May 8, 2026
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН.

Aкција се одржа во Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Белчишта, Административната зграда на Општина Дебрца и изложбениот центар на Белчишко Блато, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата на Општина Дебрца заеднички пристапија на чистење на центарот во село Белчишта, полигонот за спорт, училишниот двор како и паркот пред училишниот двор на ООУ ,, Дебрца” и паркот пред изложбениот центар за ,,Белчишко Блато”.

Учениците соодветно го собираа одпадот со што воедно се запознаа и со можностите за негова селекција.

Собраниот одпад е соодветно складиран и истиот ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.

Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.

May 6, 2026
Се известуваат граѓаните дека патниот правец на релација с.Мешеишта – с.Волино и обратно, привремено ќе биде затворен за сообраќај поради поставување на електричен кабел и изведување на градежни работи.
Затворањето ќе се изврши на 07.05.2026 година се до завршување на работите, во временски интервал од 9:00 часот до 17:00 часот
Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги користат алтернативните патни правци и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Ви благодариме за Разбирањето
Општина Дебрца
May 5, 2026
Книга за секое дете, сталак за секоја нота – ја градиме иднината преку знаење и уметност во Општина Дебарца.

Денес присуствував на значајна донаторска акција во Основното училиште во с. Белчишта, каде што под еден покрив се споија литературата, музиката и образованието.

Во духот на соработка, СОС Балкан Медија Охрид и д-р Лили Бошевска донираа вредни материјали за нашите ученици и наставници.

Особено ме радува што хорот при училиштето доби 10 професионални сталаци за петолиние, со што директно се поддржува музичкото образование.

Училиштето беше збогатено и со значајна колекција книги од авторката, наменети за учениците, наставниците и библиотеката.

Заедно со присутните ја истакнавме важноста од континуирано вложување во образованието и културниот развој.

Како градоначалник, останувам посветен на поддршка на вакви иницијативи кои носат вистинска вредност за младите.

Верувам дека ваквите дела се доказ дека заедницата расте кога знаењето и уметноста имаат свое место во секое училиште.

„Книгата е прозорец кон светот, а музиката е јазикот со кој тој свет пее.“
Apr 30, 2026
Денес во месноста Српница оддадовме почит и положивме цвеќе во спомен на паднатите борци и невини жртви од трагичните настани.
Со длабока почит се поклонивме пред нивната жртва – жртва вградена во темелите на нашата слобода и нашата државност. Српница засекогаш ќе остане симбол на непокорот, храброста и достоинството на Дебрца.
Настанот беше достоинствено одбележан и збогатен со настапот на оркестарот при ОУ Дебрца, кој даде посебна тежина и емоција на овој чин на сеќавање.
Нашата обврска е да паметиме и да го чуваме споменот на хероите, но и да продолжиме да ја градиме и развиваме Дебрца со истата љубов и посветеност со која тие ја бранеа.
Нека им е вечна слава на паднатите борци и жртвите од Српница!

Apr 28, 2026
25 години од Вејце – 25 години сеќавање, почит и обврска да не заборавиме.
Денеска во с. Слатино, со длабока почит им се поклонивме на загинатите бранители од 2001 година, меѓу кои и Игор Костески од с. Слатино – млад човек кој својот живот го положи за Македонија.
Со особено чувство на гордост и одговорност, ја откривме бистата во негова чест. Овој спомен не е само белег на минатото, туку жив повик да ја чуваме вистината, достоинството и слободата што ни се оставени како аманет.
Ја посетивме и спомен-собата на Игор Костески, место кое тивко, но силно сведочи за неговиот живот, неговата храброст и големината на неговата жртва.
Достоинството на денешниот настан беше збогатено со настапот на оркестарот при ОУ „Дебрца“, кој со својата изведба внесе дополнителна емоција и почит кон овој значаен ден.
Присуството на припадниците на Армијата, ветераните и жителите на Слатино беше силна потврда дека споменот за нашите херои не бледнее – туку живее во нашата заедничка свест и одговорност.
Нека Слатино биде чувар на ова сеќавање, а бистата на Игор – вечен сведок на храброста и љубовта кон татковината.
Вечна му слава на Игор Костески!
Нека му е лесна земја!
Apr 28, 2026
Се известуваат жителите на село Требеништа, Волино и Мешеишта и сите учесници во сообраќајот дека поради воспоставување на автопатско решение прилазите, односно влезовите и излезите од селата кои се приклучуваат на автопатот Охрид–Кичево,почнуваќи од 29.04.2026 година се затвораат за сообраќај.
Се замолуваат жителите и сите возачи, за пристап до селата да го користат алернативниот пат кој води на клучката „Аеродром“ како единствена сообраќајна врска.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат новата сообраќајна сигнализација.
Ви благодариме за разбирањето.