Select Page
Проодни и прочистени сите патни правци во општина Дебрца

Проодни и прочистени сите патни правци во општина Дебрца

Со чистење на патните правци за село Турје и село Мраморец и патната врска село Врбјани-село Годивје-село Лактиње сите патни правци во општина Дебрца се проодни.

Паралелно се работи на чистење на улици во селата, каде што тоа не е дозавршено.

 

Апелираме на внимателно возење бидејќи поради ниските температури по коловозите има мраз и подмрзнат снег.

Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“

Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“

Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“ во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Дебрца аплицираше со проект за „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“. Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот. Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 13.01.2025 година официјалните веб страници на:

• Општина Дебрца: https://debrca.gov.mk/

• ЕИП: www.wbprojects-mtc.mk или

• МТ: http://mtc.gov.mk/

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата.

Прилог:

ESMP CHL VOLINO_APPROVED BY PIU_MK

ФОРМУЛАР ЗА КОМЕНТАРИ ОПШТИНA ДЕБРЦА

 

Заврши уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани

Заврши уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани

Пред крајот на 2024 година заврши уште еден проект-реконструкција на објектот на месната заедница село Климештани.

Се изврши реконструкција на кровот,замена на прозорци и врати ,обработка на внатрешни ѕидови,тавани со кнауф,надворешна фасада со абрип,бетонски тротоари.

Вкупната вредност на работите изнесува: 1.003.000 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината.

Завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда во Оровник

Завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда во Оровник

Во село Оровник завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда.

Монтирана е топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.

Вкупната вредност на работите изнесува 793.123 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.

 

Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“

Советот на општина Дебрца гo усвои Буџетот на општината за 2025 година и годишните програми за развој на општината за 2025 година

На 41-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2025 година и Годишните развојни програми на општината за 2025 година.

На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2025 година.

Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2025 година е проектиран на износ од 162.500,000 денари од кој 50.824,154 денари предвидени средства за реализација на капитални и развојни проекти на општина Дебрца.

Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.

На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.

Во буџетот за 2025 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.

Реализирана во најголемиот дел  годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година

Реализирана во најголемиот дел годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година

Пред крајот на годината може да се сумира дека општина Дебрца во најголемиот дел ја реализира годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година.

Беа асфалтирани улици во повеќе населени места и тоа:

  1. Село Песочани- главната улица во должина од 1,1 км ,
  2. Село Лактиње-селскиот плоштад и дел кај мостот на патот кон село Годивје,
  3. Село Велмеј-улица во должина од 110 метри и рехабилитација на спортското/одбојкарското игралиште пред селскиот дом,
  4. Село Волино-улица во должина од 280 метри,
  5. Село Оздолени-улицата од сретсело до црква Св.Никола,во должина од 200 метри,
  6. Село Слатино-две улички во должина од 130 метри.

Средствата за овие активности се обезбедија од Буџетот на општината.

  • Деновиве започнаа подготвителните работи за реконструкција на патот село Злести-село Белчишта,во должина од 1.4 км,а за кој средствата се обезбедени од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините.