Aug 21, 2024
Поставено е јавно осветлување во должина на патот од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”.
Поставен е електричен проводник/кабел, во должина од околу 900 метри и 18 сијалични места/вандерми.
Средствата се обезбедени од Буџетот на општината Дебрца за 2024 година, а Црковниот одбор од село Ботун ги обезбеди столбовите/бандерите.
Aug 20, 2024
Најзначајната спортска манифестација која во моментов се оддржува во општина Дебрца е 26 то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2024” Волино.
Општина Дебрца и оваа година е генерален покровител на турнирот и истиот го помогна со 60.000 денари.
Општината ги помогна и следните спортски манифестации:
Турнир “Св.Никола” Требеништа, со 60.000 денари
Турнир “Петровден “Мешеишта,со 60.000 денари,
Меморијален турнир “Кире Николоски Камачо”,Лешани,со 30.000 денари,
Турнир “Илинден 2024”,Оровник,со 60.000 денари,
Средба на генерации на ФК.”Дебрца”,Белчишта,со 15.000 денари
Меморијален турнир “Михаел Мирчески”, Слатино,со 30.000 денари.
Фк “Сатеска” Волино и ФК “Славеј” Мешеишта,кои ќе настапуваат во регионалната лига ќе добијат финансиска поддршка од по 100.000 денари,а фудбалските клубови кои ќе се натпреваруваат во општинската лига по 30.000 денари.
Како општина определени сме и во иднина да даваме поддршка на спортот и младите.
Aug 20, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 36-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 36-та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 21.08.2024 година (среда ), со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 35-та седница на Советот на општина Дебрца
- Избор на претседател на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2024 до 30.06.2024 година
- Предлог – Буџетски календар за изготвување на Буџетот на општина Дебрца за 2025 година
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседавач,
Крсте Јорданоски
Aug 19, 2024
Во село Ново Село неколку денови се работи на пробивање, чистење од околните дрвја,порамнување, валирање на подлото и тампонирање на патот од црквата Св.Богородица до изворите на блатото, во должина од околу 1 км.
Со оваа активност го подобруваме пристапот до изворите и блатото,идното заштитено подрачје.
Работите ги изведува фирмата БИС дооел Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Aug 19, 2024
Врз основа на член 62 став (10) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Дебрца, го дава следното:
СООПШТЕНИЕ
За спроведување на јавен увид на
Урбанистички план вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – водови за пренос на електрична енергија – 10(20)кВ средно напонски електричен вод и приклучна точка, КО Мраморец, КО Слатино и КО Арбиново, Општина Дебрца
Член 1
Се известуваат граѓаните на Општина Дебрца дека се организира Јавен увид по Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – водови за пренос на електрична енергија – 10(20)кВ средно напонски електричен вод и приклучна точка, КО Мраморец, КО Слатино и КО Арбиново, Општина Дебрца, со тех. бр. 0801/165/22 од септември/2023 год., изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ – Скопје.
Член 2
Проектниот опфат на Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – водови за пренос на електрична енергија – 10(20)кВ средно напонски електричен вод и приклучна точка, КО Мраморец, КО Слатино и КО Арбиново, Општина Дебрца, е опфатен во рамките на опфатот за кој се издадени Услови за планирање на просторот за водови за пренос на електрична енергија – 10(20)kV средно напонски електричен вод и приклучна точка, КО Мраморец, КО Слатино и КО Арбиново, Општина Дебрца, со тех. бр. Y09423 од Април 2023 год., и Решение за Условите за планирање на просторот издадено од Министерството за животна средина и просторно планирање со арх. бр. УП1-15 766/2023 од 27.04.2023 год.
Површина на проектен опфат: 8238м²
Површина за градење: 9м2
Вкупно изградена површина: 9м2
Процент на изграденост: 0.1%
Коефициент на искористеност: 0.001
Проектниот опфат е дефиниран со делови од катастарските парцели во КО Мраморец, КО Слатино и КО Арбиново, Општина Дебрца, кој е дефинира со следните Кординати:
| N |
Y |
X |
| 1 |
7486711,793 |
4580738,153 |
| 2 |
7486753,033 |
4580767,823 |
| 3 |
7486780,189 |
4580779,888 |
| 4 |
7486799,379 |
4580780,402 |
| 5 |
7486811,283 |
4580780,721 |
| 6 |
7486837,779 |
4580794,147 |
| 7 |
7486860,82 |
4580809,916 |
| 8 |
7486861,48 |
4580809,156 |
| 9 |
7487051,531 |
4581017,326 |
| 10 |
7487052,177 |
4581016,584 |
| 11 |
7487123,39 |
4581077,695 |
| 12 |
7487216,647 |
4581078,318 |
| 13 |
7487380,563 |
4581094,931 |
| 14 |
7487497,312 |
4581102,709 |
| 15 |
7487495,833 |
4581104,625 |
| 16 |
7487540,582 |
4581241,955 |
| 17 |
7487569,495 |
4581279,288 |
| 18 |
7487608,303 |
4581300,814 |
| 19 |
7487644,413 |
4581319,161 |
| 20 |
7487691,885 |
4581332,006 |
| 21 |
7487751,855 |
4581332,771 |
| 22 |
7487809,586 |
4581341,208 |
| 23 |
7487910,848 |
4581346,976 |
| 24 |
7487962,275 |
4581344,398 |
| 25 |
7488039,054 |
4581313,386 |
| 26 |
7488104,388 |
4581269,944 |
| 27 |
7488155,414 |
4581220,702 |
| 28 |
7488190,893 |
4581199,102 |
| 29 |
7488232,787 |
4581159,567 |
| 30 |
7488245,575 |
4581157,623 |
| 31 |
7488282,958 |
4581181,125 |
| 32 |
7488298,667 |
4581190,841 |
| 33 |
7488315,515 |
4581204,076 |
| 34 |
7488336,552 |
4581193,805 |
| 35 |
7488377,588 |
4581168,193 |
| 36 |
7488392,865 |
4581211,5 |
| 37 |
7488390,979 |
4581212,165 |
| 38 |
7488376,532 |
4581171,21 |
| 39 |
7488337,523 |
4581195,556 |
| 40 |
7488315,265 |
4581206,423 |
| 41 |
7488297,52 |
4581192,483 |
| 42 |
7488281,9 |
4581182,822 |
| 43 |
7488245,14 |
4581159,713 |
| 44 |
7488233,705 |
4581161,451 |
| 45 |
7488192,113 |
4581200,701 |
| 46 |
7488156,643 |
4581222,295 |
| 47 |
7488105,647 |
4581271,509 |
| 48 |
7488039,992 |
4581315,164 |
| 49 |
7487962,712 |
4581346,379 |
| 50 |
7487910,841 |
4581348,979 |
| 51 |
7487809,384 |
4581343,2 |
| 52 |
7487751,697 |
4581334,769 |
| 53 |
7487691,607 |
4581334,003 |
| 54 |
7487643,691 |
4581321,038 |
| 55 |
7487607,365 |
4581302,581 |
| 56 |
7487568,166 |
4581280,838 |
| 57 |
7487538,788 |
4581242,905 |
| 58 |
7487494,345 |
4581106,514 |
| 59 |
7487492,864 |
4581108,426 |
| 60 |
7487380,061 |
4581100,911 |
| 61 |
7487216,323 |
4581084,316 |
| 62 |
7487121,152 |
4581083,68 |
| 63 |
7487048,242 |
4581021,114 |
| 64 |
7487048,883 |
4581020,367 |
| 65 |
7486858,839 |
4580812,196 |
| 66 |
7486859,499 |
4580811,429 |
| 67 |
7486836,758 |
4580795,871 |
| 68 |
7486810,78 |
4580782,709 |
| 69 |
7486799,326 |
4580782,402 |
| 70 |
7486779,739 |
4580781,877 |
| 71 |
7486752,032 |
4580769,567 |
| 72 |
7486710,836 |
4580739,928 |
| 73 |
7486653,138 |
4580706,249 |
| 74 |
7486619,736 |
4580695,065 |
| 75 |
7486562,939 |
4580684,189 |
| 76 |
7486395,292 |
4580699,166 |
| 77 |
7486347,695 |
4580738,021 |
| 78 |
7486308,471 |
4580758,248 |
| 79 |
7486304,401 |
4580758,695 |
| 80 |
7486287,124 |
4580769,643 |
| 81 |
7486271,688 |
4580753,104 |
| 82 |
7486252,795 |
4580759,825 |
| 83 |
7486242,757 |
4580767,797 |
| 84 |
7486234,535 |
4580777,726 |
| 85 |
7486225,163 |
4580785,089 |
| 86 |
7486210,541 |
4580793,68 |
| 87 |
7486201,395 |
4580785,533 |
| 88 |
7486183,281 |
4580769,45 |
| 89 |
7486175,683 |
4580759,786 |
| 90 |
7486166,462 |
4580754,349 |
| 91 |
7486128,312 |
4580745,501 |
| 92 |
7486093,49 |
4580751,362 |
| 93 |
7486059,91 |
4580762,236 |
| 94 |
7486023,142 |
4580777,255 |
| 95 |
7485996,784 |
4580790,136 |
| 96 |
7485967,73 |
4580798,908 |
| 97 |
7485955,371 |
4580800,981 |
| 98 |
7485955,038 |
4580799,009 |
| 99 |
7485967,49 |
4580796,892 |
| 100 |
7485996,052 |
4580788,268 |
| 101 |
7486022,324 |
4580775,429 |
| 102 |
7486059,223 |
4580760,356 |
| 103 |
7486093,014 |
4580749,414 |
| 104 |
7486128,375 |
4580743,462 |
| 105 |
7486167,213 |
4580752,47 |
| 106 |
7486177,023 |
4580758,254 |
| 107 |
7486184,743 |
4580768,073 |
| 108 |
7486202,724 |
4580784,038 |
| 109 |
7486210,803 |
4580791,235 |
| 110 |
7486224,034 |
4580783,433 |
| 111 |
7486233,131 |
4580776,285 |
| 112 |
7486241,35 |
4580766,361 |
| 113 |
7486251,812 |
4580758,052 |
| 114 |
7486272,255 |
4580750,78 |
| 115 |
7486287,455 |
4580767,066 |
| 116 |
7486303,722 |
4580756,758 |
| 117 |
7486307,884 |
4580756,3 |
| 118 |
7486346,592 |
4580736,339 |
| 119 |
7486394,503 |
4580697,228 |
| 120 |
7486563,04 |
4580682,172 |
| 121 |
7486620,244 |
4580693,126 |
| 122 |
7486653,968 |
4580704,418 |
ЈАВЕН УВИД
На Урбанистички план (УП) вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8 – водови за пренос на електрична енергија – 10(20)кВ средно напонски електричен вод и приклучна точка, КО Мраморец, КО Слатино и КО Арбиново, Општина Дебрца, со тех. бр. 0801/165/22 од септември/2023 год., изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДООЕЛ – Скопје, ќе трае 15 во електронска форма, кој надлежниот орган го става на увид на јавноста со објавување на службената web страна на Општина Дебрца https://www.debrca.gov.mk и на информацискиот систем е-урбанизам https://www.e-urbanizam.mk во периодот од 20.08.2024 год. до 03.09.2024 год., за кое време може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот во просториите на Општина Дебрца, Одделение за урбанизам, комунални и јавни дејности
Изработил,
дипл.инж.арх. Игор Мартиноски
ГРАДОНАЧАЛНИК
Зоран Ногачески
Aug 18, 2024
Народноослободителен баталјон „Мирче Ацев“ (Прв баталјон на Втората оперативна зона на НОВ и ПОМ) — прва регуларна воена единицица на НОВ и ПОМ. Бил формиран на Славеј Планина на 18 Август 1943 година од околу 200 борци од Преспанско-битолскиот НОПО,, Дамјан Груев”, делови од Велешкиот НОПО ,,Димитар Влахов”, делови од Прилепскиот НОПО ,, Ѓорче Петров” и новопристигнати борци од Дебрца.
На почетокот на месец септември 1943 година извршил значаен борбен поход во кој била создадена првата слободна територија во Македонија во Дебрца и ослободен првиот град – Кичево. Почнувајќи со акции од баталјонот извршил напади на италијански карабинерски станици во Охридско, урнал три моста на патот Кичево-Охрид, исекол 130 ПТТ столбови, на 11 ноември ја запалил жандармериската станица во селото Сливово, а на12 септември влегол во првиот ослободен град -Кичево, каде учествувал во разоружувањето на италијанскиот гарнизон.
Баталјонот бил расформиран на 11 ноември 1943 година, во селото Сливово во Општина Дебрца каде влегол во составот на Првата македонска НОУ бригада. По осамостојувањето на Македонија, во 1992 година, денот на формирањето на баталјонот -18-ти август е прогласен за Ден на Армијата на Македонија
Денешниот ден е и ден во кој не смееме да ги заборавиме сите оние кои загинаа и кои ги положија животите за својата татковина, Македонија.
Вечно нека се памети нивниот пример за тоа како се сака и како се брани сопствената земја.
Од име на Градоначалникот на Општина Дебрца и од името на граѓаните на општина Дебрца на сите припадници на Армијата им го честитаме 18-ти Август – Денот на македонската Армија.