May 16, 2025
Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.
На средбата присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид,со командирот Борко Јанкулоски.
На средбата беше потецирана и потребата од активно функционирање на волонтерска служба за противпожарна заштита, односно доброволно противпожарно друштво во општина Дебрца,практика која е многу успешно применета во областа на противпожарната заштита во развиените држави.
Во тој контекст, стана збор и за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ кое брои 25 лица и веќе активно делува во Охрид,а има неопходна потреба од функционирање и на територијата на општина Дебрца.
Од страна на гостите беше потенцирано дека општината треба да се заложи да обезбеди просторни услови за друштвото и волонтери,а тие ќе помогнат да се обезбедат опрема и обуки за волонтерите.
Се надеваме дека оваа средба ќе биде почеток на успешна соработка во иднина.
May 9, 2025
Општина Дебрца, ЈКП ,Дебрца” и ООУ ,,Дебрца” успешно ја спроведоа акцијата ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, за собирање и чистење на отпад Во организација на “МЕН EНД МАУНТЕН.
Aкција се одржа на повеќе локации, група составена од Учениците на ООУ,, Дебрца” Наставниците техничкиот пероснал на ООУ,,Дебрца”, пристапија на чистење на повеќе локации во општината.
Собраниот одпад е соодветно складиран и истиот ќе биде подигнат од страна на ЈКП ,, Дебрца “ и соодветно депониран.
Ваквите акции ќе продолжат и во иднина !!
May 7, 2025
Општина Дебрца, ЈКП Дебрца и ООУ Дебрца се приклучуваат кон акцијата за собирање и чистење на одпад Во организација на “ МЕН ЕНД МАУНТЕН”, на 09.05.2025 година каде е предвидено акцијата да започне на пет локации и тоа: Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Белчишта, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Лешани, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Оровник, Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Требеништа и Училишниот двор на ООУ,,Дебрца”-Село Мешеишта. Учесниците заеднички ќе пристапат на чистење на Училишните Дворови на ООУ,, Дебрца” во наведените населени места.
May 2, 2025
Со оглед на тоа да стариот резервоар за водоснабдување на село Мешеишта е во лоша состојба и со големи загуби на вода ,започна проект за ставање во употреба на резервоарот изграден во 1998 година и кој до денес не беше ставен во употреба,бидејќи е изграден на повисока висинска кота и постои опасност зголемениот притисок да доведе до пукање на цевките од уличната мрежа.

Со проектот кој е во тек се врши санација на неупотребуваниот резервоар,изведба на шахти со линиски вентили од стар и нов резервоар кон селото и потис кон стар и нов резервоар со нивно поврзување,како и изведба на шахти со линиски вентили и шахти со регулатор на притисок на водоводната мрежа во село Мешеишта.
Со овие активности и со претходното инсталирање на нова пумпа во пумпната станица целта е да се обезбеди економично користење на водата од водоводниот систем.
Вкупната вредност на работите изнесува 5.251.558 денари,а се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година
Apr 23, 2025
Во село Мешеишта завршено е поврзувањето на соблекувалната на фудбалското игралиште на нисконапонската електрична мрежа.
Ископан е каналски ров и поставен кабел во должина од околу 100 метри и поставена е потребната електроопрема.
Apr 22, 2025
Деновиве во село Оровник заврши изградбата на детското игралиште/катче кај селската чешма, на изградбата и предходеше поставување на гумена подлога, поставување на детски реквизити, обложување на влезни скали со камени плочки и поставување на корпи за одпадоци.
Средствата за изградбата се обезбедени од Буџетот на Општина Дебрца.