Select Page
Донација на град Виена за Општина Дебрца- Возило за собирање на комунален одпад

Донација на град Виена за Општина Дебрца- Возило за собирање на комунален одпад

Денес, во Виена градоначалникот на општина Дебрца ја подигна донацијата вредна 30.000 евра, камион MAN за собирање смет, кој ќе го користи ЈКП Дебрца.
Ова е само првиот чекор на нашата соработка со Општина Виена. Дебрца денес има уште еден голем пријател!
Градоначалникот на општина Дебрца Златко Сиљаноски искажа Благодарност до градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг и неговата администрација за оваа вредна донација. Ова возило ќе направи голем напредок во одржувањето на чистотата во нашите села.
Воедно искажа и  Благодарност  до општинската администрација која аплицираше за ова возило во 2024 година.
 Ова е само почеток на многу нови проекти и соработка помеѓу нашите општини.
Објавен Предлог на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Објавен Предлог на Закон за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје во категорија IV – Парк на природа

Ја информираме јавноста дека е во тек постапка за донесување на закон и официјално прогласување на Белчишко Блато (Сини Вирој) за заштитено подрачје во категорија IV- Парк на природата.
Овој значаен природен локалитет претставува едно од ретките зачувани блатни подрачја во државата, со богата биолошка разновидност, специфичен екосистем и големо значење за заштита на птици, растителни видови и водни живеалишта. Со прогласувањето за парк на природата ќе се обезбеди долгорочна заштита, унапредување и одржливо управување со просторот, во интерес на сегашните и идните генерации.
Постапката се спроведува во согласност со важечките законски прописи, при што ќе бидат вклучени релевантни институции, стручна јавност и локалната заедница. Целта е да се воспостави јасна рамка за заштита, контрола на активности и поттикнување на еколошки одржлив туризам.

Со овој чекор се прави значаен придонес кон зачувување на природното наследство и унапредување на еколошката свест.

Во постапката поврзана со изработка на предлог Законот се предвидени следните активности:
Јавно известување кое се објавува на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) и на ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи на РСМ Македонија http: //www.ener.gov.mk
Рокот за јавни консултации со засегнатите страни и граѓаните на Република Северна Македонија за доставување на коментари, мислења и предлози трае 20 дена од денот на објавувањето на содржината на предлог на законот на веб страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи.
Во текот на постапката може да бидат организирани директни консултации и состаноци со засегнатите страни како и јавна расправа доколку е потребно.
Вашите забелешки, мислења и предлози за предлог текстот на Законот може да ги доставите електронски на следниот e-mail:
Билјана Тешева Ѓорѓиевска: b.tesheva@moepp.gov.mk,
Влатко Трпески: v.trpeski@moepp.gov.mk и
Кузман Куновски: k.kunovski@moepp.gov.mk .
Воедно, забелешките, мислењата и предлозите по предлог текстот на Законот може да се дадат и на веб порталот ЕНЕР (http: //www.ener.gov.mk/).
Учеството на јавноста е од особено значење за обезбедување квалитетна и одржлива заштита на Белчишко Блато, која ќе ги земе предвид природните вредности, но и интересите на локалното население.
Министерството ги охрабрува сите засегнати страни да се вклучат и да придонесат кон заедничка цел – зачувување на природното наследство за сегашните и идните генерации.
ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Реден број Носител на активноста Одобрени средства
1. Здружение за изградба на црква и развој ЦРКОВЕН ОДБОР СВ. ИЛИЈА Оровник Дебрца 80.000 денари

 

2. Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ 2016 Охрид

 

 

30.000 денари
  Вкупно: 110.000 денари
ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

Реден број Носител на активноста Одобрени средства
1. Здружение за ретки болести РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК – Охрид 30.000 денари

 

2. ОО на СБ од НОАВМ од Охрид и Дебрца

 

30.000 денари
3. Здружение на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца МОБИЛНОСТ ОХРИД 1988 Охрид 30.000 денари

 

  Вкупно: 90.000 денари
ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ КОИ ПРИДОНЕСУВААТ ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

ОДОБРЕНИ СРЕДСТВА ПО ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА КУЛТУРА И КУЛТУРНО ТВОРЕШТВО НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА

Реден број Носител на активноста Одобрени средства
1. Фолклорен ансамбл „Свети Петар и Павле“ Мешеишта 60.000 денари

 

2. Здружение на пензионери на пензионерите на општините Охрид и Дебрца

 

30.000 денари
3. Здружение за култура, литература и уметност „МАЦКОВО“ 30.000 денари

 

4. Здружение Уметничка колонија „Дебрца“ 100.000 денари
5. Здружение за унапредување ОРОВНИК 2012 30.000 денари
  Вкупно: 250.000 денари
Kонкретни мерки со директна финансиска помош за жителите во општината

Kонкретни мерки со директна финансиска помош за жителите во општината

ЗАД СЕКОЈ НОВ ПОЧЕТОК СТОИ ОПШТИНА ШТО СЕ ГРИЖИ ❤️
Како Општина, јасно и одговорно стоиме зад семејствата, младите и секој наш сограѓанин на кого му е потребна поддршка. Затоа воведуваме конкретни мерки со директна финансиска помош:
  • 100.000 денари за трето и секое наредно новородено дете;
  •  6.000 денари за прво и второ новороденче;
  •  30.000 денари поддршка за млади до 30 години кои првпат склучуваат брак;
  •  6.000 денари поддршка за лица над 30 години при склучување брак;
  •  Еднократна парична помош за лекување;
  •  До 30.000 денари помош за семејства погодени од пожари и поплави;
 Социјални пакети со храна и средства за хигиена за социјално загрозени лица, самохрани родители и семејства во ризик;
 Мерките се наменети за жители со постојано место на живеење во Општина Дебрца и се реализираат согласно буџетските можности.
➡️ Ова не се празни зборови, туку реална грижа и конкретна поддршка.
➡️ Силна општина се гради со силни семејства.