Select Page
ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Реден број Носител на активноста Одобрени средства
1. Здружение за изградба на црква и развој ЦРКОВЕН ОДБОР СВ. ИЛИЈА Оровник Дебрца 80.000 денари

 

2. Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ 2016 Охрид

 

 

30.000 денари
  Вкупно: 110.000 денари
ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

Реден број Носител на активноста Одобрени средства
1. Здружение за ретки болести РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК – Охрид 30.000 денари

 

2. ОО на СБ од НОАВМ од Охрид и Дебрца

 

30.000 денари
3. Здружение на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца МОБИЛНОСТ ОХРИД 1988 Охрид 30.000 денари

 

  Вкупно: 90.000 денари
ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРА И КУЛТУРНО ТВОРЕШТВО НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

Реден број Носител на активноста Одобрени средства
1. Фолклорен ансамбл „Свети Петар и Павле“ Мешеишта 60.000 денари

 

2. Здружение на пензионери на пензионерите на општините Охрид и Дебрца

 

30.000 денари
3. Здружение за култура, литература и уметност „МАЦКОВО“ 30.000 денари

 

4. Здружение Уметничка колонија „Дебрца“ 100.000 денари
5. Здружение за унапредување ОРОВНИК 2012 30.000 денари
  Вкупно: 250.000 денари
Kонкретни мерки со директна финансиска помош за жителите во општината

Kонкретни мерки со директна финансиска помош за жителите во општината

ЗАД СЕКОЈ НОВ ПОЧЕТОК СТОИ ОПШТИНА ШТО СЕ ГРИЖИ ❤️
Како Општина, јасно и одговорно стоиме зад семејствата, младите и секој наш сограѓанин на кого му е потребна поддршка. Затоа воведуваме конкретни мерки со директна финансиска помош:
  • 100.000 денари за трето и секое наредно новородено дете;
  •  6.000 денари за прво и второ новороденче;
  •  30.000 денари поддршка за млади до 30 години кои првпат склучуваат брак;
  •  6.000 денари поддршка за лица над 30 години при склучување брак;
  •  Еднократна парична помош за лекување;
  •  До 30.000 денари помош за семејства погодени од пожари и поплави;
 Социјални пакети со храна и средства за хигиена за социјално загрозени лица, самохрани родители и семејства во ризик;
 Мерките се наменети за жители со постојано место на живеење во Општина Дебрца и се реализираат согласно буџетските можности.
➡️ Ова не се празни зборови, туку реална грижа и конкретна поддршка.
➡️ Силна општина се гради со силни семејства.
Известување за започнување на постапка за донесување на Предлог на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Известување за започнување на постапка за донесување на Предлог на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Министерството за животна средина и просторно планирање започна постапка за донесување на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа.
Белчишко Блато претставува значајно влажно живеалиште со висока биолошка разновидност лоцирано во општина Дебрца, и е важно за зачувување на ретки и загрозени растителни и животински видови од национално и ЕУ значење, како и за одржување на природната рамнотежа и екосистемските услуги на регионот. Водено подрачјето е веќе идентификувано како идно Натура 2000 подрачје.
Во постапката поврзани со изработка на предлог Законот се предвидени следните активности:
Јавно известување кое се објавува на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) и на ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи на РСМ Македонија (http: //www.ener.gov.mk/).
Рокот за јавни консултации со засегнатите страни и граѓаните на Република Северна Македонија за доставување на коментари, мислења и предлози трае 20 дена од денот на објавувањето на содржината на предлог на законот на веб страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи.
Во текот на постапката може да бидат организирани директни консултации и состаноци со засегнатите страни како и јавна расправа доколку е потребно.
Вашите забелешки, мислења и предлози за предлог текстот на Законот може да ги доставите електронски на следниот e-mail: Билјана Тешева Ѓорѓиевска: b.tesheva@moepp.gov.mk,
Влатко Трпески: v.trpeski@moepp.gov.mk и
Кузман Куновски: k.kunovski@moepp.gov.mk .
Воедно, забелешките, мислењата и предлозите по предлог текстот на Законот може да се дадат и на веб порталот ЕНЕР (http: //www.ener.gov.mk/).
Учеството на јавноста е од особено значење за обезбедување квалитетна и одржлива заштита на Белчишко Блато, која ќе ги земе предвид природните вредности, но и интересите на локалното население.
Министерството ги охрабрува сите засегнати страни да се вклучат и да придонесат кон заедничка цел – зачувување на природното наследство за сегашните и идните генерации.
8-та седница на Советот на општината Дебрца

8-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 8-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 8та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден  30.01.2026 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                 

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на записник од 6-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврските и каса за 2025 година
  5. Предлог – Одлука за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица
  6. Предлог – Одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловни простории во зградата изградена на КП 2581 КО Велмеј запишана во имотен лист бр. 83136 КО Велмеј, општина Дебрца
  7. Предлог – Одлука за давање согласност на Програмата за работа и развој за 2026 година на ЈПКД „Дебрца“ Белчишта
  8. Предлог – Одлука за давање согласност на Инвестициона програма за 2026 година на ЈПКД „Дебрца“ за 2026 година
  9. Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈПКД „Дебрца за период од 01.01.2025 година – 31.03.2025 година
  10. Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈПКД „Дебрца за период од 01.04.2025 година – 30.06.2025 година
  11. Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈПКД „Дебрца за период од 01.07.2025 година – 31.09.2025 година
  12. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната програма за изградба , реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2025 година
  • Советнички прашања

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                   Иван Стрезоски