Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски култури Мај 08.05.2026 година
Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферска непогода – пролетен мраз, која ја зафати територијата на општината на ден 02.05.2026 година, да ја пријават штетата на своите земјоделски култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.
Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се подигне во архивата на општина Дебрца или да се преземе од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнета со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.
Покрај барањето секој барател треба да достави :
- Копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот ;
- Доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од имотен лист или копија од договор за закуп) ;
- Копија од трансакциона сметка.
Пријавувањето на штетите може да се изврши најдоцна до 31.05.2026 година
За сите дополнителни информации може да се обратите на телефонкиот број 046 286 855.
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Комисија за проценка на штети
Општина Дебрца дел од акцијата Генералка Викенд со учениците на ООУ ,,Дебрца” вработените во ЈКП Дебрца
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН.

Aкција се одржа во Училишниот двор на ООУ,, Дебрца”- село Белчишта, Административната зграда на Општина Дебрца и изложбениот центар на Белчишко Блато, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца” и Дел од Аминистрацијата на Општина Дебрца заеднички пристапија на чистење на центарот во село Белчишта, полигонот за спорт, училишниот двор како и паркот пред училишниот двор на ООУ ,, Дебрца” и паркот пред изложбениот центар за ,,Белчишко Блато”.

Учениците соодветно го собираа одпадот со што воедно се запознаа и со можностите за негова селекција.

Собраниот одпад е соодветно складиран и истиот ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.

Општината и понаката ќе ги подржува ваквите акции бидеќи Грижата за животната средина е наша обврска !!!.

Известување за затворен патен правец с.Мешеишта-с.Волино
Се известуваат граѓаните дека патниот правец на релација с.Мешеишта – с.Волино и обратно, привремено ќе биде затворен за сообраќај поради поставување на електричен кабел и изведување на градежни работи.
Затворањето ќе се изврши на 07.05.2026 година се до завршување на работите, во временски интервал од 9:00 часот до 17:00 часот
Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги користат алтернативните патни правци и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Ви благодариме за Разбирањето
Општина Дебрца
Книга за секое дете, сталак за секоја нота – ја градиме иднината преку знаење и уметност во Општина Дебарца
