Aug 11, 2020
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 13.08.2020 год. (Четврток) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881: 230 231.
Со почит,
Одделение за
епидемиолошка дејност
Охрид
11.08.2020 година
Jul 23, 2020
Рокот за поднесување за барања за пријавување за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година, истекува на крајот на месецов, односно 31.07.2020 година.
Со цел да им излеземе во пресерет на сите земјоделци кои сакаат да поднесат барања за субвенции, сите Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе работат и за време на викендот (сабота и недела) до истекување на рокот за доставување на апликациите.
Поднесувањето на барањата може да се врши електронски, односно самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата за финанисиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ( www.ipardpa.gov.mk), кадешто е ставено упатството за аплицирање.
Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош при пополнување на електронските барања, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во целата држава, кои им стојат на располагање за се што ги интересира во врска со поднесувањето на барањата. На веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се објавени телефонските броеви на раководителите на сите Подрачни единици на МЗШВ, со цел земјоделците да имаат можност и телефонски да побраат помош.
Jun 13, 2020
“Живеј здраво – вози точак”
Воведуваме нова мерка – поддршка на рекреативниот спорт со доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година.
Секој граѓанин кој ќе купи нов велосипед ќе добие поединечна субвенција, во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари.
Условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општината за субвенционирање на физички лица за купен велосипед ќе се утврдат во јавниот повик, кој ќе биде транспарентно објавен.
mens sana in corpore sano – во здраво тело здрав дух! – напиша на својата Facebook страна градоначалник на општина Дебрца, Зоран Ногачески.