Известување до населени места Оровник и Горенци за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Понделеник 25.05.2026 година
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Оровник и Горенци дека поради неработниот ден 25.05.2026г Понеделник (државен празник 24 мај “Св Кирил и Методиј” во Недела, неработен ден Понеделник), комуналниот отпад ќе се подигне во Вторник на 26.05.2026г.
Известување до населени места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан за распоред за подигање на комунален отпад поради неработен ден Петок 29.05.2026 година
ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на населените места Ботун, Злести, Ново Село и Песочан дека поради неработниот ден 29.05.2026г Петок (православен празник Духовден), комуналниот отпад ќе се подигне во Четврток на 28.05.2026г.
Oбјавен повикот од Министерството за транспорт и врски за асфалтирање на локалниот пат од село Издеглавје до црква „Св. Димитрија“, во должина од 1 километар
ПАТОТ ДО „СВ. ДИМИТРИЈА“ ВО ИЗДЕГЛАВЈЕ ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ САМО ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ!
Започна со изградба објектот за противпожарна станица во општина Дебрца
ДОСТА БЕШЕ ЧЕКАЊЕ – СЕ ГРАДИ ПРОТИВПОЖАРНАТА СТАНИЦА ВО ДЕБРЦА!
Општина Дебрца ги известува сите заинтересирани земјоделци и сточари дека и оваа година организира посета на традиционалниот Саем во Нови Сад, кој ќе се одржи во периодот од 16 до 21 мај.
Општина Дебрца ги известува сите заинтересирани земјоделци и сточари дека и оваа година организира посета на традиционалниот Саем во Нови Сад, кој ќе се одржи во периодот од 16 до 21 мај.
Со цел да им излезе во пресрет на нашите земјоделци и сточари, Општината организира бесплатен превоз за околу 50 лица, а дополнително ќе го покрие и трошокот за едно ноќевање во износ до 50 евра по лице.
Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават и да добијат дополнителни информации кај лицето за контакт:
Танче Крем Николоски
Тел: 075 828 060
Ги повикуваме сите заинтересирани да ја искористат можноста за посета на еден од најзначајните саеми од областа на земјоделството и сточарството во регионот.
Денес пред општинската зграда ги пречекавме „Крстите“ за Св. Атанасиј – славата на нашето Белчишта
Денес пред општинската зграда ги пречекавме „Крстите“ за Св. Атанасиј – славата на нашето Белчишта.
Средби со Градоначалникот Златко Сиљаноски секоја Сабота од 10:00 часот до 14:00 часот
Дебрца се менува!
