Select Page
Советот на општина Дебрца гo усвои Буџетот на општината за 2025 година и годишните програми за развој на општината за 2025 година

Советот на општина Дебрца гo усвои Буџетот на општината за 2025 година и годишните програми за развој на општината за 2025 година

На 41-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2025 година и Годишните развојни програми на општината за 2025 година.

На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2025 година.

Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2025 година е проектиран на износ од 162.500,000 денари од кој 50.824,154 денари предвидени средства за реализација на капитални и развојни проекти на општина Дебрца.

Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.

На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.

Во буџетот за 2025 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.

Спроведена aктивноста ,,Пакетче за секое дете” во сите училишта на територијата на Општина Дебрца

Спроведена aктивноста ,,Пакетче за секое дете” во сите училишта на територијата на Општина Дебрца

Општина Дебрца и Јавнотo претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца, успешно ја спроведоа активноста под наслов „Пакетче за секое дете“. Во сите училишта на територијата на Општина Дебрца, учениците добија пакетчиња, кои им беа поделени како подароци во пресрет на Новата 2025 година.

Вкупно 180 деца беа вклучени во оваа активност, а пакетчињата се поделени со цел да се донесе радост и насмевка на децата во овој празничен период.

Од страна на Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца, им се посакува среќна и успешна нова година на сите деца и нивните семејства, како и многу успех, среќа и здравје во текот на 2025 година.

Со оваа иницијатива, Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца продолжува со своите напори за подобрување на условите за живот на своите најмлади жители и поддршка на образовниот процес во локалната заедница.

Проодни сите локални патишта во Општина Дебрца

Проодни сите локални патишта во Општина Дебрца

Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунална дејност (ЈПКД) Дебрца ја информираат јавноста дека официјално е завршена акцијата за чистење и проодност на територијата на општината, вклучувајќи ги сите највисоки и најтешко достапни подрачја, како што се местата Турие и Мраморец.

Тимовите на Општината и ЈПКД-Дебрца, со цел да се осигура непречено движење и сигурност на жителите, успешно ја завршија операцијата за расчистување на снегот и обезбедување на проодност на патиштата. Во оваа акција вклучени се и најтешко достапните региони, кои поради високите снежни наноси беа блокирани.

Општината и ЈПКД – Дебрца продолжуваат со постојаното следење на состојбата и ќе ги преземат сите потребни мерки за одржување на патната инфраструктура во секој момент.

Сите граѓани се повикуваат да ја почитуваат патната сигнализација и препораките за безбедност во овие зимски услови.

 

Со Почит

Општина Дебрца и ЈКП Дебрца

Реализирана во најголемиот дел  годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година

Реализирана во најголемиот дел годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година

Пред крајот на годината може да се сумира дека општина Дебрца во најголемиот дел ја реализира годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година.

Беа асфалтирани улици во повеќе населени места и тоа:

  1. Село Песочани- главната улица во должина од 1,1 км ,
  2. Село Лактиње-селскиот плоштад и дел кај мостот на патот кон село Годивје,
  3. Село Велмеј-улица во должина од 110 метри и рехабилитација на спортското/одбојкарското игралиште пред селскиот дом,
  4. Село Волино-улица во должина од 280 метри,
  5. Село Оздолени-улицата од сретсело до црква Св.Никола,во должина од 200 метри,
  6. Село Слатино-две улички во должина од 130 метри.

Средствата за овие активности се обезбедија од Буџетот на општината.

  • Деновиве започнаа подготвителните работи за реконструкција на патот село Злести-село Белчишта,во должина од 1.4 км,а за кој средствата се обезбедени од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините.

 

 

Јавен  Оглас За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи за 2025 година

Јавен Оглас За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи за 2025 година

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 ,119/16, 21/18, 113/18, 124/19 и 103/21 ) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2025 година, број 01-1409/9 , од 27.11.2024 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи за 2025 година

1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 2 општи работници ( ракувачи со моторна пила, тример, косачка за трева ), за времетраење до 31.12.2025 година, за извршување на јавни работи и тоа Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита,  канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта,  монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта,  развој на селските подрачја и други работи).

2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.

Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно  член 83, 84 и 85 од  Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 1000 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.

3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

-Пријава и

-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.

4.Огласот трае од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk ,  до 30.12.2024 година.

5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.

Прилог :

ПРИЈАВА

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Зоран Ногачески

Екипата на ЖФК Билјанини извори и оваа година учествуваше на меѓународниот турнир на пријателство во женски фудбал, во градот Плевља, Црна Гора- поддржани од Општина Дебрца

Екипата на ЖФК Билјанини извори и оваа година учествуваше на меѓународниот турнир на пријателство во женски фудбал, во градот Плевља, Црна Гора- поддржани од Општина Дебрца

Екипата на ЖФК Билјанини извори и оваа година учествуваше на меѓународниот турнир на пријателство во женски фудбал, во градот Плевља, Црна Гора.

Општина Дебрца редовно ги поддржува младите фудбалерки и оваа година го обезбедивме превозот на екипата до Црна Гора.

Особено не радува моментот од сликите на кои младите фудбалерки покрај македонското знаме во Плевља го развеаа и знамето на општина Дебрца.

Браво девојки!