска црква,,Св Богородица ” село Ботун

Започна асфалтирањето на патниот правец од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”

Деновиве започна изградба на пристапниот пат од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”,во должина од 1.3 км.

Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца.

Исто така, со министерството за транспорт и врски  е потпишан договор за користење на средства за проектот “реконструкција на патот од село Злести до црква “Рождество на Пресвета Богородица”, односно негово асфалтирање, со кој се обезбедени 5.071.787 денари од Министерството за транспорт и врски,а преостанатите 3.358.516 денари се обезбедени од општината.

И за овој проект тендерот е објавен, со што ќе биде исполнето уште едното дадено ветување пред граѓаните.