Уредување на патот до споменикот во Српница – село Лешани
Со тешка механизација работевме на уредување на патот до споменикот во Српница.
Извршивме чистење на крајпатната вегетација.
Опфатен е дел во должина од 6 километри.
Увид на започнатите градежни работи за реконструкција на улицата во с. Волино, на потегот кон црквата „Св. Петка“
Извршив увид на започнатите градежни работи за реконструкција на улицата во с. Волино, на потегот кон црквата „Св. Петка“.
На терен присуствуваа претставници од инвеститорот, изведувачот и надзорот, со кои разговаравме за динамиката и квалитетот на реализацијата.
Со овој проект обезбедуваме подобра и побезбедна инфраструктура за жителите на селото.
Во рамки на посетата го посетив и Домот на култура во Волино, кој ќе биде реконструиран во целост за потребите на жителите на селото.
Целосно пробиени сите патни правци во општина Дебрца
Почитувани сограѓани на Општина Дебрца, сакам да Ве известам дека општината е целосно исчистена од снежната покривка што нè затекна изминатата ноќ.
Уште од 3 часот наутро екипите беа на терен – подготвени, организирани и на нозе, како што доликува.
На осојничавите и критични места е фрлена сол и ризла, за поголема безбедност на патиштата.
Сепак, поради ниските температури, апелирам до сите граѓани да користат зимски гуми и да возат со прилагодена брзина.
Да се чуваме еден со друг – со малку внимание, зимата полесно се минува!
Завршен Базенот во с. Песочани
Завршен Базенот во с. Песочани, иако времето не нè послужи – ама кога се сака, сè се може.
Ни дожд, ни студ, ни лошо време не нè сопре да го довршиме започнатото. Оваа година, Светиот Крст во Песочани ќе се фрла во новиот базен.
Што сме ветиле – тоа и го правиме, зборот си е збор.
Кај нас нема „утре“ – се работи и делник и викенд, кога треба и како треба.
Продолжуваме понатаму со работа, уште многу работи нè чекаат.
Нека е за многу години – спремни сме за Водици во Песочани!
Општина Дебрца воспоставува дежурство 24/7 поради проблемите со обилните врнежи
Поради обилните врнежи од дожд, денес повторно се интервенираше на критични места каде што имаше излевање на неколку речни корита.
Од денес воспоставуваме дежурство 24/7 со целокупната механизација со која располагаме, со цел навремено да го заштитиме имотот и безбедноста на граѓаните од поплави и слични појави.
Секаде каде што ќе се појави опасност, граѓаните да нѐ контактираат веднаш.
Контакт телефони:
078 822 122 – Златко Сиљаноски
071 334 801 – Иван Стрезоски
